Во Врање, заклучно со 5 јануари оваа година, се дадени точно 116.548 дози од сите вакцини против коронавирусот, соопштиja од Здравствениот дом во Врање, јави дописникот на МИА од Белград.

На граѓаните на Врање и на Србија им биле дадени 89.830 дози, на граѓаните на Северна Македонија – 26.689 и на граѓаните на БиХ – 29 дози.

Од сите четири типа на достапни вакцини, убедливо најчесто давана е вакцината на кинески „Синофарм“ – 72.098 дози.

„Фајзер“ бил даден во 35.275 дози, руски „Спутник-В“ во 8.243, а „АстраЗенека“ во 932 случаи.