Омикрон сојот на коронавирусот, кој создава проблеми на германското здравство, влезе и во пратеничките клупи во Бундестагот. На конститутивната седница на Одборот за одбрана, според соопштението на Бундестагот, присуствувале и двајца пратеници кои се инфицирани, како што се испостави, со омикрон.

Секретаријатот на Одборот за одбрана испрати писмо до пратениците со известување дека на седницата во средата присуствувале и двајца пратениуци кои во тој момент биле заразени со ковид-19.

Како последица на тоа, апликацијата за предупредување од ковид-19 го активира алармот кај голем број на пратеници.