Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Во Европа и во Северна Америка од почетокот на мај се евидентираат сè поголем број случаи на заразени со вирусот на мајмунски сипаници. Хрватскиот институт за јавно здравје објави дека во земјата засега нема регистрирано ниту еден случај. Директорката на Клиниката за инфективни болести „д-р Фран Михаљевиќ“, Алемка Маркотиќ за ХРТ објасни како изгледаат симптомите. „Тоа е вирусна болест. Станува збор за ДНК вируси, седиштето, на некој начин, е во Африка. Првата појава е во седумдесеттите години. Се викаат мајмунски сипаници, меѓутоа, се смета оти мајмуните, како и луѓето, не се главни резервоари, туку, случајни домаќини. Најчесто се работи за…
Ноќеска во Ротердам избија нереди по поразот на Феенорд од Рома (0:1) во финалето на Конференциската лига на УЕФА во Тирана. Бројни навивачи го следеа натпреварот на стадионот „Де Куип“, а холандската полиција објави дека се приведени 72 навивачи. Инциденти имаше и во престолнината на Албанија. Холандските навивачи најпрво се судрија со албански фанови по што физичката пресметка се пренесе и на низ улиците на градот. Главни учесници во нередите наводни биле навивачката група Fedayn, а со нив и членови на Gate 13, навивачка група на грчки Панатинаикос, но и дел од загрепски Bad Blue Boys, пријателска група на Gate…
Означувајќи го крајот на една ера, властите на Њујорк неделава ги отстранија речиси сите телефонски говорници во градот коишто станаа „технолошки жртви“ на сеприсутноста на бесплатен интернет и паметни телефони последниве години. Покрај практичната намена, телефонските говорници со децении се појавуваа и во поп-културата – од стрипови до холивудски блокбастери и ТВ-серии. Но, обожавателите на Супермен, на пр., ќе се утешат со фактот дека њујоршката општина Менхетн ќе задржи четири говорници. Познатите „пресоблекувалници“ на стрип-јунакот Кларк Кент – „Човек од челик“, ќе бидат зачувани како потсетници на не така далечното минато. Градоначалникот на Менхетн, Марк Левин во коментар на Твитер…
Главниот синдикат на холандски новинари денеска поднесе тужба против забраната за дистрибуција на руски државни медиуми во Европската Унија (ЕУ), тврдејќи дека таа ги крши правата на европските граѓани на слобода на информирање. ЕУ на 2 март ја забрани дистрибуцијата на „Раша Тудеј“ и „Спутник“ во Европа, како дел од санкциите против Москва со образложение дека тие објавуваат пропаганда што се користи за оправдување и поддршка на инвазијата на Украина. Тужбата поднесена во Европскиот суд на правдата не ја одобрува содржината произведена од руски организации и не тврди дека треба да се емитува од европските оператори, но смета дека забраната…
Членот на Главниот совет на воено-цивилната администрација на Запорожје, Владимир Рогов за агенцијата РИА Новости изјави оти Украина засекогаш го загубила пристапот до Азовското Море, бидејќи, според него, областите Запорожје и Херсон никогаш нема да се вратат под контрола на Киев. „Азовското Море е засекогаш загубено за Украина. Пристаништата во Запорошката и Херсонската област никогаш повеќе нема да бидат украински. Сигурен сум дека по повторното обединување на нашите региони со Русија, Азовското Море, како некогаш, повторно ќе биде внатрешно море на Руската федерација“, истакна Рогов. За време на инвазијата, руската војска ја презеде контролата над областа Херсон и Азовскиот дел…
Пратениците од денеска се враќаат во салата 1 во која ќе користат и нова, модерна, конференциска опрема. Во неа со почеток во 11 часот ќе се одржи новата 72. седница на Собранието која ќе биде посветена на пратенички прашања. Новата, модерна, конференциска опрема во пленарната сала нуди целосно компјутеризиран и дигитален принцип на функционирање, поточно работа без хартија, управување со редоследот на говорници, унапреден видео-стримиг, видео-архива со пребарување, извештај за гласање на секоја точка на дневен ред… Новинарите повторно ќе може директно да ги следат седниците од галеријата во пленарната сала, откако е вратен во функција и прес-центарот во салата…
