Author: Sashko

Јавниот превоз во Скопје в понеделник ќе се одвива по неделен возен ред поради Меѓународниот ден на трудот 1 мај и верскиот празник Рамазан Бајрам. Од ЈСП „Скопје“ информираат дека дежурни билетарници во понеделник од 7 до 14 часот ќе бидат објектите кај Транспортниот центар и Зелено пазарче, како и во Ѓорче Петров. Сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено во сабота (30 април), додека недела е неработен ден за сите продажни места. Жичницата на Водно за време на претстојниот викенд, како и в понеделник ќе функционира вообичаено од 10 до 18 часот.

Read More

Околу 8.000 британски војници ќе одат во источна Европа на учество на воени вежби кои се одржуваат поради руската инвазија во Украина. Како што наведува „Скај њуз“, станува збор за едно од најголемите разместувања на британски војници од Студената војна, а тие ќе бидат испратени во неколку земји од Финска до Македонија. Покрај војници, летово на повеќе локации ќе бидат пратени десетици тенкови и повеќе од 100 оклопни борбени возила. Друштво на британските вооружени сили ќе прават и десетици илјади војници од НАТО и сојузниците, меѓу кои од Данска, од Норвешка и од Исланд. Министерството за одбрана соопшти дека планираните…

Read More

Маргарита Симонјан, уредничка во државната телевизија „Раша тудеј“, за време на гостување во ТВ емисија рече дека е „поверојатно“ рускиот претседател да се сврти кон својот нуклеарен арсенал отколку да признае пораз. Симонјан, која важи за една од главните гласноговорници на Кремљ, рече: „Или ќе загубиме во Украина или ќе започне Трета светска војна. Мислам дека Третата светска војна е пореална, ако го познаваме нашиот лидер“. Во очигледен обид да ја рационализира реториката, Симонјан додаде: „Сите ќе умреме еден ден“. Russian propagandists have already begun to prepare their audiences for World War III Margarita Simonyan offers a World War III…

Read More

Американската конгресменката Клаудија Тени вели дека размислува да формира коалиција на Капитол Хил што би работела на можни санкции против Бугарија, бидејќи одбива да го тргне ветото за почеток на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија (ЕУ). Во интервју за „Гласот на Америка“, таа рече дека се покажало оти официјалното писмо што група конгресмени го испратија до бугарскиот амбасадор во Вашингтон, Тихомир Стојчев не функционирало, како и дека целта на ваквата коалиција со членови од Претставничкиот дом и Сенатот, би била да ја поттикнат Бугарија на дијалог. „Ако би можеле да најдеме накаков вид санкции што би биле…

Read More

Контролен пункт во руското село Крупец на границата со Украина денеска е гранатиран, изјави гувернерот на областа Курск, Роман Старовојт. Според Старовојт, минофрлачи погодиле контролен пункт во Крупец, во близина на украинскиот град Суми, во североисточниот дел од земјата, објави „Би-Би-Си“. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Старовојт додаде дека руските граничари и војската одговориле со одмазднички оган.

Read More

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека руските сили ги уништиле производствените капацитети на воената фабрика „Артјом“ во украинскиот главен град Киев со високо прецизни ракети со голем дострел. „Прецизното оружје на руските Воздухопловно-вселенски сили со голем дострел ги елиминира производствените капацитети на авио-вселенската фабрика Артјом во Киев“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

Read More

Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел смета дека Мариупол е европскиот Алепо. „Градот е целосно уништен. Со илјадници загинати цивили. Ќе дадеме сè од себе да се стави крај на оваа војна што поскоро. И затоа ќе продолжеме да ѝ помагаме на Украина“, напиша Борел на Твитер. Според него, војната во Украина ја трансформира глобалната геополитика. Руските сили ја презедоа контролата врз украинскиот град Мариупол, но припадници на украинските сили останаа блокирани во фабриката за челик „Азовстал“. Алепо е сириски град што претрпе големи разурнувања за време на војната. Инаку, градот се наоѓа…

Read More

Дваесетина училишта и гимназии во Белград утрово добија циркуларен меил за подметнати бомби, учениците, наставниот кадар и директорите се веднаш евакуирани и известени се српското Министерство за внатрешни работи и БИА. „Слична ситуација пред неколку дена се случи и во Црна Гора. Полицијата најпрво ќе ги испита заканите, а учениците и вработените нема да бидат вратени во објектите, се додека не потврдиме дека е сигурно, што е приоритет“, рече министерот за образование и прв потпретседател на Владата, Бранко Ружиќ. Полицијата досега провери девет училишта на територијата на Белград и утврди дека станува збор за лажни дојави. Проверките продолжуваат, порачаа од…

Read More

Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) соопшти дека се ближи крајот на нејзината осумгодишна мисија во Украина. Причина, како што велат од таму, е ветото што го вложи Русија за продолжување на мисијата. „Ова не беше лесна одлука, но позицијата на Руската федерација не ни остави избор“, рече полскиот министер за надворешни работи, Збигњев Рау кој е моментно и шеф на ОБСЕ.

Read More

Војната во Украина ја принуди Европа да почне да трага по нови решенија кои, барем делумно, ќе ја исклучат Русија и нејзините енергенси. Германскиот министер за економија, Роберт Хабек најавува мерка која, соред него, се наметнува како неопходна и се однесува на практично национализирање на рафинеријата во Швет која е во сопственост на „Росњефт“, пренесува „Ревија ХАК“. Таа произведува гориво за источна Германија и за западна Полска. Рафинеријата моментно се снабдува со суровини од гасодовот „Дружба“ кој води од Русија. Планирано е нафтата во иднина да доаѓа од други извори, како пристаништето во Рошток и во Гдањск. Германија досега го…

Read More

За денеска е планирана операција за извлекување на цивили од фабриката „Азовстал“, соопшти кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Како што објавија западни медиуми, Украина се надева дека денеска ќе ги евакуира цивилите кои се наоѓаат заедно со украинските борци во огромната фабрика за челик „Азовстал“ во градот Мариупол. Засега не се соопштени други детали.

Read More

Канадската Влада поднесе предлог-измени на Кривичниот законик до парламентот околу казни за евентуални злосторства и прекршоци извршени на Месечината, објави „Си-Би-Си“. Националниот Кривичен законик веќе предвидува одговорност за канадските астронаути за евентуални престапи при престој на Меѓународната вселенска станица МВС. Секое незаконско дело извршено од канадски државјанин таму ќе се смета подеднакво исто како да се случило во Канада. Промените се резултат на пристапувањето на Канада во проектот „Лунар гејтвеј“ (Месечева порта), чии членови планираат патувања на Месечината. Во декември 2020 година, Канадската вселенска агенција (КСА) и американската НАСА потпишаа договор со кој се потврдува учеството на Канада во проектот…

Read More