Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Мисијата на ОБСЕ во Скопје организира настан по повод одбележувањето на 30 години партнерство на Северна Македонија и ОБСЕ. Како што најавија организаторите, на настанот насловен „Северна Македонија и ОБСЕ: 30 години партнерство“ ќе се обратат шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тие ќе се осврнат за придонесот на ОБСЕ за Северна Македонија во последните 30 години и за приоритетите на земјава како претседавач на Организацијата во 2023 година.
Руската и кинеската морнарица спроведуваат заеднички патроли во Тихиот Океан, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Западните агенции пренесуваат дека со оваа заедничка активност се продлабочуваат воените и дипломатски врски меѓу Москва и Пекинг, додека нивните односи со западните земји се влошуваат. Во соопштението на руското Министерство на каналот Телеграм, се наведува дека екипажите на двете морнарици изведуваат заеднички тактички вежби во кои учествуваат артилерија и хеликоптери. „Задачата на патролите е да ја зајакнат поморската соработка меѓу Русија и Кина, да го одржат мирот и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион, да ги надгледуваат бреговите и да ги заштитат поморските економски капацитети…
Шансите за мир во Украина „во оваа фаза се минимални“, изјави синоќа генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН), Антонио Гутереш по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин. „Имам чувство дека сме многу далеку од мир. Би лажел ако кажам дека мирот може да се случи наскоро“, рече Гутереш на прес-конференција. „Немам илузии. Шансите за мировен договор во оваа фаза се минимални“, рече Гутереш, додавајќи дека дури ни примирјето не е на повидок. Гутереш додаде дека ги продолжува контактите со двете страни и дека се надева дека еден ден ќе може да се оди кон разговори на повисоко ниво. Генералниот…
Во Брисел денеска официјално почнува скринингот за усогласеноста на македонското законодавство со законодавството на Европската Унија (ЕУ). Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вели дека скрининг процесот практично е фаза на дијагноза до каде сме и што треба да правиме. Тој повика на неопходноста за ставање градење на градењето на консензус за продолжување на европските интеграции, за уставните измени и на кој начин може и опозицијата да се вгради во процесот на преговори и процесот на евроинтеграција. Маричиќ очекува скринингот да заврши во ноември во 2023 година. Во однос на уставните измени, кои се неопходни за отворање на кластерите, вели…
Времето денеска ќе биде сончево и доста топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветaр кој во западните делови ќе засилува. Утринските температури ќе бидат во интервал од 5 до 15 степени, а дневните од 29 до 35 степен. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје, времето ќе биде сончево и доста топло, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветар. Утринската температура ќе се спушти до 10 степени, а дневната ќе достигне 32 степена. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на јужно воздушно струење ќе…
Со паролата „Дајте ни ги правата”, Националниот сојуз на слепите на Република Северна Македонија (НССРСМ) денеска одржа протест пред Владата. Слепите лица побараа зголемување на додатокот за попреченост и за помагала, како и средба со премиерот Димитар Ковачевски. Претседателот на Националниот сојуз на слепите, Бојан Селковски истакна дека протестот следи откако на разговорите со Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и со претставници од Влада не биле најдени заеднички решенија. „Бидејќи не најдовме решение на разговорите, веќе подолго време бараме прием кај премиерот за да ги искажеме нашите барања, а тоа се додатокот за попреченост да биде четириесет отсто…
Преговарачкиот тим на Северна Македонија утре и задутре ќе го обновува своето знаење за законодавството на Европската Унија (ЕУ) во пресрет на отпочнувањето на билатералниот скрининг, јави дописничката на МИА од Брисел. Тимот составен од Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и од претставници на надлежните институции, утре во Брисел, а задутре во Луксембург, ќе одржи објаснувачки скрининг со Европската Комисија, прв пат од 2019 година. Објаснувачкиот скрининг ќе се одржува заедно со албанскиот преговарачки тим. Двете земји ќе се одвојат кога ќе започне билатералниот скрининг, најрано за два месеца. Целта на објаснувачкиот скрининг, како и во 2019 година, е да…
Пратеничката група на Демократската унија за интеграција (ДУИ) денес на прес-конференција го соопшти ставот на партијата во врска со иницијативата за организирање на референдум од страна на ВМРО-ДПМНЕ и зошто истиот не треба да се подржи. „Демократската унија за интеграција ја повикува опозицијата да го прифати и поддржи Договорот за добрососедство со Република Бугарија, кој што е меѓународен договор и согласно Уставот неговото правно дејство не може да се менува”, истакна меѓу другото Арбер Адеми, координатор на пратеничката група на ДУИ на денешната прес конференција. Од ДУИ нагласуваат дека Иницијативата за организирање на референдум е спротивна на Уставот на Република…
Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз денеска на армискиот полигон „Криволак“ присуствуваа на вежба на припадниците на Армијата, која ги вклучуваше новите оклопни возила JLTV Oshkosh и армиските хеликоптери. „Криволак’ е најдобриот пример за ефикасноста на нашата заедничка соработка. Кога имаме јасни цели и кога сме посветени на развојот, и нашите пријатели и стратешки партнери се секогаш тука да ни помогнат“, рекла министерката по показната вежба. Како што се наведува во соопштението од МО, Петровска додала дека токму на „Криволак“, припадници на македонската Армија и вооружените сили на САД тренираат не…
Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов поради повреда нема да може да се стави на располагање за подготовките и натпреварите на македонската репрезентација против Грузија (Тбилиси, 23 септември) и Бугарија (Скопје, 26 септември) од групата во Лига на нации. „Лекарските прегледи потврдија дека напаѓачот на англиски Барнли не е во можност да му помогне на репрезентативниот тим за претстојните мечеви поради повреда на задниот бутен мускул“, објави ФФМ на својата официјална веб-страница. Собирот на македонската репрезентација за претстојните пресметки против Грузија и Бугарија е закажан за 19 септември во Скопје.
Со ребалансот на Буџетот за 2022 година се обезбедени 76 милиони евра за нови антикризни мерки. При крај е дизајнирањето на новиот пакет и се очекува на една од наредните седници на Владата да се расправа за оваа точка, информира портпаролот на Владата Душко Арсовски на денешната прес-кофнеренција во Владата. Мерките, како што посочи тој, ќе бидат насочени првенствено за ранливите групи граѓани кои имаат најголема потреба за помош, а дел кон стопанството. „За исправноста на начинот на кој беше менаџирано со оваа криза која трае од минатата година доказ се и претходните пакет мерки. Да почекаме, очекуваме на една…
Поради недоволно мнозинство на гласови, Уставниот суд не донесе одлука за предметот „работа во недела“ што го иницираше Стопанската комора на Северна Македонија. Портпаролката Христина Беловска нагласи дека ова е уште еден од 40-те предмети кои не минаа на седница поради тоа што нема доволно мнозинство. „Рефератот на овој предмет гласеше да не се поведе постапка што значи Законот да остане во правниот поредок, односно недела да остане неработен ден освен за дејностите за кои е исклучок и кои се предвидени токму во овој Закон. Овој предмет не го доби доволното мнозинство, а еден од судиите се изјасни дека нема…