Author: Sashko

Министерот за надворешни работи Бујар Османи да каже дали 28-годишната презентерка и несудена конзулка во Њујорк, Бесмира Ејупи, е вработена во Министерството за надворешни работи, повика вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска. „Министерот за надворешни работи има обврска да биде транспарентен и да ја информира јавноста дали таа личност е вработена во институцијата, во каква постапка и зошто е токму таа избрана за таа позиција“, вели Грковска во изјава за „Дојче Веле“. Премиерот Димитар Ковачевски пред неколку дена посочи дека одговорите за ова прашање треба да се бараат во Министерството за надворешни работи. „Јас гледам во континуитет, и…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по тет-а-тет средбата со претседателката на Словачка, Зузана Чапутова, порача дека земјава за евроинтегративниот процес очекува принципиелна поддршка како словачката и од другите членки на ЕУ. Пендаровски на заедничката прес-конференција по средбата се заблагодари за „постојаната и исклучително гласна“ поддршка на Словачка, нарекувајќи ја вистински пријател. Посетата на Чапутова, оцени шефот на државата, го потврдува позитивниот тренд во развојот на билатералните односи, дотолку повеќе што се реализира кога нашиот пристапен процес кон ЕУ е веќе почнат. „Кога беше најтешко, Словачка, како вистински пријател, без калкулации, нè поддржуваше во сите ситуации. Искрено, се надеваме на сличен пристап…

Read More

Ги поздравувам сите чекори на вашата земја за приближување кон Европската Унија (ЕУ). Словачка, која мина низ тој процес, ќе продолжи со континуираната, несмалена поддршка. Потребни се големи напори и политичка храброст. Подобрувањето во јавните институции и услугите за граѓаните е нешто што секогаш е важно и треба да се унапредува, порача претседателката на Словачка, Зузана Чапутова по денешната средба со нејзиниот домаќин, претседателот Стево Пендаровски. На заедничката прес-конференција со Пендаровски, Чапутова истакна дека во овој момент енергетската криза е најголемиот проблем поради што треба да се наоѓаат најдобрите и најефикасни решенија за негово надминување. Притоа, напомена дека Словачка нема…

Read More

Пишува: Драган Мишев Мицкоски бара референдумско изјаснување за прашањето: Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?, или скратено, бара граѓан(к)ите да се изјаснат дали се против договорот со Бугарија. Се работи за истиот Договор, за кој Мицковски, на чист „блгарски език“, како попче си отпеа пред тогашниот бугарски премиер Бојко Борисов, дека „се што може да биде позитивно за двете части, ние ште го подкрепиме“. „Аџијава“ наш се пишмани и за „Преспанскиот договор“ и ветувањето дека…

Read More

Директорот на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека не може да се утврди кој ја гранатирал украинската нуклеарна централа Запорожје која е под контрола на Русија од март. „Не можам да го утврдам тоа. Немаме средства да го направиме тоа. Како што знаете, би морало да се надгледува воената операција во регионот која не само што е надвор од мандатот на МААЕ, туку ќе бара и огромен потенцијал“, изјави Гроси за „Си-Ен-Ен“. Тој оцени дека состојбата во нуклеарната електрана сè уште е многу загрижувачка и предупреди дека „си играме со оган“. Гроси на седница на Советот…

Read More

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за кривично дело „телесна повреда“ од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело „неизвршување на судска одлука“ од член 377 став 5 од Кривичниот законик. Против него е изречена мерка притвор во траење од осум дена. „Осомничениот, во раните утрински часови на 4 септември, кај споменикот „Сава Михајлов“, во центарот на Гевгелија, при вршење на семејно насилство, телесно повредил жена со која претходно живееле во вонбрачна заедница и со која имаат две малолетни деца. Додека оштетената заедно со една  колешка се враќале од работа, осомничениот…

Read More

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска напладне во Државната изборна комисија (ДИК) ќе достави иницијатива за одржување на задолжителен референдум со прашање – „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија“. Претседателот на државата Стево Пендаровски предупреди дека прашањето на опозицијата за референдумот е за прекинување на европскиот пат, додека за премиерот Димитар Ковачевски станува збор за неконзистентност и гледање лични, партиски интереси за задржување на функцијата на Мицкоски. „Сè додека не се напушти Договорот со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени“, изјави Мицкоски,…

Read More

Шефот на холандската дипломатија, Вопке Хукстра денеска ќе престојува во работна посета на Северна Македонија. Хустра ќе биде примен од неговиот домаќин, министерот за надворешни работи Бујар Османи, при што ќе одржат пленарен состанок и прес-конференција.

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на претседателката на Словачка, Зузана Чапутова, која ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија. Како што најавија од претседателскиот кабинет, словачката претседателка ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба меѓу претседателите и пленарен состанок на делегациите. Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје претседателката Чапутова и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев. Исто така, претседателката Чапутова и словачката делегација на платото пред Владата на Република Северна Македонија ќе ги пречека и премиерот Димитар Ковачевски.Според агендата,…

Read More

Струмица вечерва е домаќин на регионалниот Фестивал на храна и вино, во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“. По успешната реализација на првиот Меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“, кој од 1 до 4 септември се одржа во Белград, во Струмица продолжува промоцијата на најдобрите вина и највкусната автентична храна од земјава.  Овој фестивал на вино и храна се одржува во соработка со реномираната организација „Егзит“ во чија организација е и веќе најавениот музички хепенинг „Get EXITed“ каде покрај богатата музичка програма, ќе биде понудена и специфична и интересна ено-гастрономска програма. Фестивалот на храна и…

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија… – референдумско прашање на партијата на Груевски што веќе пет години неуспешно ја води Мицкоски. Талент! Не знам кој го советувал или ова е негова замисла, но самата иницијатива за референдум и, уште повеќе, референдумското прашање се уште една шајка во политичкиот ковчег на Мицкоски и тие околу него. Во било кои други околности, во било кое друго општество со малку поразвиена политичка и медиумска култура, ниту Мицкоски, ниту неговата партија не би го преживеале…

Read More