Author: Sashko

Попладнево на булеварот „11 октомври“, во близина на Управата за јавни приходи (УЈП), се случи сообраќајна несреќа во која е повреден мотоциклист по судир со автомобил од марката „пежо“. Полицијата во моментот врши истрага, а повеќе информации се очекуваат подоцна во денот.

Read More

Бугарскиот премиер Кирил Петков има намера целосно да го изолира Министерството за надворешни работи (МНР) во обидите да го укине ветото за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија (ЕУ), пренесува бгнес.бг. Медиумот го базира тоа врз основа на проектниот предлог кој самиот Петков ќе го поднесе на првата наредна седница на Советот на министри. За да ја постигне својата цел, Петков подготвил предлог кој мора да биде одобрен од Советот на министри. По проектот насловен „Да се ​​подобри одговорноста и координацијата со Националното собрание во врска со проширувањето на ЕУ и процесот на стабилизација и асоцијација…

Read More

Британскиот премиер Борис Џонсон смета дека не е време да се зборува за нов референдум за независност на Шкотска. „Тоа не е нешто за што премиерот верува дека јавноста сака да биде фокусирана која било влада во време кога во моментов има значителни предизвици што ги засегаат“, изјави неговиот портпарол. Премиерката на Шкотска, Никол Старџен претходно изјави дека наскоро ќе даде повеќе детали за тоа како националниот парламент би можел да продолжи со организирање на нов референдум за независност без согласност на британската Влада. Таа рече дека врз основа на резултатите од минатогодишните парламентарни избори во Шкотска, постои „неспорен демократски…

Read More

Данска и Канада ќе малиот ненаселен остров на Арктикот, познат како Ханс Ајленд, на два еднакви дела за ставање крај на, речиси, 50-годишниот спор околу сопственоста врз таа територија, соопшти данското Министерство за надворешни работи. „Канада и Данска ќе го поделат островот од 1,2 квадратни километри, што се наоѓа на средина меѓу Гренланд и канадскиот остров Елзмирн, на два, речиси, идентични делови по природниот расцеп“, пренесуваат британските медиуми. Договорот официјално ќе го потпишат министрите на двете земји по одобрување во парламентите. Се додава дека станува збор за главно симболичен дипломатски чин, со цел да се избегнат тензиите на далечниот север.…

Read More

Министерството за одбрана на Русија ги повика украинските војници во Северодоњецк да го положат оружјето и утре да се предадат, пренесува „Си-Ен-Ен“. „Ги повикуваме властите во Киев да покажат внимателност и да дадат соодветни упатства на милитантите да го запрат бесмислениот отпор и да се повлечат од територијата на фабрикара Азот“, се наведува во соопштението. Руската војска, исто така, соопшти дека во текот на утрешниот ден ќе воспостави хуманитарен коридор за евакуација на цивили кои се заробени во хемиската фабрика Азот во опколениот град Северодоњецк, јави „Би-Би-Си“. „Руските вооружени сили и формациите на Луганската Народна Република, раководејќи се според принципите…

Read More

Премиерата на „Балканска приспивна песна“, нова турска серија што се снима во Скопје, е најавена за 21 јуни на турската државна телевизија ТРТ 1, пренесува агенцијата „Анадолија“. Главните улоги во серијалот ги имаат турските актери Емре Беј, кој го глуми ликот на Ертан, и Мерих Озтурк, која го глуми ликот на Јованка. Останатата актерска екипа ја сочинуваат Ердал Озјагџилар, Озлем Туркад, Хакан Бојав, Џан Колукиса, Сузан Акбелге, Сарп Бозкурт, Ѓозде Чигаџи, Дениз Ѓуркан, Емине Хаљиљ, Бурак Рахман, Сулејман Кара, Каан Тургут, Бену Шахин и Ерман Шабан. Серијалот доловува љубовна приказна на двајца млади, Ертан и Јованка, од различни националности во…

