Американската агенција за лекови (ФДА) го одобри првото лекарство за итна употреба против ковид-19, што е важна фаза во борбата против пандемијата и може да им овозможи на милиони пациенти да добијат третман. Станува збор за таблетата „Паксловид“ на „Фајзер“ која ќе може да се зема во домашни услови и треба да спречи тешки форми на болеста.

Ова одобрување обезбедува ново средство за борба против ковид-19 во важен момент за пандемијата, кога се појавуваат нови соеви, наведе Патриша Кавазони, функционерка во ФДА.

Таблетата може да се дава на високоризични пациенти постари од 12 години, наведува американската агенција.