Author: Sashko

Европската Kомисија (ЕК) во средата за првпат даде рок за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија, со што и официјално би почнале преговорите со двете држави за членство во Унијата пред крајот на француското претседателство на 30 јуни, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји пред посетата на Софија порача дека за три недели повторно ќе се врати таму во обид за изнаоѓање на заеднички прифатливо решение во македонскиот спор со Бугарија. Власта, пак, смета дека, иако земјава сака да ги почне преговорите со ЕУ, тоа да не биде по секоја цена и на штета на државните интереси.…

Read More

Северна Кореја петти ден по ред пријави над 200.000 новозаразени пациенти со Ковид-19, со што вкупниот број на случаи во земјата надмина два милиона, јавија денеска јужнокорејската новинска агенција Јонхап, цитирајќи ја севернокорејската државната телевизија. Актуелниот бран на инфекции со ковид-19 во Северна Кореја, објавен минатата недела, предизвика загриженост за недостаток на вакцини, несоодветна медицинска инфраструктура и потенцијална криза со храна во оваа 25-милионска земја, која одбива странска помош додека ги држи границите затворени. „Вчеравечер имало 219.030 нови лица со знаци на треска, со што вкупниот број на такви случаи достигна 2.460.640 милиони“, соопшти Корејската централна телевизија (КЦТВ), цитирајќи податоци…

Read More

Русија денеска ги прекина испораките на природен гас за Финска, соопшти финската државна енергетска компанија „Гасум“, откако скандинавската земја одби да плаќа за енергенсот во рубљи. „Испораките на природен гас за Финска според договорот за снабдување се прекинати“, се наведува во соопштението на „Гасум“. Оттаму додаваат дека место тоа, природниот гас ќе се снабдува од други извори преку гасоводот „Balticconnector“, што ја поврзува Финска со Естонија.

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб променлив ветaр. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево, со слаб северозападен ветар. Утринската температура ќе се спушти до 7 степени, а дневната ќе достигне 31 степен. Како што најавија од Управата за хидрометеоролошки работи, во следните денови ќе биде топло со пораст на дневната температура, која на повеќе места ќе биде над просекот за овој период од годината. Од недела во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен…

Read More

Управата за јавни приходи (УЈП) бележи пораст на приходите во споредба со изминатите неколку години и планот и за 2020 година, која беше година на пандемија, е исполнет, изјави директорката на инситуцијата, Сања Лукаревска во вечерашно гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат М. „Имаме раст на приходите. И во споредба со 2021 година и во споредба со 2020 година и во споредба со 2019 година. Многумина ќе прашаат зошто се споредувате со 2020 година, бидејќи таа беше година на пандемија на ковид-19, меѓутоа и тогаш имавме одредени состојби во буџетот. Имавме натфрлање на планот и кај добивката, и…

Read More

Скандал на Управата за јавни приходи (УЈП) нема, туку станува збор за случаи на незаконско работење на даночни обврзници за што веднаш ги алармиравме надлежните институции, изјави Сања Лукаревска, директорка на УЈП, во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат М. „Горда сум што веднаш алармиравме по откривање на небулозни дејствија на даночни обврзници. Затоа не можам да дозволам да се зборува за скандал на УЈП, туку станува збор за скандал со незаконско работење на даночни обврзници што се сопственички поврзани и кои ги менаџира едно исто сметководствено биро“, рече Лукаревска одговарајќи на прашање за случајот со малверзации…

Read More

Меѓу 30 и 40 лица се повредени, од кои 10 потешко, во невремето што попладнево го зафати западниот германски град Падерборн, соопштија официјални лица, пренесе агенцијата ДПА. #tornado in #paderborn today pic.twitter.com/EUXYEXgxuh — a.c.✨ (@ac_11x) May 20, 2022 „Торнадото имаше патека на уништуваше од запад кон исток, минувајќи низ центарот на Падерборн, во правец на источните делови на градот“, соопшти полицијата. More from Germany’s #tornado in #paderborn https://t.co/98BblMSV4W — Rebel Stoic (@commonstoic) May 20, 2022 „Официјалните лица проценуваат дека торнадото предизвика милионски штети. Во индустриска зона биле урнати покривите на магацините. Лимови, изолација и други материјали се расфрлани со километри…

Read More

Руското Министерство за одбрана вечерва соопшти дека челичарницата Азовстал во Мариупол е целосно ослободена. „Територијата на металуршката фабрика Азовстал во Мариупол, каде група на украински милитанти од нацистичката формација „Азов“ беше блокирана од 21 април годинава, е целосно ослободена“, изјави вечерва портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков. „Последната група се предаде денеска“, додаде тој. Руските медиуми пренесоа дека министерот за одбрана, Сергеј Шојгу веќе го информирал претседателот Владимир Путин за завршување на операцијата и целосното ослободување на Азовстал и градот Мариупол од украинските сили. Министерот Шојгу кажа дека подземните објекти во фабриката се под контрола на руски…

Read More

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ во вечерашното гостување на „Топ тема“ на ТВ „Телма“ истакна дека Владата сака да ги почне преговорите со Европската Унија (ЕУ), но не по секоја цена и на штета на државните интереси при решавањето на спорот со Бугарија. Тој потенцира дека месец јуни, како пресуден за добивање датум, е споменат од ЕУ поради геополитичката ситуација со војната во Украина. „ЕУ е таа, која притисната од геостратешката ситуација, почна прва да го споменува јуни како датум и комесарот Вархеји и официјалните портпароли на ЕУ. Тоа значи дека има некое чувство на ургентност во ЕУ. Меѓутоа, ние…

Read More

Експлозија и голем пожар избувна во објект во непосредна близина на аеродромот во Женева што е причина за прекин на авиосообраќајот, јави лондонски „Дејли Мејл“. На фотографии и видеа објавени на порталот на весникот се гледа експлозијата, огнот и густиот чад што се крева во воздух од зграда до аеродромот. Large fire erupts near Geneva Airport in Switzerland forcing all flights to hold or divert. Fire is near what is reportedly a center for refugees under construction. 📹 alexlaguardia1 pic.twitter.com/HTy8oErMKa — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) May 20, 2022 Портпаролот на вториот најфреквентен аеродром во Швајцарија, Игнас Јанера, изјави…

Read More

Владата на денешната 47 седница го усвои предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Македонија за 2022 година. Предлогот за ребаланс на Буџетот за 2022 година е насочен кон повеќе цели, како што се ревидирање на иницијалните фискални проекции во согласност со променетиот макроекономски контекст во првата половина на 2022 година, инкорпорирање на фискалниот одговор на кризата, реструктурирање на буџетските расходи, зачувување на фискалната одржливост и оптимизирање на изворите на финансирање на буџетскиот дефицит. Предложените измени и дополнувања, со кратења на непродуктивните трошоци во име на солидаризирање со последиците од актуелната криза, како што соопштија од владината прес-служба, ќе…

Read More

Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел денеска одново предупреди на глобалниот недостиг на храна поради војната во Украина, која е еден од најголемите светски производители на житарици, бидејќи житото ниту може да се извезува, ниту да се сади и жнее поради воените дејствија. „Има недостиг од храна и тоа ќе продолжи. И кога ја има, таа е скапа, многу поскапа отколку што многу луѓе можат да си дозволат“, рече Борел на прес-конференција по состанокот на министрите за развој на ЕУ. „Доколку засегнатите луѓе трошат повеќе за храна, тогаш имаат помалку за образование и за здравје, а тоа ќе ја продлабочи…

Read More