Read More

Големо невреме, проследено со силен ветар и врнежи од град со големина на лешник, повторно го погодија Хрватско Загорје. Nevrijeme u Hrvatskoj pic.twitter.com/C52Du2sc7P — TV N1 Sarajevo (@N1infoSA) June 13, 2022 Ова е третпат во последните 20 дена да врне град во Крапинско-загорската жупанија. Прогласена е природна непогода за подрачјето на Општина Хум што настана по силниот град на 25 мај, додека на 2 јуни предизвика големи штети на земјоделските површини на подрачјата на општините Клањц, Орославје и Кумровец, Загорска села и Велико Трговишче. Градоносни облаци вечерва, според регионалните медиуми, се надвиснати и над Загреб.

Read More

Бугарската партија „Има таков народ“ ќе побара затворена седница на парламентот за Северна Македонија, на која министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска „ќе изнесе информации“ и ќе ги претстави тајните стенограми за водени разговори за таа тема, изјави претседателот на парламентарната група, Тошко Јорданов на прес-конференција, откако се обзнани дека шест пратеници од нивната партија се изјаснија за независни. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Јорданов, партијата „Продолжуваме со промената“ се обидува да го измести фокусот од ветото за Северна Македонија. Тој рече дека станувало збор за таен стенограм, во кој премиерот на Бугарија Кирил…

Read More

Сер Мик Џегер (78) е позитивен на коронавирус, поради што Ролингстоунс го откажаа вечерашниов концерт во Амстердам. Бендот, во кој учествуваат и гитаристот Кит Ричардс и Рони Вуд со Стив Џордан на тапани, се на нивната турнеја SIXTY, која се состои од 14 концерти во 10 земји низ Европа. Во изјавата во име на бендот се вели: „Ролингстоунси беа принудени да го откажат вечерашниот концерт во Амстердам во арената „Јохан Кројф“, откако Мик Џегер пројави симптоми на ковид и доби позитивен тест”.

Read More

Воениот оркестар во Скопје и интонирањето на германската химна се издвоени во германските медиуми како најсветли точка во балканската турнеја на канцеларот Олаф Шолц. „И победникот е… Воениот оркестар во Северна Македонија. Германската химна не звучеше толку моќно и заводливо на ниту една друга станица како што беше случај во Скопје“, наведува Мелани Аман, новинарката на „Шпигел“ која беше дел од бројната екипа на германски новинари кои ги придружуваа Шолц на Балканот. Од дочекот на Шолц пред Владата во Скопје и интонирањето на химните биле импресионирани и други германски политичари, дипломати и новинари на платото на Илинденска бб. „Два дена,…

Read More

Интеграцијата на Република Северна Македонија мора да биде одржлив и неповратен процес и да се надоврзува на реални резултати во исполнувањето на критериумите за членство. Ова било во фокусот на телефонскиот разговор на бугарскиот претседател Румен Радев со претседателот на Советот на Европската Унија (ЕУ), Шарл Мишел, соопшти прес-службата на Радев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, претседателот на Бугарија истакнал дека исполнувањето на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ, давање уставни гаранции за почитувањето на правата на македонските Бугари и зачувувањето на бугарското културно-историско наследство во Северна Македонија, се неопходни чекори за нејзиниот пат кон обединета Европа.…

Read More

Бугарија ја „тресе“ сериозна криза во пресрет на Самитот на Европската Унија (ЕУ) за кој сè уште се „живи“ надежите од официјална Софија да го крене ветото за Македонија, конечно, да добие датум за почеток на преговорите за членство пред крајот на француското претседателство. Оставки, во текот на денот, поднесоа неколку министри од „Има таков народ“ (ИТН) на Слави Трифонов, но и најава од неколку пратеници за напуштање на пратеничката група, но и на партијата. Според лидерот Слави Трифонов, „причина е Македонија“, според групата на пратеници кои најавија разделба со ИТН, а чии ставови на заедничка прес-конференција попладнево ги соопшти…

Read More