Во координирана акција на полициски службеници од ПС Гевгелија и граничната полиција, денеска околу 13:30 часот на патниот правец с. Прдејци – с.Смоквица, е приведен П.Г. (48) од с. Богданци поради криумчарење на мигранти.

Како што соопшти МВР, при контрола на возилото  „форд фокус“ со гевгелиски регистарски таблички што го управувал приведениот, било утврдено дека превезувал пет лица-мигранти од Куба.

По целосно документирање на случајот, против П.Г. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.