Author: Sashko

Во Министерството за надворешни работи (МНР) денеска ќе се одржи комеморација по повод смртта на амбасадорот на Северна Македонија во Берлин, Рамадан Назифи. Комеморацијата ќе се одржи во амфитеатарот на МНР со почеток во 12 часот. Амбасадорот Назифи ненадејно почина во Берлин на 3 септември на 60-годишна возраст, а беше погребан во неговото родно место Радуше на 7 септември. Рамадан Назифи ја почнал дипломатската кариера во 1995 година. Работел во повеќе директорати на Министерството за надворешни работи. Првиот дипломатски ангажман во странство му бил аташе во македонската Амбасада во Бон, а бил и министер-советник во Амбасадата во Берлин. Од 2009…

Read More

Обилни дождови и поплави доцна синоќа го погодија централниот италијански регион Марке, при што загинаа најмалку седум лица, додека три се водат за исчезнати, јавија денеска италијанските медиуми. Локалните власти соопштија дека не очекувале ваква ненадејна „водна бомба“. За два до три часа паднале околу 400 милиметри дожд, по што се поплавени улиците на неколку градови во провинциите Анкона и Пезаро-Урбино. Снимките објавени од локалните пожарникари покажуваат како некои од спасувачите со сплавови се движат по улиците на крајбрежниот град Сенигалија за да стигнат и да ги евакуираат луѓето, додека други се обидуваат да преминат подвозник. „Спасувачите сè уште трагаат…

Read More

Шефицата на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен се заложи за изведување на рускиот претседател Владимир Путин пред Меѓународниот суд на правдата за воените злосторства извршени во Украина. „Путин мора да ја изгуби војната и да одговара за своите постапки, тоа е важно за мене“, изјави Фон дер Лајен за телевизискиот канал на германскиот весник „Билд“. Според неа, нема сомнеж дека во Украина се извршени воени злосторства од почетокот на руската офанзива на крајот на февруари. Фон дер Лајен, која вчера по трет пат беше во посета на Украина, во интервјуто кажа дека го поддржува собирањето докази за постапката…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден најави нов пакет на оружје во вредност од 600 милиони долари, со што ќе ѝ помогне на украинската војска во борбата против Русија, се наведува во меморандумот на Белата куќа, испратен вчера до Стејт департментот. Бајден ја одобри помошта, користејќи ги своите претседателски овластувања што му овозможуваат да одобри преместување на вишок оружје од американските залихи. Нема детали околу тоа како парите ќе бидат искористени. Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, Вашингтон на Владата во Киев ѝ испрати воена помош во вредност од околу 15,1 милијарди долари.

Read More

Германскиот канцелар Олаф Шолц вети дека Германија ќе ѝ помага на Украина „колку и да биде потребно“. „Помагаме со воена опрема, муниција, обука на украинските војници бидејќи нивната борба е и наша борба“, порача Шолц во Потсдам. Оклопните возила „многу брзо“ ќе му бидат испорачани на Киев, но, не сега, информираше министерката за одбрана Кристин Ламбрехт. Таа најави испраќање на два нови повеќекратни ракетни фрлачи „Марс-II“ и 200 ракети и 50 теренски возила тип „Динго“. Засега нема да ги достави борбените тенкови „Леопард-2“, што Украина упорно ги бара.

Read More

Во Брисел вчера започна скрининг процесот за усогласување на законодавството со ЕУ со Северна Македонија и Албанија. Од 15-27 септември 2022 година ќе се одвиваат состаноци за областите и поглавјата од Кластерот Фундаментални вредности, кога Комисијата ќе го презентира новото законодавство за овие области. Сите состаноци се одржуваат во Брисел, освен за Поглавјето 18 Статистика што денеска ќе се одржи во Луксембург. Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач, Бојан Маричиќ во воведното обраќање на првиот скрининг состанок кажа дека преговорите ја прават и ја трансформираат државата на подобро. „По 17 години чекање имаме историска шанса да обезбедиме европска иднина за…

