Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

БЕГ: Имаме средства за набавка на гас до утре, Владата да го преземе парното греење

0
By Sashko on January 13, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 13, 2022 21:25

Во тековната грејна сезона, при тешка енергетска криза, успешно се справувавме со предизвикот да обезбедиме континуирана испорака на топлинска енергија во топловодната дистрибутивна мрежа и корисниците на системот за централно греење. Во четвртиот квартал во 2021 година, и покрај големиот раст на цената на природниот гас на слободниот пазар, компанијата успеа да ги амортизира пазарните ризици и обезбеди растот на цените на гасот на берзите да не се одрази врз цената на топлината што се испорачува на
корисниците. На тој начин потрошувачите во првиот дел од грејната сезона воопшто не ги почувствуваа последиците од енергетската криза, се посочува во соопштението на Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје (БЕГ).

Енергетската криза, сепак, продолжува и во новата 2022 година со висока цена на гасот на берзите што директно се одразува врз трошоците на работењето на компанијата. Одобрената тарифа за топлинска енергија од Регулаторната Комисија за енергетика покрива незначителен дел од овие зголемени трошоци.
Владата и нашата компанија вложија големи напори да се покрие финансискиот јаз меѓу набавната берзанска цена на природниот гас и одобрениот трошок во тарифата за производство на топлинска енергија кој за месец јануари 2022 година изнесува 9 милиони евра, истакнуваат од БЕГ.

Од таму, како што додаваат, „поради постоење на објективни пречки за обезбедување финансиски средства од државата, сè уште не е најдено решение за овој горлив проблем.

Во меѓувреме, од почетокот на грејната сезона, самостојно од своите ограничени тековни средства и приливи ја финансиравме набавката на природниот гас. Цената на гасот за месец јануари 2022 година, согласно договорот со добавувачот на природен гас, е определена како средна цена на јануарските фјучерси во месец декември 2021 година, кога цените на берзите достигнаа највисоко ниво. Добиваме голема помош од компанијата ТЕ-ТО АД која со своите испораки на топлинска енергија во системот ја намалува потребата за набавка на природен гас во износ од дополнителни пет милиони евра. Владата се заложи за итно плаќање на доспеаните фактури на буџетските
потрошувачи. Сепак, ликвидноста на ПТБЕ брзо се истоштува и има средства за набавка на гас до крајот на утрешниот ден, велат од БЕГ.

Како општествено одговорна компанија, велат од БЕГ, „информираме дека немаме повеќе ресурси за обезбедување на финансирање на грејната сезона без државна помош за компензирање на тарифита за производство на топлинска енергија со што нема да можеме да продолжиме со производство на топплина“.

„За да се обезбеди непрекинато производство на топлинска енергија во ПТБЕ, предложивме Владата да ја преземе компанијата во времено управување, почнувајќи од 14.01.2022 година, сè до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона“, порачуваат од БЕГ.

БЕГ Влада гас Македонија набавка парно средства
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.