Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 8 септември, четврток, согласно Законот за празниците, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Министертсвото воедно на граѓаните им го честита Денот на независноста.
Основното јавно обвинителство од Скопје денеска поднесе обвинение против 41-годишен скопјанец, управител на фирма од Рашче, бидејќи негов автобус, во текот на 2021 година, преку 20 пати ја преминал државна граница со лажна лиценца за вршење на меѓународен патен сообраќај. „По спроведена опсежна претходна постапка и направените детални проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело – Фалсификување исправа“, известуваат од ЈО. Обвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус…
Од денеска попладне, па во наредните два дена, Блок 1 на РЕК Битола ќе биде плански исклучен од електроенерегетскиот систем на Република Северна Македонија. Краткотрајниот прекин во работењето е со цел зголемување на доверливоста и стабилноста на постројката, информираат од АД ЕСМ. Оттаму потсетуваат дека годинава, со оглед на енергетската криза во државата и Европа, РЕК Битола нема да прави класични ремонти на блоковите, туку ќе ги користи приликите за техничко – технолошки зафати за санација и нега на производствените погони согласно околностите. Во меѓувреме, продолжува со работа Блок 2 на РЕК Битола. „АД ЕСМ ги обезбедува потребите за електрична…
Како што се приближува крајот на летото во Европа, речиси сите земји од ЕУ се соочуваат со некаков вид енергетска криза. По руската инвазија на Украина, ЕУ им се придружи на Соединетите Американски Држави и други земји во санкциите и ембаргото за рускиот природен гас, иако многу држави од ЕУ зависат од увозот на руска енергија. Овие мерки предизвикаа вртоглав раст на цените, што нагло ги зголеми трошоците за живот за многу Европејци. Некои европски влади веќе се обидоа да ја намалат потрошувачката на енергија – на пример, со ограничување на употребата на климатизација во јавните згради и со барање…
Пишува: Џабир Дерала Протагонистите се неспоредливо различни според пропорциите и штетата што ја предизвикуваат, но ги поврзува едно нешто. Читајте до крај. Владимир Путин, Русија Го негира постоењето на Украина, украинскиот национален идентитет, историја и јазик. Тврди дека Украина ја водат нацисти, иако и самиот претседател Володимир Зеленски има еврејско потекло, а неонацистите во земјата се помалобројни и немаат никакво политичко влијание, за разлика од ситуацијата во други земји, како што е Русија, на пример. Путин тврди дека води „специјална операција“ за ослободување на Украина. Само една од ноторните лаги (дезинформации) на неговата пропаганда е упорното тврдење дека САД имаат лаборатории…
Канадската полиција е во потрага по две лица кои се осомничени дека со нож, смртно, избоделе десет лица, а раниле најмалку 15 лица во провинцијата Саскачеван. Полицијата ги посочи Демиен Сандерсон и Мајлс Сандерсон како осомничени извршители на нападите, појаснувајќи ја јавноста дека двајцата патувале со возило „Нисан Роуг“, со црна боја. Нападите биле пријавени рано утринава, по што полицијата веднаш прогласила тревога и издала потерници по осомничените. Ронда Блекмор, командант на Кралската коњичка полиција за областа Саскачеван, рече дека властите не знаат дали осомничените ги смениле возилото, како и оти не е познато каде се упатиле по нападите. „Ужасно…
Пишува: Александар Милошевиќ Во моментот кога се создаваат овие редови, на 12 јули во 23.08 часот навечер, цената на струјата на спот пазарот во Србија изнесува 405 евра по мегаватчас.
Во рамки на Самитот „Отворен Балкан“ во Белград, ресорните министерства од Северна Македонија, од Србија и од Албанија, како членки на регионалната иницијатива, денеска потпишаа четири нови договори и меморандуми за соработка.Потпишани се договори за механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан меѓу министрите за земјоделство на трите држави, Љупчо Николовски, Фрида Крифца, Бранислав Недимовиќ.Исто така, потпишан е Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности меѓу министрите за култура од Република Северна Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевска, од Република Србија, Маја Гојковиќ и од Албанија, Елва Маргарити. Во рамките на Самитот „Отворен Балкан“ беше потпишан и…
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), како репрезентативен синдикат на национално ниво и во приватниот и во јавниот сектор, поднесе тужба од јавен интерес против Владата на Република Северна Македонија поради тоа што со нејзино постапување, односно непостапување се дискриминирани голем број на вработени во јавниот сектор. „Владата не постапи во целост согласно Закон за измени и дополнување на Законот за минимална плата објавен во Сл. весник бр. 41 /2022година со кој е утврдена висина на минимална плата во износ од 18.000 денари во нето износ, што претставува зголемување од 18,4 проценти во однос на вредноста на предходната минимална плата.…
Глобалниот индекс на цените на храната на Агенцијата на ОН за храна во август падна петти месец по ред, бидејќи континуираниот извоз на жито од украинските пристаништа придонесе за подобри изгледи за снабдување. Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) денеска соопшти дека нејзиниот индекс на цени, кој ги следи најтргуваните прехранбени производи во светот, во просек изнесувал 138 поени минатиот месец, во однос на ревидираните 140,7 за јули. Индексот падна од рекордните 159,7 во март, забележани по руската инвазија на Украина. Индексот на цените на житариците на ФАО во август падна за 1,4 отсто на месечна основа. Украинските пристаништа на…
Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за два денара по литар, а мазутот поевтинува за 1,215 денари за килограм, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 отсто. Новата малопродажна цена на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 99,5 денари за литар. Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 87,5, Еуросупер БС-98 за 90, а Екстра лесното масло за домаќинство…
И кога имавме одредени проблеми, бевме секогаш блиски, а денес сме најблиски и повеќе немаме ниту едно отворено прашање и горд сум што можам да кажам дека имаме најдобри односи во историјата и верувам дека ќе бидеме умни така и да ги одржиме со децении, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во воведното излагање на политичкиот дел од самитот Отворен Балкан (ОБ), јави дописникот на МИА од Белград. Тој им честита на Северна Македонија и Албанија на почетокот на преговорите со ЕУ на што Србија помогнала во остварување на таа цел и изрази надеж дека Иницијативата ОБ и понатаму ќе придонесе…