Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Практично сите летови од Русија до достапните странски дестинации беа распродадени во средата, откако претседателот Владимир Путин прогласи „делумна“ мобилизација на 25-те милиони резервисти во земјата, пренесува The Moscow Times. Летовите од Москва до главните градови на Грузија, Турција и Ерменија – за кои не се потребни визи за Русите – за 21 септември беа недостапни во рок од неколку минути по објавувањето на одлуката на Путин за делумна мобилизација, според врвната руска веб-страница за планирање патувања aviasales.ru. Just had a look now, and all I can find are tickets to a couple of Central Asian cities – and they’re selling…
Настава со физичко присуство е во интерес на учениците, нема промена во начинот на нејзината реализација, вели портпаролот на Владата Душко Арсовски. Одговарајќи на новинарско прашање за барањето на дел од општините за продолжување на зимскиот распуст на учениците заради штедење струја и огрев и колку се оправдани барањата дел од трошоците и субвенциите да ги покрива Владата, Арсовски рече дека на вчерашната седница на Владата немало дискусија за тоа. „На последната седница на Владата немаше дискусија во однос на ова прашање. Владата останува посветена во надминување на предизвиците предизвикани од енергетската криза и е во комуникација со сите засегнати…
Северна Македонија стои еднакво добро, а во некои делови и подобро од државите кои преговараат со Европската Унија (ЕУ), што ќе ни помогне да имаме помалку или помалку тешки бенч маркови кога ќе заврши скринингот и дека тоа би требало да ни биде шанса или добра стартна позиција за преговорите да траат пократко од тие на Србија и Црна Гора сега, изјави заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ. „Преговорите се официјално почнати на 19 јули, скринингот е една задолжителна фаза на преговорите, тоа не е нешто ново, смислено само за нас, туку постоело за Србија, и…
Сајмон Мајал, поранешен заменик началник на британскиот Генералштаб, за „Скај њуз“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е „многу заглавен поради сопствените погрешни проценки“. „Путин го прокоцка целиот углед на Русија“, додаде Мајал.
Германскиот министер за економија, Роберт Хабек ја осуди најавата на рускиот претседател Владимир Путин за делумна мобилизација. „Овој потег е лош и погрешен“, нагласи Хабек.
Холандскиот премиер Марк Руте ја коментираше одлуката на Владимир Путин за делумна мобилизација. Тој за холандската телевизија НОС рече рускиот претседател е во паника. „Мобилизација, повикување на референдуми во Доњецк. Сето тоа е знак на паника. Неговата реторика за нуклеарното оружје е нешто што сме го слушнале многу пати досега и нè остава ладни. Сето тоа е дел од реториката што ја знаеме. Би ве советувал да останете мирни“, порача тој.
Чешкиот премиер Петр Фиала рече дека делумната мобилизација што ја објави Москва е „обид за натамошна ескалација на руската војна против Украина“. Според него, тоа е „уште еден доказ дека Русија е единствениот агресор“. „На Украина треба да ѝ се помогне и во наш интерес мора да продолжиме да го правиме тоа“, напиша Фиала на Твитер.
Зголемена е вредноста на договорите што се склучуваат низ нетранспарентна постапка, со преговарање без објавување оглас. Вкупната вредност на овие договори во 2021 година изнесува 46 милиони евра, што е за 16 милиони евра повеќе од 2020 година. Дури 80 проценти од вредноста на склучените договори без објавување оглас им припаѓаат на АД Електрани, на МВР и на Министерството за образование и наука. Тоа се дел од клучните наоди во Извештајот што го објави денеска Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени во периодот од јули до декември во 2021 година. Во извештајот се вклучени…
Во пресрет на одбележувањето на 10 години постоење што ќе се одржи в сабота на плоштадот „Македонија“, граѓанската иницијатива „НаТочак“ соопшти дека во изминатата деценија има промени во велосипедскиот сообраќај во главниот град, но дека сме далеку, како што велат, од тоа што Скопје можеше да биде денес доколку постоеше институционална посветеност. „Ако споредиме со деценија претходно, направено е многу, но, сепак, далеку сме од она што Скопје можеше да биде денес доколку имаше поголема посветеност од страна на институциите и посериозен пристап кон велосипедскиот сообраќај“, е заклучокот на претставниците на оваа граѓанска иницијатива. Според нив, „Скопје Велоград“ е сè…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска објави делумна мобилизација во земјата, со цел да се зголеми бројот на војници во воениот конфликт во Украина. Во обраќањето што го пренесе руската телевизија Прва, Путин изјави дека делумната мобилизација се однесува на резервисти со искуство кои, како што најави, ќе минат претходна воена обука. Путин рече дека веќе го потпишал указот за делумна мобилизација, која ќе започне денеска и со која ќе бидат повикани 300.000 резервисти. Министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече дека Русија во Украина се бори против Западот. Според него, „речиси целата сателитска мрежа на НАТО работи против Русија во Украина“ и „Украина се повеќе…
Времето денеска ќе биде променливо облачно претпладне, а од пладне и попладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен ветар од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал 14 до 21 степен. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветар од северен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени. Во следните денови утрата ќе бидат студени со ниски утрински температури, а до петок дневните температури ќе бидат под просекот за овој период од годината и ќе преовладува променливо облачно време. Во деновите од викендот времето…
Министерство за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека со септемвриската пензија околу 330.000 пензионери во државата ќе добијат повисоки пензии за 6,8 отсто, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година. Новата методологија предвидува усогласување на пензиите со комбиниран модел од 50 отсто пораст на просечната плата на сите вработени во државата и 50 проценти пораст на трошоци на живот, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Усогласувањето ќе се врши два пати во годината, односно во март и септември, што значи ќе ги…