Царинската управа ја заврши 2021 година со вкупно наплатени приходи од 103,47 милијарди денари или 1,68 милијарди евра по основ на царински давачки, ДДВ, акцизи и други надоместоци при увоз и внатрешен промет, соопштија од институцијата.

Наплатените приходи во 2021 година се поголеми за 24,70 отсто во однос на 2020 година, односно за 12,81 отсто во однос на 2019 година, се наведува во соопштението на Царина.

Од царинската управа порачуваат дека и во 2022 година ќе бидат фокусирани на имплементација на мерки и активности во насока на зголемена финансиска дисциплина и наплата на приходите од сите учесници во царинските постапки.