Најмалку пет цивили загинаа, а 12 се ранети во напад на руските сили на повеќе од 40 градови во Донбас, тврди украинската армија. „Окупаторите гранатираа повеќе од 40 градови во регионите Доњецк и Луганск и уништија или оштетија 47 цивилни згради, вклучувајќи 38 куќи и едно училиште. Пет цивили загинаа во гранатирањето, а 12 се ранети“, соопштија украинските вооружени сили на „Фејсбук“. Во соопштението на армијата се наведува дека биле одбиени десет напади на руската армија, а уништени се четири тенкови и четири дронови. Исто така, се тврди дека загинале 62 непријателски војници. Во објавата не се прецизира кога се…
Позитивни сигнали пристигнаа од Цариград и од Москва по добиениот благослов од СПЦ за автокефален статус на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА). За Вселенската патријаршија, отстранувањето на 55 годишната шизма е историски момент, а за Руската православна црква (РПЦ) е радосен настан што бил чекан многу години. „Историски момент е што шизмата која траеше речиси шест децении, по иницијатива на Вселенската патријаршија, заврши, беше отстранета и влегуваме во нов период“, оцени вселенскиот патријарх Вартоломеј. Тој посочи дека уште пред одлуката на Вселенската патријаршија за прифаќање на Охридската архиепископија во канонска и евхаристиска заедница постоел дијалог меѓу црквите на…
Единаесет новороденчиња загинале во пожар што зафатил неонатално одделение на регионална болница во сенегалскиот град Тивауане, околу 120 километри источно од главниот град Дакар. „Болка и шок по веста за смртта на 11 новородени бебиња во пожарот што избувна во болницата Мама Абду Азиз Си Дабак во Тивауане“, напиша сенегалскиот претседател Меки Сал во пораката објавена преку Твитер, кој инаку е во државна посета на Ангола. Локалните медиуми пишуваат дека пожарот избивнал во неодамна отворената болница „Мама Абду Азиз Си Дабах“. Сенегалскиот министер за здравство Абдулаје Диуф Сар за приватната телевизија „ТФМ“ изјави дека првичните информации од истрагата укажуваат дека…
Во Домот на Армијата во Скопје денеска беше организирана свеченост по повод Денот на воената служба за безбедност и разузнавање, што се совпаѓа и со јубилејот – 30 години постоење на оваа воена служба. Министерката за одбрана Славјанка Петровска порача дека членството во НАТО претставува ново поглавје во историјата на оваа служба, која има проширен обем на работа и поголема одговорност. „Членството во Алијансата е придобивка за безбедноста и стабилноста на државата, а од друга страна токму тоа ја наметнува потребата за развој на воените капацитети и способности кои ќе дадат придонес во колективната безбедност. Бројот на луѓе за чија…
Поддрша за иницијативата „Отворен Балкан“ и подготвеност на САД да помогне за нејзин побрз развој, истакна американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил по средбата со српскиот претседател, Александар Вучиќ. „Ја поддржуваме иницијативата „Отворен Балкан“ и подготвени сме да помогнеме за нејзин побрз развој“, рече амбасадорот Хил, додавајќи дека САД секогаш ќе ги поддржуваат напорите за продлабочување на регионалната економска соработка на начин што ќе ја промовира интеграцијата со ЕУ. Вучиќ на средбата истакна дека Србија е иницијатор на бројни проекти кои на најдобар начин ги поврзуваат земјите од Западен Балкан, а амбасадорот Хил ја повтори американската поддршка за евроинтеграцијата на…
Додека светските лидери се собираат на Светскиот економски форум во Давос, украински уметници ја претворија тамошната Руска куќа, место што вообичаено го користи руската делегација, во „Руска куќа на воените злосторства“, објави денеска „Би-Би-Си“. Фотографии од масовно уништување на украинските градови, гранатирани од руските сили, се претставени на изложба во зграда во швајцарскиот зимски центар на Алпите. Руската инвазија на Украина е во фокусот на четиридневниот настан, кој започна денеска, со видео обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Ниту еден руски функционер или компанија нема да присуствува на овогодинешниот Самит. Претседателот на Светскиот економски форум, Борге Бренде повика на своевиден…