Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Времето во наредните денови ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и со снег на повисоките места и планините. Како што информира УХМР, повеќе врнежи се очекуваат во понеделник, кога ќе дува умерен, а во вторник и среда засилен ветар од северен правец. Утре и во недела по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Максималната температура во сабота ќе биде десет, а во недела 12 степени. Од понеделни се очекува и намалување на температурите.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка до сите православни христијани по повод Христовото раѓање – Божик. Посакувам здравје и среќа, љубов и хармонија во нивните семејства. И на останатите граѓани кои не се од христијанска вероисповед им посакувам здравје, бериќет, среќа и хармонија и во нивните домови, бидејќи ќе нѝ треба, затоа што сите заедно сме посилни и затоа што само сите заедно можеме да ги победиме предизвиците во 2022 година, порача Мицкоски претпладнево пред Соборниот храм во Скопје. https://www.youtube.com/watch?v=omjL2YbYCWs
По повод христијанскиот празник Божик, претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети упати честитка до сите верници. Имам чест на сите православни верници да им го честитам големиот празник Божик со најискрени желби за здравје, благосостојба и успех. Божик е, се наведува во честитката на лидерот на интегративците, „празник на надежта и вербата за нов почеток на животот и во овој дух, славејќи заедно за да ја обновиме вербата и посветеноста на општото добро на животот за сите наши граѓани, правејќи го секој од нас уште подобар и покорисен за нашето општество“. Посакувам овој празник да го поминете…
По повод големиот христијански празник Божиќ, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, упати честитка до сите граѓани кои го слават, до православните христијани. Ви го честитам големиот празник, раѓањето Христово – Божиќ. Нека вашите домови бидат исполнети со радост, спокој и мир, пишува Ковачевски во честитката. Христовото раѓање, продолжува Ковачевски во Божикната честитка, симболизира нови почетоци, нова надеж, победа на доброто врз најголемите искушенија, а во духот на човековите христијански вредности повикува на меѓусебно почитување, толеранција и помагање. „Да продолжиме да негуваме добри мисли, да си помагаме, да не води надежта за подобро заедничко утре, сплотени кон подобра иднина и просперитет на целото општество. Христос…
Американската команда за специјални операции за Европа (SOCEUR) ќе отвори база во Албанија на ротирачка основа, објави вчера албанскиот премиер, Еди Рама. Ова е фантастична вест. Тоа е одраз на многу висок кредибилитет и многу блиска соработка, истакна Рама во видеопорака, читајќи ја изјавата на SOCEUR. Специјалните сили, кои се високо обучени и опремени со напредна комуникациска опрема и оружје, често се користат во антитерористички или извидувачки операции и можат да се инфилтрираат во непријателските линии. Сè уште не е целосно прецизирано каква ќе биде улогата на овие американски сили во Албанија. САД веќе имаат 600 војници стационирани на Косово,…
Денешниот ден, кога го славиме Христовото раѓање и победата на доброто над злото, е симбол на заедништвото и значењето на одржување на семејната хармонија и безусловна љубов. Овие празнични денови нека ви бидат исполнети со добро здравје и духовен мир, водени од надежта дека Бог е со нас и славејќи ја радосната вест за неговото раѓање, напиша премиерот Зоран Заев во честитка по повод празникот Рождество Христово – Божик. Во честитката до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, претставниците на Синодот, свештениците, монасите и до сите граѓани, Заев вели дека светлината на раѓањето на Господ Исус…
Претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев за време на обраќањето до нацијата, издаде наредба да се отвори оган „врз терористите“ без предупредување. Претседателот рече и дека казахстанските власти немаат намера да преговараат со терористите. Од странство се повикуваат страните да преговараат за мирно решавање на проблемите. Целосна глупост. Какви преговори може да се водат со криминалци, со убијци? – Имаме работа со вооружени и обучени бандити, рече Токаев. Казахстанскиот лидер рече дека главниот град на државата бил нападнат од 20.000 „бандити“ и изрази „посебна благодарност“ до рускиот претседател Владимир Путин за испраќањето војници.
Премиерот на Бугарија, Кирил Петков потврди дека на 18 јануари ќе ја посети Република Северна Македонија, во одговор на седница за пратенички прашања во Народното собрание. Петков рече дека добрососедството е многу важен принцип во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Тој додаде дека ставот на Бугарија за преговарачкиот процес со Република Северна Македонија е зачуван токму онака како што е договорено во коалицискиот договор меѓу партиите во владејачката коалиција. Ставот е ист, вели тој, но владата во Софија го надградува со пет посебни различни комисии за надградба на овие односи. Петков изрази чудење зошто во 2021 година немало ниту…
Австралиската министерка за внатрешни работи Карен Ендрјуз рече дека Новак Ѓоковиќ може да ја напушти Австралија кога ќе посака. Притоа таа ги отфрли обвинувањата од семејството на српскиот тенисер дека „австралиската Влада го држи Новак во заробеништво“. Ѓоковиќ не е затвореник во Австралија. Тој може да ја напушти земјата во било кој момент, а официјални гранични лица ќе му помогнат во тоа, изјави Ендрјуз во разговор за „Еј-Би-Си“. Ендрјуз додаде дека граничните служби проверуваат случаи со други тенисери кои се влезени во земјата врз основа на слични причини за исклучок за задолжителна вакцинација како Ѓоковиќ. https://www.youtube.com/watch?v=ld0oxFf2S2M&t=59s Првиот светски рекет е…
Бројот на активни случаи со ковид-19 во земјава изнесува 8.209, што е раст за над 1.300 случаи за само едно деноноќие. Во последните 24 часа беа направени 7.472 тестирања, при што се регистрираа 1.725 нови позитивни резултати, починаа две лица, а оздравеа 332. Како што информира Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од новорегистрираните случаи најмногу има во Скопје – 1028, следат Битола – 148, Прилеп – 112, Охрид – 61, итн. Досега во земјата се направени вкупно 1.633.936 милиони тестирања на ковид-19, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 230.265, бројот…
Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се закани дека невакцинираните луѓе ќе бидат приведени доколку не ја послушаат наредбата да останат дома, откако во државата е потврден најголем број на заразени со коронавирусот во изминатите три месеци. Во телевизиското обраќање до нацијата, Дутерте рече дека ќе побара од водачите на заедницата да бараат невакцинирани луѓе и да се погрижат да не ги напуштаат своите домови. Ако ја напушти куќата и се движи низ заедницата, дозволено е да биде запрен. Ако се спротиставува, капетанот сега е овластен да апси непослушни лица, рече Дутерте. Дневните инфекции со коронавирус на Филипините се највисоки од 26…
Социјалната мрежа на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе почне да функционира на 21 февруари. Медиумот се нарекува TRUTH Social и се раководи од Trump Media & Technology Group. Тоа е извесна алтернатива на Фејсбук, Твитер и Јутјуб, кои го блокираа Трамп затоа што ги поттикна своите поддржувачи на насилство пред упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година, јавија американските медиуми. Ќе работи на принципот на микроблогирање, корисниците ќе можат да следат други корисници, да поставуваат објави и да додаваат фотографии, линкови до видеа и статии. Креаторите на платформата уверуваат дека социјалната мрежа ќе се стреми да биде платформа…