Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Утре (11 ч.) во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи 17-та седница на Советот за безбедност, на чиј дневен ред ќе биде енергетската криза во Република Северна Македонија и мерките за нејзино надминување. На седницата, како што информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координацијата на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за економија, Крешник Бектеши.
Лиз Трас е избрана за нова претседателка на британската Конзервативна партија, што значи дека ќе го наследи Борис Џонсон на функцијата британски премиер. Трас добила 81.326 гласови, а за нејзиниот политички опонент, поранешниот британски министер за финансии, Риши Сунак, гласале 60.399 членови на Конзервативната партија. Излезноста на внатрепартиските избори изнесува 82,6 проценти. Трас во Владата на Џонсон ја извршуваше функцијата министерка за надворешни работи. Трас ќе биде трета британска премиерка, по Тереза Меј и Маргарет Тачер. Британската кралица Елизабета Втора утре во замокот Балморал во Шкотска ќе ја прими Трас и ќе ја именува за нова лидерка на ториевците и…
Инспектори за труд не постапувале според закон во предмет кој се однесува за непочитување на работнички права во една приватна компанија со околу 200 вработени, односно не виделе повреда на законот со тоа што им биле исплатени 500 денари за регрес за годишен одмор, наместо 40 проценти од просечната плата. Катица Николовска од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), на седницата на Комисијата, денеска информираше дека фирмата по пријава и контрола од страна на испектори, со синдикатот во комапанијата склучила спогодба за исплаќање по 500 денари, а овластениот инспектор во вонреден надзор на компанијата не констатирал никаква повреда. На…
Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека утре и задутре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателката на Словачка, Сузана Чапутова. На 08.09.2022 (четврток) и 09.09.2022 (петок) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува и претседателот на Италија, Серџо Матарела. Од тие причини, соопштија од МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Вооружените сили на Украина елиминираа 300 руски напаѓачи во текот на изминатиот ден. Севкупно, од 24 февруари до 5 септември беа елиминирани околу 49.800 припадници на руската војска, се наведува во извештајот на Генералштабот на вооружените сили на Украина објавен на Фејсбук. Според извештајот од Генералштабот, украинските сили уништиле 2.068 (+19 во текот на изминатиот ден) руски тенкови, 4.459 (+29) оклопни возила, 1.157 (+10) артилериски системи, 294 MLRS, 156 противвоздушни системи, 236 авиони, 206 67 хеликоптери, (+3) оперативно-тактички беспилотни летала, 205 (+2) крстосувачки ракети, 15 воени бродови/чамци, 3.286 (+10) возила и резервоари за гориво, 107 (+1) единици за специјална опрема. Руските сили…
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и на Еуросупер БС-98 од полноќ се намалуваат за два денара по литар, а на Еуродизел (Д-Е V) за 1,5 денар. За три денари поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), соопшти Регулаторната комисијата за енергетика. Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 85,5 денари, на Еуросупер БС-98 е 88 денари, а на Еуродизел БС (Д-Е V) 98 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 94,5 денари. За 0,277 денари се намалува цената и на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе се продава за 52,463 денари.
Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски денеска пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар. На денешното прво рочиште од процесот, обвинителката Тања Трајчевска го даде воведниот говор на Обвинителството во кој го образложи обвинителниот акт со кој го опиша настанот во кој хрватскиот ракометар, Денис Тот, беше претепан до смрт пред ноќен клуб во градскиот парк во Скопје. „Од сите тие удари оштетениот се здобил со повеќе повреди, како и тешки телесни повреди и…
Владата на Република Северна Македонија денеска ја донесе одлуката за воспоставување на структура за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ), изјави премиерот Димитар Ковачевски, кој за заклучоците и информациите најави дека е задолжен вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, кој воедно, согласно одлуката на Владата ќе биде и главен преговарач. Ковачевски додаде дека заедно со вицепремиерот се сложни по неколку прашања, а тоа е дека преговирите треба да се одвиваат со забрзана динамика и да се затворат што е можно поскоро. „Особено сум горд што дојдовме до моментот кога почнавме да зборуваме за техничките елементи…
Војниците со 127-от полк на 1-виот армиски корпус, распоредени во јужниот дел на Украина, беа регистрирани немири поради големи проблеми со снабдувањето на фронтот, бидејќи единицата дури и нема достапна вода за своите војници, пренесува агенцијата „Укринформ“, повикувајќи се на Украинската оперативна команда Југ. Според достапните податоци, руските војници направиле бунт со колективно одбивање дополнително да учествуваат во непријателствата, но специјалните служби на окупаторските сили презеле мерки против бунтовниците и ги одстраниле од позициите на единицата. Како што е наведено од Оперативната команда Југ, ситуацијата во оперативната зона Јужен Бух останува напната и динамична, додека е под контрола на одбранбените сили…
Силна експлозија одекна во близина на руската амбасада во Кабул, јавија денеска локалните медиуми. Жител на Кабул за агенцијата ДПА изјавил дека талибанските безбедносни сили го опколиле патот што води до амбасадата. На снимките објавени на локалните медиуми се гледаат возила на брза помош како се движат кон областа. Досега има различни информации за целта на експлозијата. Некои извори цитираа сведок кој рекол дека експлозијата се случила пред амбасадата додека Авганистанци чекале визи. Безбедносни претставници засега не соопштуваат никакви детали за експлозијата. Засега никој нема преземено одговорност за нападот.
Тридневен протест на матичните лекари: Ќе примаат само итни случаи, нема да издаваат рецепти и упати
Членови на Здружението на приватни лекари на Република Македонија (ЗПЛРМ) од денеска стапија во тридневен протест во тек на кој ќе бидат на работните места и ќе примаат само итни случаи, но нема да издаваат упати и рецепти. Главно барање на матичните лекари е зголемување на капитацискиот бод поради порастот на трошоците на живот. Управниот одбор на ЗПЛРМ на 27 август донесе одлука на 5, 6 и 7 септември да се одржи протест на работно место поради, како што наведуваат во објавата на веб страницата на Здружението, неприфаќање на стратешките барања од здравствените власти. Според одлуката на УО на Здружението,…
Во Основниот Кривичен суд – Скопје денеска започна судскиот процес за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во градскиот парк во Скопје. Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ. Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. „По кратка расправија, сите тројца му…