Author: Нова ТВ

Се заоструваат рестриктивните ковид мерки – полицискиот час наместо од 22 во наредните две недели ќе почнува од 20 часот, а од утре за гости се затвораат сите угостителски објекти, како и угостителскиот дел од обложувалниците. Од денеска се затвораат и фитнес салите, спортските и салите за вежбање и се забранува и организирање, одржување и учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции. Новите рестриктивни мерки имаат за цел да се намали оптоварувањето на здравствениот систем, како и да се избегне потенцијално затворање за верските празници Велигден и Бајрам. Одлуката за затворање ќе трае до 20 април 2021 година, а како што…

Read More

Веројатно никогаш досега, избори во Бугарија не биле следени кај нас со толкав интерес како последниве, на 4 април. Причина за тоа е блокадата за добивање датум за почеток на преговори со Европската унија, што источниот сосед ѝ ја наметна на Македонија. Се сметаше дека на врвните бугарски политичари, рацете им се вразани, поради коалициите во власта, но и поради расположението на јавноста. Дали сега, кога резултатите се познати, познат е и ставот на Бугарија за она што нас нѐ интересира најмногу? Токму тоа го прашавме професорот Ѓорѓи Спасов, кој во својата дипломатска кариера, меѓу другото беше и амбасадор на…

Read More

Бугарската централна изборна комисија најдоцна до 8ми април треба да ги објави добиените гласови и распределбата на местата меѓу партиите и коалициите во 45-тото национално собрание на Бугарија, а претседателот Румен Радев најдоцна до 4ти мај мора да го свика новоизбраното Национално собрание на своето прво заседание. До тогаш владата на Бојко Борисов според одредбите во бугарскиот Устав ќе продолжи да ги извршува своите функции се до формирањето нов кабинет, без оглед дали тој е редовен или официјален. Претседателот на Бугарија почнува консултации со политичките партии и дава три мандати, во случајов еден на партијата ГЕРБ на Бојко Борисов, еден…

Read More

Премиерот Зоран Заев му честиташе за победата на својот колега од Бугарија Бојко Борисов на парламентарни избори, како и за успешно спроведениот изборен процес спроведен во најсилниот бран досега од почетокот на пандемијата со Ковид – 19 во светот. Во однос на разговорите околу недаразбирањата меѓу двете земји рече дека очекува нивно продолжување во духот на пријателството и добрососедството како и согласно Договорот за добрососедство од 2017 година по формирање на новиот владин состав. -Остануваме на истиот став. Прво да им честитам на бугарскиот народ на успешно спроведените избори. Се случува навистина во еден од најсилните бранови од кога постои…

Read More

Владата на денешната седница ги усвои препораките на Комисијата за заразни болести за заштита и спречување на ширењето на Ковид – 19. Премирот Зоран Заев на прес – конференција рече дека поради растот на бројот на заразени и починати, а на предлог на министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести донесени се повеќе рестриктивни мерки. Новите мерки предвидуваат забрана и посебен режим на движење на граѓаните од 20 до 5 часот наутро, почнувајќи од утре, до 20 април. Оваа запрана според насоките нема да важи за лицата кои извршиле имунизација и нив ќе им биде дозволено враќање…

Read More

Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва на Фејсбук објави дека првиот ден од почетокот на масовната вакцинација во земјава што се спроведува во А1 арената Борис Трајковски поминал одлично. Според информациите кои ги сподели во просек за еден час се вакцинирале по околу 300 граѓани или само денеска имунизирани се околу 3.000 лица. – Денес се вакцинираа дел од здравствените работници како и еден дел од припадници на МВР. Утре продолжува вакцинациајта на МВР и започнува на припадниците на АРМ. Колегите ме информираат дека целиот систем функционира беспрекорно и тоа многу ме радува. Да бидеме максимално претпазливи во неделите што…

Read More

Партијата ГЕРБ (Граѓани за Европски Развој на Бугарија) на која припаѓа актуелниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, доби најмногу гласови на изборите кои се одржаа на 4ти април, 2021. Односно после 77% од избројаните гласови, ГЕРБ има 26% од гласовите. Без разлика што за сега изгледа дека Борисов го има мнозинството гласови, многумина сметаат дека овој пат ќе биде тешко ГЕРБ да формира коалициона влада. Изненадувачки, новата протестна партија на телевизискиот водител Слави Трифонов „Има таков народ“ доби 18% од гласовите и е втора најпопуларна партија во овие избори. Трифонов е познат негатор на Корона вирусот и според Deutsche Welle…

Read More

Формирана е петчлена комисија која детално ќе го испита случајот со завеаниот овчар во Кратовско и ќе утврди дали постојат пропусти и слабости кај Центарот за управување со кризи или во другите институции. Ќе утврдат каде точно се пропустите и слабостите, за тие да бидат надминати во иднина. Не сакаме и нема да дозволиме во иднина, никогаш наш сограѓанин да се најде во ваква ситуација, изјави денеска на прес-конференција Стојачне Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи. Оперативецот на ЦУК од Кратово, нагласи Ангелов, бил фокусиран на барањето за наоѓање теренско возило – џип, па дури и трактор со…

Read More

– На работната средба со Алијанса за Албанците и Алтернатива изразивме јасни ставови и подготвеност за решавање на проблемот со законот за државјанство. Ќе го поддржиме решението што е најприфатливо за да се реши статусот и овие лица. Затоа апелирам да се ослободат ден порано законите зашто не правиме никому добро, вели македонскиот премиер Зоран Заев… Тој посочи дека очекува неделава да се донесат законите од петтиот сет економски мерки и упати апел секој да ја исполни сопствената одговорност. -Очекувам оваа недела ако може да се заврши. Повторно ја испраќам пораката сите да го завршиме својот дел од одговорноста пред…

Read More

На 25ти мај, 2020, белиот полицаец Дерек Шовин од Минеаполис, Минесота (САД), го уби афро-американецот Џорџ Флојд клечејќи на неговиот врат 9 минути и 29 секунди додека Флојд беше притиснат на земјата. Скоро една година подоцна почна кривично судење против Шовин кој е обвинет за убиство од втор степен. Убиството на Флојд кое беше снимено од страна на случаен минувач беше клучно за вниманието кое го доби овој случај на полициска бруталност: ова крајно вознемирувачко видео го предизвика бранот на анти-расистички #BlackLivesMatter протести во САД и на глобално ниво. Преку масовните протести, #BlackLivesMatter активистите посочија кон системскиот расизам на американската…

Read More

– Нашите здравствени власти даваат максимум. Тие се нашите херои, од министерот Венко Филипче до секој здравствен работник. Подготвуваме ордени и благодарници и јас лично ќе ги делам. Ако мислите дека одговорноста ќе помогне, грешите – одговори премиерот Зоран Заев на денешната прес – конференција во Влада прашан дали тој или министерот за здравство или членовите на Комисијата за заразни болести чувствуваат одговорност поради задоцнети рестриктивни мерки. Заев истакна дека властите во земјава секогаш носеле и носат мерки кои се врз база на анализите и се слични со тие во други земји. – Немаме економски приоритети на сметка на здравствените.…

Read More