Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Маските се најголема заштита. Јас носам по три маски што поголема заштита толку подобро така не може да влезе вирусот во вас, вели проф. д-р Методи Чепреганов во „Студио 10“ . -Во трета светска биолошка војна сме. Пандемијата е стресна состојба во три смисли – животозагрозени сме, има промени кои настапуваат на психички план и појавата на психосоматски болести. Во мојата 64-годишна пракса не сум сретнал лек кој нема секундарни појави. Секој лек мора да има сајд ефект, но тоа се многу мали работи во однос на вакцинацијата. Луѓето се плашат затоа што бизнис-политиката владее, вели Чепреганов. Професорот истакна дека…
Министерот за здравство Венко Филипче, се обрати по повод Светскиот ден на здравјето. Тој истакна дека светот една година се бори со коронавирусот, и дека оваа година ќе биде година на вакцинација. -Денес е 7 април, светскиот ден на здравјето. Минатата година на истиот овој ден бевме на почеток на пандемијата и сите се надевавме дека таа брзо ќе заврши. Една година подоцна, светот се уште се бори со коронавирусот, со нови соеви и нови предизвици кои ги носи оваа голема здравствена криза. Но оваа година е година на вакцинацијата. Година за која се надеваме дека ќе биде последна во…
– Добро е за нашите градови да соработуваат, но за жал, не успеавме да се сретнеме во периодот на пандемијата, вели градоначалникот на Скопје Петре Шилегов за грчкиот портал „Етнос.гр“ и додава дека испратил честитки до градоначалниците на Атина и Солун кога беа избрани пред две години, јави дописничката на МИА од Атина. -Испратив писма со честитки до општините Атина и Солун кога новите градоначалници ги презедоа функциите. Добро е за нашите градови да соработуваат. За жал, не успеавме да се сретнеме во текот на целиот овој период на пандемија. Костас Бакојанис одговори на моето писмо. Сепак, немав никаков одговор…
Посетата во Брисел беше долго подготвувана и фокусирана на сите оние реформски планови и чекори што сме ги преземале во рамките на правосудниот сектор. Ги претставивме чекорите поврзани со прочистувањето на судството, со дигитализацијата, борбата против корупцијата, напредокот во имплементација на препораките на извештајот од ЕУ, како и предлог новиот Закон за Академија за судии и јавни обвинители. Добивме и поттик и пофалби и укажувања и ова беше неопходно за да можеме да продолжиме по планот кој е зацртан во делот на правосудството, изјави во Утрински брифинг министерот за правда, Бојан Маричиќ. – Ако претходно главната грижа во Брисел беше…
Синдикатот на работниците од угостителството и туризмот (СУТКОЗ) при Сојузот на синдикати на Македонија реагира на информациите дека најголем дел од угостителите ги одјавиле работниците. Од Синдикатот апелираат до работниците да не потпишуваат какви било бланко документи за откажување на нивните договори за вработување. – Работодавачите од угостителскиот сектор, да не ги манипулираат работниците од овој сектор, а на работниците им укажуваме да не потпишуваат под присила или закана никакви бланко документи кои работодавачите ќе ги злоупотребат за откажување на нивните договори за вработување. Укажуваме дека спротивно на закон и на колективен договор е доколку работниците имале склучено договори за…
Стручното списание „Лансет Психијатрија“ ги пренесува наодите од едно големо истражување, што во најголем дел било спроведено во САД, а во кое се наведува дека кај пациентите со Ковид-19 најчестите појави по прележување на болеста се анксиозност и депресија, иако, се признава во трудот, на научниците се уште не им е јасно како овие нарушувања се поврзани со вирусот. Истражувањето, спроведено врз повеќе од 230.000 испитаници, главно во САД, открива дека кај еден од тројца преживеани пациенти со Ковид-19 шест месеци по третманот има дијагностицирано невролошко или психијатриско нарушување. Овој наод упатува на заклучокот дека може да се очекува бран…
Во денеска објавениот годишен извештај на Амнести интернешнл во делот за Северна Македонија се наведува дека „и покрај спроведувањето на реформите идентификувани од Европската комисија, останува загриженоста за неказнивост, говор на омраза, дискриминација на жени, Роми и ЛГБТИ лица“. Исто така се додава дека продолжило незаконското притворање, како и притисокот врз бегалците и мигрантите. Амнести интернешнл нотира дека ЕК во март го одобри почетокот на разговорите за пристапување, признавајќи го напредокот во реформите во судството, полицијата и безбедносните служби и во справувањето со организираниот криминал и корупцијата. Во септември, владата објави програма за реформи во медиумите, која вклучува адресирање на…
Дополнителни рестриктивни мерки за заштита од натамошно ширење на Ковид-19 се во сила по огромниот наплив на пациенти во болниците во изминатиот период, каде моментно се хоспитализирани 1.744. Надлежните велат дека интервенирале со ангажирање дополнителни одделенија, инсталирање кислород, екстра кадар по системот на ротација за да се одржи здравствениот систем и за секој пациент да се обезбеди болнички кревет. Тековната недела надлежните ја окарактеризираа како критична во однос на натамошното ширење на вирусот во третиот бран, во кој се регистрирани голем број заразени и починати. Според податоците на Министерството за здравство, бројот на активни случаи во државава достигна 21.265. Во…
Европската перспектива е многу поголема и позначајна од одделни политички случувања, расположенија или изборни процеси и затоа сум оптимист и покрај непредвидливоста што е создадена во односите со Бугарија дека сепак ќе се најде начин да се повлече напред процесот на нашето пристапување кон Европската Унија, порача синоќа министерот за надворешни работи Бујар Османи. Изборите во Бугарија, посочи Османи, во секој случај ги оптоварија односите помеѓу нашите две држави и нормалната и рационална комуникација која ја имавме. -Очекувам дека со завршувањето на изборите ќе се врати рационална дебата и разумот ќе ги замени емоциите. Се надевам дека заради пандемијата ќе…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, смета дека граѓаните на Бугарија на изборите кои се одржаа викендов кај нашиот источен сосед, го казнија Каракачанов и неговата партија поради анти-ЕУ политиката. Според него земјава не влезе во приказните на бугарскиот екс министер за одбрана. Османи додава дека пораката што на изборите ја испратија бугарските граѓани е многу важна за нас, дека не сакаат блокирањето на ЕУ перспективата на Северна Македонија. – Народот сака соработка меѓу двете земји, и се надевам дека тоа ќе се преточи во политички ставови на партиите кои добија глас, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи во…
Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија спроведе голема акција за разбивање на голема криминална група и приведување на лица вработени во МВР кои биле дел од истата која дејствувала на територијата на државата, а издавала патни исправи на странски лица со лажен идентитет. Истрагата според информациите на надлежните институции започнала уште во февруари 2019 година и според информациите до сега откриено е дека македонски патни исправи со лажен идентитет биле издадени на 214 странски државјани и еден македонец. Истрагата се одвивала во координација со Канцеларијата за истраги на американската амбасада и Интерпол а при денешната голема акција уапсени…
Во групата која дејствувала во фалсификување на македонски патни исправи делувале овластени службени лица и контролори изјави вечерва на прес – конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Според него секоја криминална група има врв, а оваа како што рече го достигнала својот. Македонската полиција ќе соработува со Интерпол за случајот, и ќе има детална истрага. „Таму каде што се движел патот на овој криминал, секој еден кој е вмешан ќе биде изведен пред лицето на правдата“, рече Спасовски. На граѓаните им порача да бидат мирни бидејќи институциите на системот работат на случајот.