Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија очекува деблокада од Софија, Трифонов го услови ветото со укинување на визите за САД и прием на Бугарија во Шенген зоната

0
By Sashko on January 4, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 4, 2022 08:14

Северна Македонија очекува конструктивeн пристап и разговори со новата бугарска Влада и брзо деблокирање на процесот за почеток на преговорите на земјава за членство во Европската Унија (ЕУ). Средбите се очекува да се одржат по изгласување на новата влада во македонското Собрание, а дотогаш, како што најавува шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи ќе се работи на подготвителните активности за реализирање на тие средби.

Во меѓувреме, бугарскиот министер за иновации Даниел Лорер изјави дека бугарски национален интерес е Северна Македонија да се приклучи кон ЕУ, а лидерот на бугарското движење „Има таков народ“, Слави Трифонов излезе со предлог – Бугарија да го симне ветото за С. Македонија, ако САД ги укинат визите за бугарските граѓани и ако Бугарија веднаш стане членка на Шенген зоната.

Според шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи важно е да се врати довербата и да се разговара за суштинските прашања кои се на маса. Целта на посетата и средбите, како што изјави Османи, е враќање на односите во еден нормален, европски колосек. Проширувањето, вели тој, не е од интерес само за земјава, туку е стратешко геополитичко прашање за Унијата.

Проширувањето не е само наш интерес или на земјите кандидати, туку е стратешко геополитичко прашање за Унијата, вклучувајќи и за земјите членки, па и за Бугарија. И оттука, очекуваме во рамки на таа визија да ги продолжиме разговорите, бидејќи и нашите односи ќе го добијат својот вистински потенцијал доколку се остваруваат во рамки на евроинтеграциските аспирации, односно амбиции на регионот, рече Османи вчера на прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања.

Во втората половина на јануари, по формирање на новата Влада во земјава, се очекува да се конкретизира и комуникацијата со Франција, како актуелен претседавач со ЕУ, околу можностите што земјава би ги имала за време на француското претседателство.

Веќе е воспоставена комуникација и барање за посета и средба со највисоките француски власти. Првично беше договорено таа средба да се реализира овие денови, меѓутоа сепак одлучивме дека такво нешто треба да се реализира во втората половина на јануари, по формирање на новата влада, изјави Османи.

Од друга страна, лидерот на бугарското движење „Има таков народ“, Слави Трифонов вчера во објава на „Фејсбук“ го соопшти својот предлог поврзан со бугарското вето за Северна Македонија. Тој предложи Бугарија да ѝ дозволи влез на Северна Македонија во ЕУ, ако САД ги укинат визите за бугарските граѓани и земјата веднаш да стане членка на Шенген зоната.

Сега сме помалку Европејци од вистински Европејци. Значи барам веднаш да нема визи за САД и веднаш да станеме членка на Шенген зоната, напиша меѓу другото Трифонов во статусот на Фејсбук.

Реакција пристигна од потпретседателот на 47. Народно собрание на Бугарија и поранешен министер за надворешни работи Кристијан Вигенин, кој изрази надеж дека импровизираните изјави во оваа фаза ќе бидат сведени на минимум за да, како што вели, не се создаде лажна претстава за пукнатини во позицијата на Бугарија или меѓу коалиционите партнери.

Вигенин на „Фејсбук“ напиша дека коалицискиот договор за владеење меѓу „Промената продолжува“, БСП, „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“ има јасен став за европската перспектива на Северна Македонија и дека оваа тема останува една од најголемите предизвици за бугарската Влада во областа на надворешната и европската политика.

Според Вигенин, одржувањето на широк политички договор и соработка меѓу институциите во земјата е клучот за успешна одбрана на бугарскиот интерес. Тој смета дека Советодавниот совет за национална безбедност свикан од претседателот на Бугарија е добра можност да се добијат нови информации и да се споделат политичките ставови за следните чекори.

Бугарскиот министер за иновации Лорер, пак, оцени дека отворањето на преговорите со Северна Македонија треба да биде важна цел за бугарската дипломатија. Тој, во изјава за БНР, нагласи дека бугарски национален интерес е Бугарија да се претвори во исклучително богата и социјално праведна држава, опколена со исти такви соседи.

Франција, која од 1 јануари го презеде претседавањето со ЕУ од Словенија, пред помалку од еден месец ги презентираше и приоритетите за време на нејзиното претседателство со Унијата. Иако проширувањето не се споменува децидно, сепак познавачите не исклучуваат напредок во процесот за Северна Македонија и за Албанија, особено поради тоа што веќе се споменуваше француска иницијатива за решавање на македонско-бугарскиот спор и тргање на бугарското вето.

Нема да можеме да изградиме Европа на мирот во следните 50 години ако го оставиме Западниот Балкан како што е денеска, изјави Макрон на 9 декември и најави конференција за регионот во јуни.

Францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер, пак во интервју за „360 степени“ минатиот месец изјави оти може да се очекува Макрон да преземе чекори за олеснување на дијалогот меѓу Софија и Скопје, односно иницијатива за придвижување на работите.

Тој не кажа за какви конкретно потези станува збор, но потенцира дека почнувањето на преговорите меѓу ЕУ и Северна Македонија е нешто што сите го посакуваат.

Мислам дека наредното ваше прашање ќе биде – за што се работи попрецизно всушност, но јас би останал дискретен, бидејќи најважно е да бидеме ефикасни, да имаме активности што ќе овозможат деблокада на процесот и да се постигне тој резултат, којшто сите денес го посакуваат, а тоа е решавање на состојбата што е можно побрзо за да се почнат преговорите за членство во ЕУ. Тоа значи дека не се наоѓаме во фаза на јавна комуникација, туку во фаза на мобилизација, а за да се зголемат шансите за успех понекогаш треба да бидеме многу дискретни, затоа што најважно е да бидеме убедливи и да имаме рационален пристап којшто на крајот ќе ни го донесе посакуваниот резултат, рече Бомгартнер, кој додаде дека целта е преговорите со Северна Македонија да почнат што е можно побрзо.

Потсетувајќи дека во Франција ќе има претседателски избори во април, парламентарни на почетокот на јуни, напомена дека можностите за дејствување на Париз за време на изборите ќе бидат ограничени.

Бугарија вето ЕУ Македонија пристап разговори членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.