Author: Sashko

Омикрон сојот на коронавирусот, кој создава проблеми на германското здравство, влезе и во пратеничките клупи во Бундестагот. На конститутивната седница на Одборот за одбрана, според соопштението на Бундестагот, присуствувале и двајца пратеници кои се инфицирани, како што се испостави, со омикрон. Секретаријатот на Одборот за одбрана испрати писмо до пратениците со известување дека на седницата во средата присуствувале и двајца пратениуци кои во тој момент биле заразени со ковид-19. Како последица на тоа, апликацијата за предупредување од ковид-19 го активира алармот кај голем број на пратеници.

Read More

Грузискиот Совет за борба против коронавирусот денеска ги прогласи деновите од 1 до 10 јануари за неработни во земјата поради пандемијата на ковид-19. Мерката се однесува на државната администрација, а приватниот сектор сам ќе одлучи дали ќе го следи примерот, изјави шефот на Советот, Гиорги Гибрадзе. Тој додаде дека од 29 декември до 17 јануари учениците ќе бидат на распуст. Досега во Грузија се регистрирани 916.477 случаи на инфекција со коронавирус, што е 24,58 отсто од населението во земјата, а починале 13.221 лице. Според последните податоци, целосно се вакцинирани 1.096.229 милиони лица, односно 29,4 отсто од населението на кавкаската република.…

Read More

Франција може да има околу 100.000 нови случаи на коронавирус дневно, изјави денеска францускиот министер за здравство, Оливие Веран. Сега, додека земјата се бори со петтиот бран на пандемијата, има околу 70.000 случаи на дневна основа. До почетокот на јануари, доминантна ќе биде варијантата омикрон, изјави Веран за телевизијата BFM. Министерот рече дека засега не се разговара за нови ограничувања, иако ништо не може да се исклучи. Властите се надеваат дека зголемувањето на бројот на вакцинирани ќе им овозможи да го држат вирусот под контрола. Франција вчера регистрираше 210 нови смртни случаи од ковид-19 во болниците во последните 24 часа,…

Read More

Кипарската Влада упати препорака до сите граѓани да се тестираат со селф тест, доколку се целосно вакцинирани или со рапид тест за невакцинираните, пред домашните собири за претстојните божикни и новогодишни празници, јави дописничката на МИА од Атина. За домашните празнични собири е дозволено е да има најмногу 20 лица, вклучувајќи ги и домаќините и децата. Од денеска, сите вработени кои се вакцинирани или прележале ковид-19, за пристигнување на работните места задолжително ќе треба да имаат негативен резултат од ПЦР или рапид тест, што ќе важи седум дена, а исклучок се оние кои примиле трета доза. Училиштата ќе се отворат…

Read More

Во Клиничкиот центар во Белград рано утрово изби пожар, а според блиц.рс гори сервер собата со кабли во делот на објектот во изградба. https://www.youtube.com/watch?v=MzzsPVtMvzA На лице место се 26 пожарникари спасувачи со пет возила. Нема повредени, потврдија извори од спрското МВР за блиц.рс. Според сознанија на медиумот, работниците кои се ангажирани на градилиштето на Клиничкиот центар се евакуирани. https://www.youtube.com/watch?v=rfuBQjMkANU&feature=emb_imp_woyt „Оганот почна на првиот кат и сите сме евакуирани“, изјави еден од работниците за „Новости“.

Read More

„Патниците се живи здрави“ е пораката од Стопанската комора за енергетика на Македонија по синоќешната експлозиија на возилото „мерцедес Ц200“ во кој бил претседателот Ѓорѓи Манасков со сопатник. Инцидентот се случил синоќа на автопатот кај обиколницата кај Визбегово, во правец на Скопје. „Експлозија во возилото во кое се возеше претседателот Ѓорѓи Манасков со сопатник, кој возеше на автопатот кај обиколницата Визбегово во правец на Скопје север. Брзата интервентна полиција која беше во близина и противпожарната екипа веднаш реагираа, но не успеаја да го изгаснат возилото „мерцедес С200“ кое изгоре за неполни 3 минути. Патниците се здрави и живи“, се наведува…

Read More

Речиси 100 милијарди долари се украдени од американските програми за помош на бизнисите и луѓето кои изгубија работа за време на пандемијата на коронавирусот, соопшти американската Тајна служба. Проценката се заснова на случаи на Тајната служба и податоци од Одделот за труд и администрацијата за мали бизниси, рече Рој Дотсон, национален координатор за наплата на измами од пандемијата на агенцијата. Украдените средства сочинуваат околу 3 отсто од 3,4 трилиони долари помош за луѓето и бизнисите. Но, околу 87 отсто од украдените пари можеби отишле на измама поради невработеност. Се претпоставува дека значителен дел од нив можеби биле незаконски исплатени. Тајната…

Read More

Најстудено утрово е во Берово и во Маврово со измерени -13 сетепени. На Попова Шапка се измерени -12 степени, во Крива Паланка -11, во Скопје и во Битола -10, во Штип, во Куманово, во Демир Капија, во Дебар и во Крушево -9, во Тетово, во Прилеп и во Струмица -8, во Охрид -7, во Гевгелија -5 и во Дојран -4. „Највисока снежна покривка има на Попова Шапка 43 сантиметри, во Маврово е 38, а во Крушево осум“, информираат од УХМР.

Read More

Франција смета дека во моментот не може да се одреди конкретен датум за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Мора да се најде решение за проблемите меѓу двете земји што е можно поскоро, но поставувањето рокови може да ја наруши динамиката на процесот. Ова пред новинарите во Софија по завршувањето на посетата го изјави францускиот државен секретар за европски прашања, Клеман Бон. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Клеман Бон рече оти „гледа волја кај новата бугарска влада и кај македонските власти во Скопје да го продолжат дијалогот“. Според него, Франција е подготвена да го поддржи…

Read More

Во Генералниот конзулат на Северна Македонија во Чикаго, САД, непречено се одвива мобилното издавање на патните исправи за нашите граѓани. Од таму посочуваат дека досега се земени податоци за нови биометриски исправи од околу 160 лица, а 60 од нив веќе ги добиле, соопшти МНР. „Конзулатот во Чикаго опфаќа 22 федерални единици во САД, што укажува на многубројната дијаспора што живее на таа територија. Со новата опрема што ја имаме, пасошите ќе се подготвуваат многу побрзо отколку во минатото и заинтересираните страни ќе бидат позадоволни од оваа услуга“, вели генералниот конзул во Чикаго, Петрит Муслиу.

Read More

Лидерите на земјите од „Отворен Балкан“, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија и домаќин на Самитот, Еди Рама, вчера во Тирана успешно заокружија уште една етапа од низата планирани во рамки на Иницијативата. Тие потпишаа пет договори кои беа најавени на промоцијата на „Отворен Балкан“ во Скопје во јули оваа година – договор за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан, договор за интерконекција за шемите за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан и договор за соработка во областа на ветеринарството,…

Read More

Во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, денеска ќе се одржи церемонија за прием на 100 професионални војници во редовите на Армијата на Република Северна Македонија. На церемонијата, како што е најавено, ќе се обрати министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

Read More