Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе вонредна одлука за намалување на цените на бензините за два денара, а условот да се намали дизелот сè уште не е исполнет, информира претседателот на РКЕ Марко Бислимовски. „Во изминатиот период имаше голем број на шпекулации за начинот на формирање на цените на нафтените деривати. Ги следиме цените на медитеранската берза и за тоа од ПЛАЦ добива потврда за секој нафтен дериват посебно за бензин, посебно за дизел, посебно за екстра лесно, посебно за мазут. Цената на бренд нафтата ние не ја земаме во предвид бидејќи, за жал, во државата…
Есента 2022 година се очекуваат просечни температури на воздухот и сушна сезона со врнежи под просекот. Условите „Ла Ниња“ вообичаено носат поле на висок притисок во Атланскиот Океан што нема да дозволи големи варијации на температурите на воздухот. Според анализите за целиот југоисточен регион на Европа, се очекува есенските температури да бидат малку повисоки од просечните. За територијата на Република Северна Македонија постои поголема веројатност за мало позитивно отстапување на температурите на воздухот (околу +1°C од просечните). Ова го соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), согласно прогностичките материјали што ги презема од Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето (ECMWF)…
Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска, на почетокот на новата учебна година, го посети најстарото училиште во нашата држава, ООУ „Свети Кирил и Методиј“, Центар – Скопје и присуствуваше на свечениот прием за првачињата. Пендаровски, како што соопштија од неговиот Кабинет, бил информиран за воспитно-образовниот пристап на училиштето што се издвојува како пионер во повеќе области, а во кое настава следат ученици и со атипичен развој и се негуваат мултикултурните и мултиетничките вредности на нашето општество. На првиот училишен час претседателот Пендаровски на првачињата им посакал успешна учебна година, изразувајќи уверување дека освен тоа што ќе стекнат нови знаења…
Хелсиншкиот комитет денеска соопшти дека Основниот граѓански суд во Скопје утврдил дека Владата и Државната изборна комисија (ДИК) сториле директна дискриминација врз лицата со попреченост при остварување на нивното право на глас. „Судот утврди дека директната дискриминација е сторена со непреземање, односно, со пропуштање да се преземат дејствија за приспособување на инфраструктурата и просторот до и во дел од избирачките места и го повредиле начелото на соодветно приспособување. На овој начин, тужените оневозможиле лицата со попреченост да го остварат нивното право на глас, а со тоа го попречиле и активното учество на лицата со попреченост во политичкиот живот на државата“,…
Португалската министерка за здравство, Марта Темидо со поднесе оставка на функцијата по неколку часа од смртта на бремена индиска туристка во Португалија, пишува „Ројтерс“. Трудницата не била примена во породилиште со образложение дека капацитетот бил преполн. Индијката на возраст од 34 години почина од затајување на срцето на пат кон друга болница во Лисабон. Нејзиното дете го преживеа породувањето и се наоѓа во добра здравствен состојба. Португалскиот премиер Антонио Кошта рече дека смртта на индиската туристка била „капка која ја прелила чашата“ и ја поттикнала министерката на таков чекор. Во соопштение за оставката на Темидо се заклучува дека повеќе нема…
Во насока на континуирано мотивирање на вработените во Министерството за внатрешни работи (МВР), издејствувавме зголемување на платите за пет проценти почнувајќи од 1 септември 2022 година, од Буџетот на МВР, што претставува трето покачување на платите на вработени во МВР, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил. Во 2018 година, појаснува, се издејствува зголемување на платите за околу 5.000 униформирани полициски службеници, притоа овозможувајќи издвојување на работните позиции помлад полицаец, полицаец и виш полицаец од останатите вработени. „Со ова за првпат е извршено зголемување на бодови за полициски службеници за 10 и 20 бодови за работната…
Челникот на руски „Лукоил“, Равил Маганов (67) почина претпладнево по пад од прозорец во болница во Москва, изјави извор за „Ројтерс“. И дел од руските медиуми известија за смртта на Маганов, но сè уште се немаат огласено од компанијата. Маганов беше во вториот по големина руски производител на нафта од 1993 година, кога е основана компанијата. Во прво време беше задолжен за надзор на рафинеријата, производството и истражувањето, потоа извршуваше и други функции, пред да биде назначен за претседател на Управата во 2020 година. Неговиот брат Наил е на чело на компанијата „Татнефт“, руски производител на нафта со средна големина.
Од денеска стапува на сила одлуката за едномесечна кризна состојба во енергетиката, но и мерките за штедење на струја кои ќе важат до 31 март во 2023 и треба донесат заштеда до 15 проценти на потрошувачката. Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, ладење со клими на не помалку од 27 степени и греење на максимум 20 степени, исклучување на компјутерите по завршување на работните обврски, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, печатење само на потребните материјали, замена на прозорците со енергетски ефикасни, се…
Уставните измени се неопходни за Северна Македонија за продолжување на пристапните преговори со Европската Унија (ЕУ), но истовремено Унијата треба да ја зајакне својата улога и позицијата во земјата и да им покаже на младите дека тоа вреди, порача германскиот пратеник и претседател на Комисијата за надворена политика во Бундестагот Михаил Рот, кој вчера престојуваше во Скопје и нагласи оти никој нема право да се меша во културниот идентитет. Рот имаше средба со претседателот на државата Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со претседателот на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски, а во текот на денот и со…
Околу 255.000 основци и средношколци денеска ја почнуваат учебната 2022/2023 година во која наставата, по две пандемиски години, стартува без антиковид протоколи и заштитни маски. За учениците од прво, второ, четврто и од петто одделение се подготвени нови наставни програми за предметите, согласно Концепцијата за основно образование која од лани се спроведува етапно и, според планот, треба да биде заокружена за пет години во целото деветгодишно образование. Учебниците, според новите наставни програми, се во различна фаза на одобрување и додека ги добијат, учениците од овие одделенија ќе учат од соодветни материјали во кои се разработени содржините од првото тримесечје. Од…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг Михаел Рот на денешната средба со претседателот на Парламентот Талат Џафери нагласил дека неговата посета се реализира како поддршка на следните чекори кои Собранието треба да ги преземе за непречен тек на процесот на преговори за членство во Европската Унија (ЕУ). Во соопштението од собраниската прес-служба се наведува дека изразувајќи целосно разбирање за фрустрациите и разочараноста од актуелните случувања, Рот потенцирал дека ЕУ нема право да се меша во јазичниот и културниот идентитет на Македонците и тоа мора да се почитува. „Во однос на претстојните уставни измени за влегување во следната…
Пишува: Зеф Пречи Од низа објективни и субјективни причини, движењата во нашата национална економија во блиска иднина значително ќе бидат условени од економските и фискалните политики на Владата, како и од движењата на меѓународните пазари, особено во земјите од ЕУ. Албанија има мала, неконкурентна економија, очигледно контролирана од неколку олигарси и со владини политики во кои доминираат пропагандата и просечноста. Без оглед на изедначената рамнотежа на внатрешните и надворешните фактори кои го одредуваат темпото на овој развој, економската, фискалната и монетарната политика на Владата и централната банка добиваат поголемо значење од вообичаеното или во помирни економски ситуации.