Израелски воен хеликоптер вчера се урна во морето кај северниот брег на Израел, при што загинаа двајца пилоти, соопшти израелската војска. Третиот член на екипажот е повреден во несреќата и итно е пренесен во болница.

Хеликоптерот се урнал за време на тренажен лет, а командата на израелските воздухопловни сили отворила истрага за случајот и наредила привремена суспензија на летовите за обука.
Исто така, командата наредила и привремен прекин на сите летови со поморскиот хеликоптер „Пантер“.