Author: Sashko

Министерството за внатрешни работи (МВР) утрово го извести Основното јавно обвинителство Скопје дека го лишило од слобода лицето А.Ѓ. по кое се трагаше врз основа на издадена Наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Лицето се предало на органите на прогонот на територијата на Скопје. За осомничениот, по предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје веќе има донесено решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена. Пред ноќниот клуб „Привилиџ“, минатата недела до смрт беше претепан…

Read More

Вториот ден од генералниот штрајк во училиштата и градинките мина без состанок меѓу СОНК и претставници на Владата. Според најавите од двете страни во понеделникот, нова средба ќе има деновиве во обид да се постигне решение за барањата на Синдикатот. СОНК не отстапува од барањето за зголемување на платите на вработените во дејностите образование и детска заштита, и тоа веднаш, за 18,4 отсто, согласно порастот на минималната плата која од овој месец изнесува 18.000 денари и, дополнително, таа да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работни места. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков вчера соопшти дека…

Read More

Задолжителното носење на маска во затворен простор за заштита од ковид-19 е укинато. Мерката што беше на сила во изминатите две години е повлечена на вчерашната владина седница по препорака на Главниот кризен штаб и Комисијата за заразни болести. Исклучок ќе биде јавниот превоз (автобус, воз, авион, такси), здравствените установи, аптеките, установите за згрижување на стари лица и лица со попреченост. По предлог на Комисијата за заразни болести, вчера беше прифатена и одлуката за укинување на забраната за организирање на екскурзии и настава во природа за основните и за средните училишта и се дозволува работата со физичко присуство на лекарските…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветар од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринските температури ќе се движат од -3 до 4 степени, а дневните од 13 до 23 степени. Во Скопје и околината, времето ќе биде сончево и потопло со утринска температура до 2 степени, а дневна до 22 степени. Од УХМР најавуваат дека до петок ќе преовладува претежно сончево време и наутро постудено, а температурите преку ден ќе бидат во постојан пораст. Во сабота ќе дојде до зголемување на облачноста и ќе има услови за слаб…

Read More

Полска уапси руски државјанин под сомнение дека шпионирал, соопштија полските специјални служби, јави „Би-Би-Си“. Мажот, кој е долгогодишен жител во Полска и руски бизнисмен, бил уапсен минатата недела и му е одреден притвор, затоа што наводно собирал информации за воената подготвеност и на полските и на НАТО-трупите стационирани во земјата. Минатиот месец Полска протера 45 руски дипломати осомничени дека работеле за руските разузнавачки служби – што доведе до протерување на исто толку вработени во полската амбасада од страна на Москва. Полска е најгласна во Европската Унија во барањата за построги санкции против Русија поради нејзината инвазија врз Украина. Во одделен…

Read More

Лондонската полиција изрече над 50 казни за посетителите на забавата во резиденцијата на британскиот премиер Борис Џонсон и други владини згради за време на строгите рестриктивни мерки во првите бранови на пандемијата на ковид-19, се наведува во извештајот што денеска го објави Скотланд Јард, цитиран од локални и странски медиуми. Првите 20 казни беа изречени кон крајот на март, а две недели подоцна полицијата откри уште 30 случаи на прекршоци. Службениците за спроведување на законот не ги открија имињата на прекршителите, ниту датумот и местото на настаните во време на пандемијата. Кабинетот на Џонсон претходно соопшти дека доколку премиерот биде…

Read More

Две експлозии го предизвикале падот на авионот Тупољев 154М кај Смоленск во Русија во 2010 година во која загина тогашниот претседател на Полска, Лех Качински, покажува најновиот извештај на полската истражна комисија која е задолжена да ги разјасни причините за несреќата.  На 10 април во 2010 година, високи полски функционери, вклучително и шефот на државата, Лех Качински, началникот на Генералштабот на вооружените сили, политичари, свештеници и други функционери, со претседателски авион заминаа за Катин, во близина на Смоленск, Русија. Причина за патувањето беше да се оддаде почит на жртвите од масакрот во 1940 година, кога советската тајна служба НКВД во…

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача на Западот дека нема да успее да ја изолира Русија. Како пример за тоа го наведе успехот на советската вселенска програма, како доказ дека Русија може да постигне големи рабори и во тешки околности. „Русија порача дека никогаш повеќе нема да зависи од Западот, откако Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ѝ воведоа санкции поради „специјалната воена операција“ на Владимир Путин во Украина“, пишува „Ројтерс“. Путин во придружба на белорускиот претседател Александар Лукашенко направија обиколка на космодромот Восточни и се осврна на фактот дека Јуриј Гагарин од СССР во 1961 година стана првиот…

Read More

Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека постојаното вооружување на Србија е одраз на нејзиниот страв дека ќе остане осамена „кога ќе стане јасно дека веќе нема да може да седи на неколку столчиња“, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти вели дека Косово е загрижено и внимателно поради постојаното вооружување на Србија со ракетни системи и друго оружје од Кина и Русија, но дека не се плаши. „Знаеме дека имаат 42 воени бази на границата со Косово, која е 178 километри долга, но и покрај тоа ние не се плашиме, затоа што, иако не сме во НАТО, НАТО е кај…

Read More

Американските власти намерно го поттикнуваат конфликтот во Украина како дел од тактиката за „кинеско-руска воздржаност“, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан. „Политиката на САД и НАТО гo доведе руско-украинскиoт конфликт до критична точка. Американската страна не презеде никакви чекори за ублажување на ескалацијата на тензиите, напротив, додаде масло на огнот, принудувајќи ги другите земји да заземат страна“, рече кинескиот претставник. Тој изјави дека „САД систематски шират дезинформации со цел да ја дискредитираат Кина и да ја нарушат нејзината основна позиција во корист на мировните преговори“. „САД се обидуваат да избегнат одговорност, да исценираат провокации и…

Read More

Украинските маринци кои го бранат Мариупол се обратија до јавноста со еден вид проштално видео. Припадници на 36-та бригада на маринци порачуваат дека ќе останат да се борат до крај, иако истакнаа дека не им е испорачано оружјето што им е потребно. „Ние сме 36-та бригада на маринци која ја држеше и сè уште ја држи одбраната на Мариупол. Но, реалноста е таква каква што е, градот е опкружен и не нѝ е доставено оружје и муниција. Цела Украина мора да ја запамети борбата на овој отпор и борбата за конечна победа. Украино, Европо, свету, до крај сме посветени на…

Read More

Проруските сепаратистички сили во регионот на Доњецк негираат дека употребиле хемиско оружје во Мариупол, јавија руските медиуми. Командантот на сепаратистите, Едуард Башурин изјави дека не употребиле хемиски агенси и покрај тврдењата на украинските власти дека руските сили извршиле хемиски напад. Заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар претходно изјави дека Киев ги проверува информациите дека Русија можеби употребила хемиско оружје при нападите врз Мариупол. „Постои теорија дека тоа би можело да биде фосфорна муниција“, истакна Маљар. Велика Британија се обидува да ги потврди наводите дека руските сили употребиле хемиско оружје во нападот на украинскиот стратешки пристаништен град Мариупол, што е…

Read More