Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Жител на Тетово пред две години оставил автомобил на поправка, а вчера отишол да го земе, но бидејќи возилото го немало, тој пријавил случајот во полиција чии припадници го нашле возилото на отпад. „Вчера (14 септември) во 12 часот и 15 минути, 62-годишниот тетовец во СВР Тетово пријавил дека пред околу две години во автомаханичарската работнилница во тетовско Џепчиште го оставил за поправка неговото возило „форд мондео караван“ со тетовски регистарски ознаки. Но кога отишол да го земе, возилото го немало во работилницата. Набргу, полициски службеници на СВР Тетово го пронашле возилото во авто-отпад во тетовско Непроштено и му го…
Европската инвестициска банка (ЕИБ), во соработка со Европската Комисија (ЕК), ги испратија првите транши на помош за Украина од вкупните 1,59 милијарди евра, јави дописничката на МИА од Брисел. Овие пари се испраќаат во рамките на итната солидарна помош за Украина, поддржана со гаранција на ЕУ и во соработка со Европската Комисија. Првата транша изнесува 500 милиони евра за покривање на финансиските потреби на краток рок, како поправање на оштетените инфраструктури и поддршка за државните компании за патишта и железници. Од ЕК изјавија дека поправањето на железниците, мостовите и патиштата ќе помогне да продолжат луѓето, стоките и житото да се…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен денеска го посети Киев, каде имаше средба со претседателот и со премиерот на Украина, Володимир Зеленски, односно Денис Шмихал. Зеленски ја искористи прилика да ѝ врачи орден Јарослав Мудриот на шефицата на ЕК. „Ова е голема чест. Го прифаќам одликувањето во име на сите граѓани на ЕУ и како симбол на нашите силни односи“, напиша Фон дер Лајен на Твитер. Украина се обидува да влезе во Европската Унија од почетокот на руската инвазија, а во јули и официјално доби статус на земја-членка.
Шведската премиерка Магдалена Андерсон денеска поднесе оставка по поразот на социјалдемократите на парламентарните избори на кои десничарскиот блок освои тесно мнозинство. Андерсон се состана со Андреас Норлен, претседател на шведскиот Парламент –Риксад, што брои 349 членови, за официјално да му ја предаде оставката.
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, на возраст од 21 година, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „силување“. „Осомничениот, на 13 септември, во непосредна близина на мостот пред селото Селце, со употреба на сила и сериозна закана присилил на обљуба 15-годишно девојче. Додека оштетената се враќала од училиштето кон нејзиниот дом, осомничениот ја пресретнал и почнал да ја следи, движејќи се зад неа. Во еден момент се приближил и започнал да ја допира, насилно да ја трга и да ја влече по тревата. И се заканувал да не вика,…
Иницијатива за распишување на референдум има прилично правни аномалии, недостатоци што ја прават недоволно добра од правен аспект за постигнување на една замислена цел, потенцијална, каква и да е, изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчески. Пред поднесување на иницијативата, вели, министерот, требало да се земат предвид одредбите од Уставот, законот за референдум и собранискиот Деловник. „Во Член 118 од Уставот експлицитно е уредена материјата во однос на меѓународните односи и во тој контекст на меѓународните договори. Тие, како што стои во овој член, претставуваат составен дел од внатрешниот правен поредок на државата и не можат да бидат менувани со…
Можноста Северна Македонија да претседава со ОБСЕ во 2023 година е признание на успесите на државата која ги постигна своите стратешки цели преку нејзин уникатен модел на развој, во тежок регионален контекст. Тоа е обврска, но и привилегија која ќе ја покаже нашата вистинска слика пред светот, кои сме кои се нашите вредности – мир, стабилност, владеење на право, демократија и тоа преку дијалог и компромис, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи на настанот „Северна Македонија и ОБСЕ: 30 години партнерство“. Според него, не случајно поминала толку лесно нашата кандидатура со консензус од 57 земји учеснички на министерскиот совет…
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ пред денешниот почеток на скрининг процесот со Европската Унија (ЕУ) испрати порака преку својот Фејсбук профил дека сè е подготвено за следната фаза од евроинтеграциите и дека македонскиот тим е спремен за отворањето на скриниг процесот. „Преговорите се отворени. Денеска започнуваме нова фаза на евроинтегративниот пат и исполнување на нашата стратешка цел. Скринингот е важна задача за сите нас. Затоа сите да се обединиме околу оваа национална задача и да ја завршиме што е можно поскоро. Имаме добра основа и почитичка волја и капацитет да го направиме тоа“, напиша Маричиќ на својата Фејсбук страница. Тој нагласува…
Агенција за супервизија на осигурување (АСО) денеска соопшти дека скопјани пријавиле 349 осигурани штети од силното невреме што го зафати Скопје на 30 август годинава, додека имотот на „Ист Гејт Мол“ е осигуран со франшиза од 100.000 евра. Граѓани и фирми од Скопје пријавиле осигурани штети во сите 11 осигурителни компании. Активно осигурување на имот имаат речиси 51.000 скопјани, а 215 од нив пријавиле штети во силното невреме што на крај на август го зафати централното градско подрачје. Од сите 349 штети во една осигурителна компанија се пријавени дури 117. Од сите пријавени штети поголем број, односно 215, се врз…
Според военото ажурирање на Генералштабот на Украина, противвоздушните единици на вооружените сили на Украина во текот на изминатиот ден собориле три руски авиони Су-25 и јуришен авион Су-24М, пренесува агенцијата Укринформ. „Непријателот продолжува да ги фокусира своите напори на обиди целосно да го окупира регионот на Доњецк, да ги задржи заробените територии и да ги попречи активните движења на нашите трупи во одредени области. Непријателот ги гранатира нашите позиции долж контактната линија, обидувајќи се да преземе акција за прегрупирање на војниците во одделни правци, изведувајќи воздушно извидување. Заканата од воздушни и ракетни напади низ територијата на Украина останува на сила“, се…
Катастрофалните загуби на Кремљ во Украина може да резултираат со колапс на Руската Федерација. Станува сè појасно дека Украина ќе победи во оваа војна и дека Кремљ се соочува со историска криза на доверба. Навистина, сега верувам дека е вистинска можност откриените слабости на Владимир Путин да се толку сериозни што можеби ќе бидеме сведоци на почетокот на крајот – не само на неговиот режим, туку и на самата Руска Федерација, пишува Бен Хоџис за лондонски „Телеграф“. Оваа огромна империја која опфаќа повеќе од 120 етнички групи е на неодржлива основа, и како и познатиот цитат на Хемингвеј, нејзиниот колапс на…
Македонскиот претседател, Стево Пендаровски денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Кралството Шведска, на Унгарија и на Ерменија. Како што информира Кабинетот на претседателот, Ами Ларсон Џеин е новоименувана амбасадорка на Кралството Шведска, а Андраш Клајн е новоименуван амбасадор на Унгарија во земјава. Армен Једигариан е новоименуван амбасадор на Република Ерменија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија.