Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Православните христијани во земјава денеска го слават Рождеството Христово-Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи литургија на Св.Василиј Велики. Македoнските православни верници вчера го прославија Бадник а денеска го слават Христовото раѓање со традиционалната честитка: Христос се роди! – Навистина се роди! Во сите храмови на Македонската православна црква утринава со биење на камбаните и со литургии се најавува доаѓањето и прославата на Божик. Втора година по ред, Божик се слави во поинакви услови поради пандемијата на…
Јапонскиот ски-скокач Рјоју Кобајаши е победник на турнејата „Четири скокалници“. Тој, вечерва во Бишофсхофен, на последниот натпревар од Турнејата го освои петтото место, што му беше доволно да биде вкупен победник. Инаку, триумф во Бишофсхофен прослави Даниел Хубер од Австрија со скокови од 136,5 метри, односно 137 метри што му донесоа вкупно 286,8 бодови. Ова е прва победа за Хубер во Светскиот куп. Второто место му припадна на Хелвор Егнер Гранеруд од Норвешка со скокови 136,5 и 136 метри и 282,4 бода. Трет беше Карл Гајгер од Германија со 140,5 и 132 метра и 281,9 бода. Генерален пласман на Турнејата:…
Високо заразниот Oмикрон сој на коронавирусот создава помалку опасен тек на ковид-19 од глобално доминантниот Делта сој, но не треба да се карактеризира како „благ“, изјавија денеска лидерите на Светската здравствена организација (СЗО). Шефот на клиничкиот менаџмент на СЗО, Џенет Дијаз кажа дека претходните студии покажале оти постои намален ризик од хоспитализација поради Омикронот, во споредба со Делта сојот, пренесоа британските медиуми. Опасноста е помала и за младите и за постарите, додаде Дијаз. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, изјави дека Омикрон сојот не треба да се смета за „благ“, бидејќи негативни рекорди паѓаат низ целиот свет, здравствените системи…
Во координирана акција на полициски службеници од ПС Гевгелија и граничната полиција, денеска околу 13:30 часот на патниот правец с. Прдејци – с.Смоквица, е приведен П.Г. (48) од с. Богданци поради криумчарење на мигранти. Како што соопшти МВР, при контрола на возилото „форд фокус“ со гевгелиски регистарски таблички што го управувал приведениот, било утврдено дека превезувал пет лица-мигранти од Куба. По целосно документирање на случајот, против П.Г. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Во Врање, заклучно со 5 јануари оваа година, се дадени точно 116.548 дози од сите вакцини против коронавирусот, соопштиja од Здравствениот дом во Врање, јави дописникот на МИА од Белград. На граѓаните на Врање и на Србија им биле дадени 89.830 дози, на граѓаните на Северна Македонија – 26.689 и на граѓаните на БиХ – 29 дози. Од сите четири типа на достапни вакцини, убедливо најчесто давана е вакцината на кинески „Синофарм“ – 72.098 дози. „Фајзер“ бил даден во 35.275 дози, руски „Спутник-В“ во 8.243, а „АстраЗенека“ во 932 случаи.
Во последните 24 часа во земјава се направени се 7.472 тестирања, а регистрирани се 1.725 нови случаи на ковид-19, починале две лица, а оздравени се 332 пациенти, информира Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од новорегистрираните случаи, во Скопје се 1.028, во Битола – 148, во Прилеп – 112, во Охрид – 61, во Куманово – 52, во Кавадарци – 43, во Гевгелија – 32, во Штип – 31, во Струмица – 24, во Тетово – 22, во Гостивар – 21, во Кичево – 20, во Велес – 16, во Кочани -14, во Делчево…
Премиерот на Бугарија, Кирил Петков покажал интерес за можноста за воведување на лет Софија – Скопје, како манифестација на добра волја, изјави бугарскиот министер за транспорт, Николај Сабев на состанокот на Комитетот за транспорт во Националното Собрание. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Сабев рече дека бил поканет од премиерот Петков да го придружува за време на неговата посета на Северна Македонија и дека ќе преговара со колегите од Северна Македонија, како што вели, „за да имаме лесна и брза транзиција“. Министерот за транспорт Сабев воедно, наведе дека се преговара со конкретни авиокомпании кои би биле заинтересирани да…
Претседателот на САД, Џо Бајден го обвини неговиот претходник Доналд Трамп дека претставува континуирана закана за американската демократија во говор на годишнината од смртоносниот напад врз американскиот Капитол од поддржувачите на Трамп кои се обидоа да го поништат неговиот изборен пораз во 2020 година. Зборувајќи во зградата во која се случија немирите на 6 јануари 2021 година, Бајден предупреди дека лажните тврдења на Трамп дека изборите му биле украдени преку широко распространета гласачка измама може да го разоткрие владеењето на правото и да ги поткопа идните избори. Мора да бидеме апсолутно јасни за тоа што е вистина, а што лага.…
Празнично обединување на семејствата, споделување на убавите зборови и благородни мисли, солидаризирање со помалку среќните, било да се тие блиски или далечни, познати или непознати, нека ве исполнат со волшебниот мир и спокој што ги даваат празниците, напиша во честитка по повод Божиќ претседателот на Собранието, Талат Џафери во лично име и од името на пратениците. Ширењето на позитивните мисли на надеж, верба, меѓусебна почит и разбирање, хуманост, пожртвуваност и сплотеност, вели Џафери, се должност на секој од нас. „Минатата година беше посебно тешка и тажна за нашата земја, за нашите граѓани и јас се надевам дека никогаш повеќе нема…
Првиот светски тениски рекет, Новак Ѓоковиќ се наоѓа во карантин во Мелбурн, а со себе нема ниту паричник, ниту лични документи и работи. Сместен е во хотел „Парк“, откако беше одбиен за виза за влез во Австралија. Хотелот во кој е сместен е наменет за бегалци и за лица кои бараат азил. Условите во него не се идеални, а Ѓоковиќ забележал и бубачки во собата. На Ѓоковиќ не му беше дозволена да оди во изнајмен стан во кој е неговиот тим. Освојувачот на 20 гренд слем титули сигурно ќе остане во Австралија до понеделник, кога Федералниот суд треба да донесе…
Во близина на главниот плоштад во Алмати, најголемиот град во Казахстан, се слушнаа експлозија и пукотници, јавуваат дописниците на западни новински агенции од местото на настанот. Според очевидци, забележани се воени возила што движат кон плоштадот. Истрели се слушнаа од насока на канцеларијата на градоначалникот, во која вчера околу 17:30 часот по локално време (1130 GMT) упаднаа демонстранти. Десетици илјади луѓе се излезени на улиците во градови во Казахстан во изминатите денови во најголемите протести што земјата ги видела од стекнувањето независност од Советскиот Сојуз пред три децении. Протестите почнаа поради, речиси, двојно зголемување на цените за гориво за возила.
Поради наводи за сторено кривично дело – фалсификување на ковид сертификати во казино во Дојран, полицијата од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Струмица – ОВР Гевгелија вчера извршила претреси на три локации и целокупната одземена документација ќе биде доставена до Основното јавно обвинителство Гевгелија за нивно постапување. Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска информира дека претресите, по претходно добиена судска наредба од Основен суд Гевгелија, се извршени кај три правни лица, при што е одземена службена медицинска документација, која се однесува на извршени тестирања за присуство на ковид-19, направени претежно на лица од странство. Одземен е електронски дневник (книга)…