Author: Sashko

Најголемата светска берза за криптовалути „Бајнанс“ (Binance) денеска соопшти дека потпишала договор за соработка со Светскиот трговски центар во Дубаи (DWTC). Властите во Дубаи објавија дека имаат намера да го претворат DWTC во криптозона и регулатор на криптовалути и други виртуелни средства, како дел од напорите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) да привлечат нови бизниси.

Read More

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан објави дека ја откажува планираната новогодишна прослава во британската престолнина поради драстичното зголемување на бројот на заразени со новиот, омикрон сој на коронавирусот. Поради рекордното ниво на инфекции со ковид-19 во нашиот град и во Велика Британија, решен сум да направам сè што е можно за да го забавам ширењето на новиот вид и да се погрижам нашите здравствени служби да не бидат преоптоварени оваа зима, изјави синоќа Кан. Тој додаде дека градот нема да организира прослава со 6.500 луѓе планирани на Трафалгар сквер за Нова година. Ќе биде разочарувачки за многу граѓани на Лондон,…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски и заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска учествува на самитот на иницијативата „Отворен Балкан“ во Тирана. На состанокот во Тирана, премиерот Заев заедно со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија, Еди Рама ќе потпишат повеќе мултилатерални и билатерални договори во насока на реализација на основните права за слободно движење на луѓето, производите и капиталот, како дел од зацртаните придобивки за поголема регионална соработка и унапредување на поврзувањето меѓу земјите од Западен Балкан. Во Тирана денеска ќе…

Read More

Руска подморница успешно ја лансираше крстосувачка ракета „Калибар“ од Јапонското Море кон цел оддалечена повеќе од 1.000 километри, која се наоѓа на руски полигон на копно. Дизел-електричната подморница на Пацифичката флота Петропавловск-Камчатски погоди крајбрежна цел на дострел од 1.000 километри со крстосувачката ракета „Калибар“ од Јапонското Море, објави денеска прес-службата на флотата, пренесува ТАСС. Пред лансирањето на проектилот, подморниците изведоа тактички маневар за дискретно распоредување во областа на извршување на зададените мисии, соопшти прес-службата. Вежбата вклучуваше и тајни движења и поддршка за воени бродови, авиони и беспилотни летала, соопшти руската пацифичка морнарица.

Read More

Во Собранието на Северна Македонија денеска ќе биде доделена државната награда „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Добитници на наградата, според одлуката на Одборот за доделување на оваа државна награда, се Тошо Филиповски и Томислав Кежаровски за остварувања во областа на публицистиката и Аделина Марку и Марјанчо Николовски за остварувањата во областа на новинарството.

Read More

Полициска акција, како што објави Алсат ТВ, се одвива во моментот во кумановската населба Диво Насеље. Според неофицијални информации на медиумот, се трага по наркотици, а единствено што се знае дека полицијата опколила куќа од сите страни. Повеќе детали за големата акција на специјалната полициска единица се очекуваат подоцна во текот на денот.

Read More

Полицијата во Албанија уапси две лица кои се осомничени дека го запалиле српското знаме за време на вчерашните протести во Тирана, пишува „Газета Сињали“. Според албанскиот портал „Топ чанел“, уапсените лица се однесени во полициска станица на распит, објави „Косово онлајн“. Live / Albanians burn the Serbian flag in Tirana. Dozens of Albanian citizens summoned by #SaliBerisha, are protesting in #Tirana against #AleksandarVucic and “#OpenBalkan” pic.twitter.com/I74zATfLhF — Isa Myzyraj (@IsamyzyrajAlb) December 20, 2021 На синоќешниот протест организиран од поранешниот албански премиер Сали Бериша, кој е насочен против доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ и одржувањето на состанокот во рамките на…

Read More

Унгарија и Грција ја реафирмираа поддршката за што поскоро отворање на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија (ЕУ). Скопје одговори на пакетот „5+1“ испратен од Софија како предуслов за поддршка за преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција и го чека ставот на новата Влада во Бугарија. Првата средба со новиот премиер Кирил Петков е најавена за јануари. Шефот на дипломатијата Бујар Османи, на прес-конференцијата по средбата со неговиот унгарски колега Петер Сијарто, изјави дека не очекува дека може да се случи да усвоиме преговарачка рамка, а да нема конкретен термин за одржување на меѓувладина конференција што е барање…

Read More

Листата за групни новогодишни помилувања ја прават затворите, ја доставуваат до Министерството за правда, а оттаму списокот со имиња на оние кои бараат порано да излезат од затвор се проследува до Комисијата за помилување во Кабинетот на претседателот на државата. Станува збор за редовна постапка што се спроведува пред Нова Година, објасни министерот за правда, Бојан Маричиќ по вчерашното излегување во јавност на листа со 48 осуденици кои биле предложени за делумно или целосно помилување. Листата со имиња што беше објавена вчера и предизвика серија реакции во јавноста е вратена на разгледување во затворските управи. Надлежните уверуваат дека листата не…

Read More

Во државава се активни 5.377 ковид случаи, вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата достигна 221.411, а досега починаа 7.825. Засега, според надлежните институции, нема најави за нови рестриктивни мерки меѓу кои и предвремено почнување на зимскиот распуст за учениците поради проценките дека состојбата со ширењето на вирусот е стабилна. Министерката за образование и наука, Мила Царовска вчера изјави дека тринеделниот зимскиот распуст ќе биде во редовниот период, согласно календарот на МОН. Таа смета дека нема потреба од негово поместување зашто состојбата со ковид-19 и натаму е стабилна. Доколку состојбата драстично се промени поради ризикот со „омикрон“ и ако…

Read More

Припадниците на турската заедница во земјава денеска го одбележуваат Денот на наставата на турски јазик, кој е единствен национален празник на Турците во Република Северна Македонија и од 2007 година е неработен ден за нив. На 21 декември се одбележува почетокот на наставата на турски јазик – на овој датум во 1944 година, во основното училиште „Тефејуз“  во Скопје. Во посета на земјава денеска ќе биде претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп, кој ќе има средби со државниот врв.

Read More

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината против ковид-19 од американската компанија „Новавакс“, која користи поконвенционална технологија и за која биотехнолошката компанија се надева дека ќе ги намали колебањата во однос на вакцините. ЕМА препорача издавање на условно овластување за пуштање на пазарот на вакцината на „Новавакс“, Нуваксовид, за заштита од ковид-19 кај лица над 18-годишна возраст, соопшти Европската агенција за лекови. Ова е петта вакцина препорачана за употреба во Европската унија.

Read More