Author: Sashko

Проблемот со снабдување со топлинска енергија во Град Скопје и во општините е решен и домаќинствата до крајот на грејната сезона ќе имаат непрекината испорака на парно греење, соопштија вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши на заедничката прес-конференција попладнево. Битиќи рече дека радијаторите на граѓаните на Град Скопје и на општините ќе останат топли до крајот на грејната сезона, додавајќи дека деновиве имаше јавни превирања за тоа каде припаѓа одговорноста за решавање на овој проблем. Иако обезбедувањето топлинска енергија е јавна комунална услуга, која треба и е…

Read More

Вицепремиерот за европски прашања во заминување, Никола Димитров воопшто не се кае за искажаните ставови на прес-конференцијата од пред два дена и, како што вели воопшто не молчел, ни додека бил во Владата. Не се каам и воопшто не молчев, ни додека бев во Владата. Не бев толку отворен, затоа што битката ја водев внатре, вели Димитров во вечерашното интервју за „360 степени“. Во однос на изјавата дека нема доверба во шефот на дипломатијата Бујар Османи околу решавањето на спорот со Бугарија, Димитров рече дека неговата проценка се темели на лично сведоштво на искажани ставови во рамките и на внатрешната…

Read More

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во денеска доставениот извештај пријави починато дете на шест месечна возраст, кое во регистарот „Мој термин“ е заведено дека починало на 03.01.2022 година. Според податоците добиени од Клиниката за детска хирургија, станува збор за дете со вродена аномалија на черепот. Доенчето е примено на Клиниката за неврохирургија заради оперативна интервенција. По добивање на ковид позитивен тест, детето е ставено во изолација на респираторна машина и е ординирана соодветна терапија. Со цел постоперативно третирање детето е хоспитализирано на Клиника за детска хирургија. По континуиран период на лоша општа состојба (со…

Read More

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада, Димитар Ковачевски на Фејсбук објави дека Владата ги активираше сите механизми, обезбедено е парно греење за скопјани. „Скопјани да бидат спокојни. Парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона со соодветна температура. Како што најавив, Владата ги активираше сите механизми, ги презеде чекорите за да обезбеди топли домови и проблемот е надминат. Владините претставници детално ќе информираат за решението на вечерашната прес конференција. Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно“ стои во објавата на Ковачевски.

Read More

Нови 1.732 случаја од кои 204 се реинфекции, 1.035 оздравени пациенти и седум починати лица, информира Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), за ковид состојбата во земјава за последните 24 часа. Направени се 6.928 тестови, а регистрирани се 1.732 нови случаи на ковид-19 во Скопје – 788, во Битола – 159, во Прилеп – 95, во Куманово – 79, во Охрид – 57, во Кавадарци – 47, во Велес – 45, во Кичево – 38, во Тетово – 35, во Штип – 34, во Струмица – 33, во Ресен – 31, во Гостивар – 30,…

Read More

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска пристигна група од 67 граѓани на Авганистан, вработени во организациите Национален демократски институт (NDI) и Националната фондација за демократија (NED) и членови на нивните семејства, се вели во соопштението од Влада. Продолжувајќи ја својата активна улога на солидарна земја, Северна Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава. Ова е дел од меѓународната операција за помош на демократското авганистанско население кое е во опасност од талибанските власти. По слетувањето беше спроведена стандардната процедура со безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест. Цивилите ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се…

Read More

Времето во земјава утре ќе биде сончево, студено и ветровито. Претежно во северните делови ќе има мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3 степени, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветар од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6 степени, а максималната ќе достигне 9 степени. Од УХМР најавуваат дека до понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб до умерен ветар од северен правец. Во недела и понеделник ќе има услови…

Read More

Вековната традиција на вевчанските василичари заврши со традиционалното палење на маските во центарот на селото. По дводневните акробации, хумор и сатира низ вевчанските улици, василичарите попладнево симболично го избркаа злото и со верба за среќа и бериќет во текот на претстојната година ја завршија годинашната матифестација Вевчански карневал. Двете василичарски друштва Горна и Долна маала со традиционалните маски зет и невеста, глупавите Августи, ѓаволите, зурлите и тапаните, годинава беа придружувани од Талибанци, вакцинални пунктови, пратеникот Кастриот Реџепи, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски…, ја збогатија отворената театарска сцена во…

Read More

Магдалена Ризова Черних е разрешена од должноста в.д. директорка на Националната установа „Театар Комедија“. Министерството за култура информира дека решението за престанок на должноста е поради работа која не е во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со Закон. Од раководното лице Магдалена Ризова Черних, вршител на должноста директор на Националната установа „Театар Комедија“ – Скопје, и покрај доставеното укажување од Министерството за култура за потреба од измени на подзаконскиот акт на Националната установа, до денот на донесување на решението за престанок на мандат, не е направено усогласување на Статутот на Националната установа „Театар Комедија“ -…

Read More

Во тековната грејна сезона, при тешка енергетска криза, успешно се справувавме со предизвикот да обезбедиме континуирана испорака на топлинска енергија во топловодната дистрибутивна мрежа и корисниците на системот за централно греење. Во четвртиот квартал во 2021 година, и покрај големиот раст на цената на природниот гас на слободниот пазар, компанијата успеа да ги амортизира пазарните ризици и обезбеди растот на цените на гасот на берзите да не се одрази врз цената на топлината што се испорачува на корисниците. На тој начин потрошувачите во првиот дел од грејната сезона воопшто не ги почувствуваа последиците од енергетската криза, се посочува во соопштението…

Read More

Согласно постоечкиот договор за набавка на природен гас кој ТЕ-ТО АД Скопје го има со важност до 31.01.2022 година, производната цена на електричната енергија од неговата постројка, со вклучен трошок за произведена, но ненаплатена топлинска енергија изнесува 270 евра/mwh без вклучен ДДВ, соопштија од ТЕ-ТО АД Скопје. Во случај на наплата на топлинската енергија, производната цена на електричната енергија од ТЕ-ТО АД Скопје изнесува 251 евро/mwh, без вклучен ДДВ. Продажба на електрична енергија под производната цена означува работење во загуба на ТЕ-ТО АД Скопје, се вели во дописот од компанијата. Притоа од компанијата напоменуваат дека испораката на топлинска енергија од…

Read More

Малите политички партии бараат пленарна седница во најкус можен рок и да почне расправата за измените на Изборниот законик. Доставиле и писмо до претседателот на Собранието, Талат Џафери. Бараат една изборна единица, пропорционален модел и без изборен праг. Во писмото упатено до претседателот на Собранието, потсетуваат дека Предлог-законот за измени во Изборниот законик е доставен уште на 5 март во 2021 година и дека тој е ставен на дневен ред на седницата закажана за 18 мај, но оти досега не е почната расправата. Со оглед на важноста на законот, инсистираме во најбрз можен рок да се закаже пленарна седница и…

Read More