Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Американската конгресменка Мери Геј Сканлон била ограбена преку ден во Филаделфија, кога двајца непознати напаѓачи и впериле пиштол додека била во автомобилот. Под закана со пиштол, Сканлон морала да го напушти возилото, а криминалците и го украле автомобилот и личните работи, вклучително и државен мобилен телефон и лична карта. Нејзината канцеларија соопшти дека таа не е повредена, а во потрагата по напаѓачите се вклучи и ФБИ.
Американската агенција за лекови (ФДА) го одобри првото лекарство за итна употреба против ковид-19, што е важна фаза во борбата против пандемијата и може да им овозможи на милиони пациенти да добијат третман. Станува збор за таблетата „Паксловид“ на „Фајзер“ која ќе може да се зема во домашни услови и треба да спречи тешки форми на болеста. Ова одобрување обезбедува ново средство за борба против ковид-19 во важен момент за пандемијата, кога се појавуваат нови соеви, наведе Патриша Кавазони, функционерка во ФДА. Таблетата може да се дава на високоризични пациенти постари од 12 години, наведува американската агенција.
Врховниот суд на САД се согласи да иницира расправа околу наметнатата обврска од администрацијата на Бајден за вакцинирање или тестирање за ковид-19 за големите компании и обврските за вакцинирање на здравствените работници. Во краткиот судско соопштение се вели дека судот ќе ги сослуша усните аргументи на 7 јануари во два случаја, а пресудите најверојатно ќе следат по кратко време. Судот, кој има конзервативно мнозинство од 6-3, ја одложи итната постапка во двата случаја. Обврската на работното место моментно е на сила на национално ниво, додека обврската за здравствените работницие блокирана е во пола од 50-те американски држави. Администрацијата на Бајден…
Американскиот претседател Џо Бајден (79) во синоќешното интервју на „Еј-Би-Си“ рече дека ќе биде уште порешителен да се кандидира за втор мандат, доколку и Доналд Трамп се кандидира на претседателските избори во 2024 година. Но, погледнете, јас прилично ја почитувам судбината. Судбината многупати ми се мешаше во животот. Ако имам добро здравје, како што сум сега, повторно ќе се кандидирам, изјави Бајден. Водителот го праша дали тоа значи дека ќе има реванш против Трамп на што актуелниот претседател на САД одговори потврдно. Секако. Зошто не би се кандидирал повторно против Трамп? – Всушност, тоа би ја зголемило веројатноста да се…
Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ тврди дека Владата „нема да го преживее јануари 2022 година“. Тој во интервју за „Антена М“ изјави дека анкетите на јавното мислење покажуваат дека поддршката за Владата е „на историски минимум“. „Последниот податок што го прочитав е дека се работи за 35 отсто од јавната поддршка. Кога ќе се вкрстат тие информации, јасно е дека оваа влада го изгубила своето време и затоа е неминовно да се очекува дека веќе во почетокот на следната година би требало да треба да имаме нова влада“, смета Мило Ѓукановиќ, пренесуваат црногорските медиуми.
Стотици руски падобранци оваа недела ќе одржат вежби во близина на украинската граница, соопшти руското Министерство за одбрана. Околу 1.200 војници и 250 возила, како и еден авион ќе учествуваат на вежбата, што ќе се одржи меѓу центрите за обука на Крим и блиската провинција Краснодар. Министерството соопшти дека војниците ќе симулираат освојување област како дел од офанзивна операција.
По објавувањето на личните податоци на албанските граѓани со право на глас пред априлските парламентари избори, локалните медиуми информираа за нов скандал – објавени се и износи на плати на 637.138 граѓани што, исто така, е спротивен на Законот за заштита на личните податоци. Албанскиот претседател Илир Мета напиша на Фејсбук дека објавувањето на платите на Албанците е направено со флагрантно кршење на слободите, човековите права и достоинство, законите и Уставот, а според него, станува збор за повеќекратна незаконитост. Се работи за објава на список на плати, единствени матични броеви и работни места на 637.138 албански граѓани, меѓу кои функционери,…
Претседателот на Владата, Зоран Заев вчера до претседателот на Собранието, Талат Џафери ја достави најавената оставка на премиерската функција, која треба да биде констатирана пред денешната седница за пратенички прашања, со што почнуваат да течат уставните рокови за избор на нова Влада. Уставот на Република Северна Македонија и собранискиот Деловник ја регулираат постапката во случај на оставка на претседателот на Владата. Во членот 93 од Уставот е наведено дека „Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата. Владата која поднела оставка или на која мандатот и престанал, останува на должност…
Северна Македонија се приклучува кон борбената група HELBROC на Европската Унија (ЕУ), која е под директна контрола на Советот на Европската унија и дел е од заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијата. Во борбената група HELBROC, која е предводена од Грција, со свои вооружени сили учествуваат и Бугарија, Романија, Кипар, Србија и Украина, соопшти Министерството за одбрана. Армијата на Република Северна Македонија во HELBROC ќе учествува со еден лесен пешадиски вод од најмногу 43 лица во состав на Првата воздушна мобилна чета (Airmobile), заменик-командир на четата и подофицер за операции во штабот на HELBROC. Соопштувајќи ја оваа важна вест…
Две студии во Велика Британијао покажуваат дека инфекциите со Омикрон сојот на коронавирус имаат помала веројатност да „испратат“ лице во болница отколку со варијантата Делта. Тие прелиминарни студии, едната во Шкотска, другата во Англија, беа поздравени од експерти, кои сепак предупредија дека поголемата зараза на тој сој на крајот може да доведе до потешки случаи. Анализата на лондонскиот Империјал колеџ покажа дека луѓето заразени со варијантата Омикрон имаат околу 20 отсто помали шанси да одат во болница од оние заразени со варијантата Делта. Оваа анализа ги вклучува сите случаи на ковид потврдени лица во Англија во првата половина на декември…
Пет илјади луѓе синоќа протестираа во Минхен против рестриктивните мерки за борба против коронавирусот, јави ДПА. Германската агенција јавува и за спорадични појави на насилство, а полицијата користела спреј и палки за да ги растера демонстрантите. Регистрирани се 14 прекршоци, вклучително и напади врз полицајци и носење транспаренти на забранети организации. Приведени се 11 лица.
Амбасадорот на Русија во Европската Унија (ЕУ), Владимир Чижов изјави дека Русија не се подготвува за воена инвазија на Украина, откако Москва го вознемири Западот со масовното распоредување војници на нејзината територија во близина на границата со Украина. Чижов, во интервју за германскиот весник „Ди Велт“, рече дека Русија ги поддржува луѓето кои зборуваат руски и сонародниците кои живеат во други земји, но додаде дека Москва никогаш не кажала дека сака да користи воени средства за тоа. Русија не планира напад врз ниту една земја. Ве уверувам дека руските трупи во моментот не се подготвуваат за инвазија на Украина, рече…