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Нема ни цела година откако Скопје го погоди политичката непогода – Данела и градски совет со мнозинство во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и ним слични, да не ги набројуваме сега, ќе мислат дека се важни. Тука некаде би требало да престане одделното спомнување на името на градоначалничката и партијата во која, само формално не е член, но затоа целосно ѝ припаѓа. Јавноста го следи и коментира како судир меѓу Данела и ВМРО-ДПМНЕ. Да не се лажеме. Во суштина, овде се работи за внатрепартиски судир кој излезе од контрола и ништо повеќе. На самиот почеток на владеењето со градот, Данела…

Read More

Жестока расправија меѓу градоначалничката Данела Арсовска и советникот Луке Галевски од редовите на ВМРО ДМПНЕ имаше денеска на самиот почеток на седницата на Советот наменета за советнички прашања. Галевски на денешната седница и постави прашање на градоначалничката Данела Арсовска за тоа дали има поврзаност со Акрем Керим, чија компанија од Турција исто така учествувала на тендерот за прочистителна станица со 20 милиони евра пониска понуда, за која во медиумите се дознало пред отворањето на понудите. Советниците кои претходно и поставија прашања, Арсовска им рече дека ќе им одговори писмено, но на Галевски одлучи да му одговори усно. „Советниче, кога лажете…

Read More

ЦИВИЛ ја продолжува серијата настани Зад димната завеса: Со референдумот, или на него со панел дискусија што ќе се одржи на 16 септември (петок), со почеток во 13 часот, во прес студиото на организацијата. Учесници на панелот ќе бидат Благојче Атанасовски, политиколог, и Зоран Димитровски од Демократски сојуз, а настанот ќе го модерира Џабир Дерала, ЦИВИЛ. Тема на панелот е иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за поништување на Договорот Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, која вчера беше одбиена од Собранието на Република Северна Македонија. Настанот ќе се пренесува во живо на онлајн каналите…

Read More

Контраофанзивата на украинската армија околу градот Харкив во североисточна Украина која започна на 6 септември уништи половина од најдобрата тенковска дивизија во најдобрата тенковска армија во руските вооружени сили, пренесува Форбс. Сто уништени или заробени тенкови за сто фуриозни часа. Толку тенкови на руската четврта гардиска тенковска дивизија, дел од елитната Прва гардиска тенковска армија, најдобрата оклопна формација на руската армија уништија Украинците. Сега 1-та ГТА се повлекува на север со цел да го зачува она што останало од нејзините дивизии во првата линија. Но, штетата што ја претрпе тенковската армија може да има трајни импликации – и не само за 200-дневната…

Read More

Оваа година, се навршуваат 15 години откако светот започна да го одбележува Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември. Овој ден се одбележува секоја година низ светот за да се зајакне демократијата и да се истакнат нејзините вредности и принципи. Оваа година, Денот на демократијата ќе се фокусира на важноста на слободата на медиумите за демократијата, мирот и исполнувањето на целите за одржлив развој. ЦИВИЛ им го честита Меѓународниот ден на демократијата на сите граѓанки и граѓани во земјата и во светот, со повик за почитување на начелото за владеење на демократијата и правото, и порачува дека декларациите за демократски свет треба…

Read More

Поранешниот премиер Зоран Заев го честита Денот на демократијата на својата Фејсбук страница. „Ова е време на соочување со пандемија и со војна. Време кое автократите сакаат да го искористат за уште поцврсто да завладеат со народот, држејќи го во страв и неизвесност. Но, нашиот народ е мудар и храбар. Со демократски глас ги спречивме оние кои сакаат со насилство и крв да ја убијат демократијата“, вели Заев во видео-пораката. Денес, продолжува тој, одлучуваат тие кои гласаат, а не оние кои бегаат. „Демократијата е глас. Гласот на секој еден поединец. Глас слушнат, разбран, уважен, испочитуван. Гласот на сите групи во…

Read More