Во Клиничкиот центар во Белград рано утрово изби пожар, а според блиц.рс гори сервер собата со кабли во делот на објектот во изградба.

На лице место се 26 пожарникари спасувачи со пет возила. Нема повредени, потврдија извори од спрското МВР за блиц.рс.

Според сознанија на медиумот, работниците кои се ангажирани на градилиштето на Клиничкиот центар се евакуирани.

„Оганот почна на првиот кат и сите сме евакуирани“, изјави еден од работниците за „Новости“.