Американската конгресменка Мери Геј Сканлон била ограбена преку ден во Филаделфија, кога двајца непознати напаѓачи и впериле пиштол додека била во автомобилот.

Под закана со пиштол, Сканлон морала да го напушти возилото, а криминалците и го украле автомобилот и личните работи, вклучително и државен мобилен телефон и лична карта.

Нејзината канцеларија соопшти дека таа не е повредена, а во потрагата по напаѓачите се вклучи и ФБИ.