Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Согласно Законот за празници на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 6 јануари 2022 година (четврток), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Од МТСП им го честитаат Бадник на граѓаните од православната вероисповед.
Претставникот на кинеското Министерство за надворешни работи, Фу Конг ги повика САД да не прават проценка на кинескиот нуклеарен арсенал врз основа на сателитски снимки. Обидите да се користат сателитски снимки за да се открие каков нуклеарен арсенал има Кина се несериозни за САД, изјави Фу, директор на одделот за контрола на оружјето, пренесен од руските медиуми. Неколку американски медиуми минатата година објавија дека Кина гради силоси за интерконтинентални балистички ракети на најмалку три локации, а „Вашингтон Тајмс“ тврди дека таков заклучок е донесен во разузнавачките извештаи врз основа на сателитски снимки направени во 2021 година. Според извештаи на медиуми,…
Најниски температури од -3 степени утрово во 7 часот се измерени во скопски Петровец, во Тетово и во Берово. Следат, Битола, Струмица и Демир Капија со -2, во Штип и на Попова Шапка се измерени -1, во Скопје Зајчев Рид, во Прилеп, во Крива Паланка и во Лазарополе било 0, итн. Како што информира УХМР, највисока снежна покривка е измерена на Попова Шапка – 27 сантиметри.
Според најновата анкета на „Си-Би-Ес њуз“ (CBS News), 66 проценти од Американците изјавиле дека демократијата е делумно, а според некои и многу загрозена, додека само 33 отсто се изјасниле дека демократијата е безбедна. Резултатите од анкетата се објавени неколку дена пред годишнината од нападот врз Капитол, кога приврзаниците на поранешниот американски претседател Доналд Трамп упаднаа во Конгресот додека траеше седницата на која требаше да биде потврдена изборната победа на Џо Бајден. Дури 83 отсто од испитаниците изјавиле дека не го одобруваат упадот во Капитол и го оценија како обид за соборување на американската Влада и обид Трамп да остане на…
Богатството на американскиот претприемач Илон Маск се зголеми за 32,6 милијарди долари за само еден ден и достигна 304,2 милијарди долари, според податоци на магазинот „Форбс“. Растот се должи на значителниот скок на вредноста на акциите на неговата компанија „Тесла“. На тој начин, богатството на Маск се врати на нивото од ноември минатата година, кога за првпат надмина 300 милијарди долари. Маск беше најбогат човек на планетата и пред подемот на „Тесла“. Сега, сепак, неговото богатство ја зголеми разликата во однос на неговиот најблизок ривал во бизнисот, извршниот директор на француската групација на компании ЛВМХ (Louis Vuitton Moet Hennessy) Бернар…
Израелски воен хеликоптер вчера се урна во морето кај северниот брег на Израел, при што загинаа двајца пилоти, соопшти израелската војска. Третиот член на екипажот е повреден во несреќата и итно е пренесен во болница. Хеликоптерот се урнал за време на тренажен лет, а командата на израелските воздухопловни сили отворила истрага за случајот и наредила привремена суспензија на летовите за обука. Исто така, командата наредила и привремен прекин на сите летови со поморскиот хеликоптер „Пантер“.
Илјадници училишта во САД го одложија враќањето на учениците во клупи што беше планирано за оваа недела или се одлучија за онлајн настава, бидејќи бројот на случаи на ковид-19 достигна рекордно ниво поради ширењето на омикрон варијантата на коронавирусот. Меѓутоа, официјални лица во некои училиштни области, сепак, инсистираа за отворање на училиштата, вклучително и во Њујорк, каде што минатата недела секое трето тестирано лице било позитивно на ковид-19, според вчера објавените податоци од градските власти. Новиот градоначалник на Њујорк, Ерик Адамс, кој ја презеде функцијата викендот од Бил де Бласио, вети дека ќе го задржи отворен најголемиот училиштен систем во…
Северна Македонија очекува конструктивeн пристап и разговори со новата бугарска Влада и брзо деблокирање на процесот за почеток на преговорите на земјава за членство во Европската Унија (ЕУ). Средбите се очекува да се одржат по изгласување на новата влада во македонското Собрание, а дотогаш, како што најавува шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи ќе се работи на подготвителните активности за реализирање на тие средби. Во меѓувреме, бугарскиот министер за иновации Даниел Лорер изјави дека бугарски национален интерес е Северна Македонија да се приклучи кон ЕУ, а лидерот на бугарското движење „Има таков народ“, Слави Трифонов излезе со предлог – Бугарија…
Бројот на новозаболени со ковид-19 во земјава од почетокот на годината е во постојан пад и во првите три дена се регистрирани вкупно 923 нови случаи, 1.328 лица оздравеа, додека 15 пациенти починаа. Во надолна линија се и активните случаи чиј број во моментот изнесува 4.817. Според податоци од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), на 1 јануари се регистрирани 435 новозаболени и 534 оздравени, на 2 јануари – 246 нови случаи и 547 оздравени и на 3 јануари – 242 нови случаи и 247 оздравени. Околу 20 проценти од активните случаи на ковид-19 се регистрирани во последните три дена. По…
И денеска во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне, според најавите на синоптичарите, е можна појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветар од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 степени, а максималната од 10 до 17 степени. Во Скопје, слично време со минимална температура до 0 степени и максимална до 11 степени. Во следните два дена ќе се задржи стабилно и релативно топло време, претпладне со значителна облачност и магла по одделни котлини. Од четврток попладне ќе настапи период на променливо облачно време со…
Царинската управа ја заврши 2021 година со вкупно наплатени приходи од 103,47 милијарди денари или 1,68 милијарди евра по основ на царински давачки, ДДВ, акцизи и други надоместоци при увоз и внатрешен промет, соопштија од институцијата. Наплатените приходи во 2021 година се поголеми за 24,70 отсто во однос на 2020 година, односно за 12,81 отсто во однос на 2019 година, се наведува во соопштението на Царина. Од царинската управа порачуваат дека и во 2022 година ќе бидат фокусирани на имплементација на мерки и активности во насока на зголемена финансиска дисциплина и наплата на приходите од сите учесници во царинските постапки.
Позаразниот Омикрон сој на коронавирусот брзо се шири низ Велика Британија и се очекува да стане доминантен во земјата, објави британски „Индепендент“. Тамошните здравствени власти досега регистрираат стотици смртни случаи како последица на Омикрон и десетици илјади инфекции. И покрај високите бројки, премиерот Борис Џонсон ја отфрли можноста за воведување на нови ограничувања пред Божиќ, но рече дека владата „го задржува правото“ да спроведе мерки во наредните недели. Дали вакцините се ефикасни против Омикрон? Најновата анализа на Агенцијата за здравствена безбедност при владата на Велика Британија покажува дека две апчиња за ковид-19 не нудат силна заштита од симптоматска инфекција на…