Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје го чека ставот на новата политичка Влада во Софија на одговорите од пакетот 5+1

0
By Sashko on December 21, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 21, 2021 08:16

Унгарија и Грција ја реафирмираа поддршката за што поскоро отворање на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија (ЕУ). Скопје одговори на пакетот „5+1“ испратен од Софија како предуслов за поддршка за преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција и го чека ставот на новата Влада во Бугарија. Првата средба со новиот премиер Кирил Петков е најавена за јануари.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, на прес-конференцијата по средбата со неговиот унгарски колега Петер Сијарто, изјави дека не очекува дека може да се случи да усвоиме преговарачка рамка, а да нема конкретен термин за одржување на меѓувладина конференција што е барање од Бугарија.

Преговарачката рамка е документ на Советот на ЕУ, меѓутоа тој документ мораме да го прифатиме ние. Така што, мислам дека нашиот став ќе биде јасен дека повеќе нема да прифатиме какви било чекори што ќе значат неизвесност за продолжување на процесот понатаму, изјави Османи вчера во одговор на прашањето дали е можно барањето на Бугарија да се усвои преговарачката рамка, а да не се даде датум.

Северна Македонија, рече Османи, имаше беспрекорен извештај на ЕК по однос на исполнување на критериумите, одржа политичка стабилност во државата, а тоа е важно, како што рече тој, затоа што доколку не би одржале политичка стабилност тоа би било аргумент плус за државата да не ги почне преговорите.  

Одговоривме на пакетот „5+1“ што беше испратен од Бугарија, како предуслов за нивна поддршка за преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција. Северна Македонија ги прати тие одговори, ги предадов лично на министерот Стоев уште за време на Самитот на НАТО во Рига и мислам дека со тоа ние го комплетиравме нашето досие и навистина не треба да се впери прст кон нас поради која било причина за незапочнување на преговори, истакна Османи, додавајќи оти разговорите продолжуваат.

Одговоривме, продолжи Османи, по однос на сите прашања и по однос на проблемот на краткото и долгото име, начинот како може да се реши тоа прашање.

Одговоривме на прашањето на немешање во внатрешните прашања во соседните држави. Одговоривме кон барање за механизми за спречување на говорот на омраза во двете држави, рехабилитација на жртви на комунизмот, на барањето за внесување на Бугарите во Уставот и за работата на Историската и образовната комисија. Сметам дека ова е доволно за да може да се затвори ова прашање, меѓутоа чекаме одговор од страна на Бугарија по однос на тие ставови и кои се надевам ќе продолжат преку средба на високо ниво во наредниот период, рече шефот на македонската дипломатија. 

Османи, појаснувајќи ја изјавата дадена за бугарската национална телевизија, дека во јануари би можело да се дојде до решение, истакна дека неговиот став е дека доколку се има политичка волја навистина не се потребни уште шест месеци да се држи државата во неизвесност.

Имајќи го предвид досегашниот тек во разговорите, тој термин е предолг за надминување на разликите и предолго е за почетокот на преговори за Северна Македонија, бидејќи, кредибилитетот на Унијата повеќе не може да издржи уште шест месеци, но и регионалната динамика тешко може да се одржи со дополнителни непредвидливи шест месеци и дека доколку се има политичка волја може уште јануари да биде наредната можност за надминување на разликите. Тоа беше интерпретирано во јавноста како јас да сум го потврдил јануари како период кога ќе се надмината разликите, рече Османи.

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија изјави дека изостанувањето на започнување на преговорите со Северна Македонија е нечесен чекор од страна на ЕУ, бидејќи земјата направи сè што е неопходно за да го отвори преговарачкиот процес. Тој упати и замолница до Софија да не го попречуваат започнувањето на преговорите.

Ние бевме незадоволни и фрустрирани од заклучоците во Брисел во врска со проширувањето и сите тие одлуки ги сметаме за многу неправедни. Ако сакавме да бидеме чесни, ќе требаше да кажеме уште во оваа година Северна Македонија и Албанија треба да започнат со преговорите. Со почит ги замолуваме нашите пријатели од Бугарија нивните национални прашања што ги сметаат како пречка да ги реализираат во текот на преговорите, а не со попречување на започнувањето на преговорите, подвлече Сијарто на прес-конференцијата во Скопје.

Тој оцени дека изостанувањето на почетокот на преговорите е нарушување на кредибилитетот на ЕУ, бидејќи од една страна ЕУ признава дека Македонците направија голем напредок, а од друга страна не ги започнува преговорите.

И заради тоа, оваа состојба ја сметаме за штетна, опасна и спротивна на принципите на ЕУ и по прашањата за безбедноста и по прашањата на економскиот развој, истакна Сијарто.

Географската позиција на Западен Балкан, оцени тој, изгледа влијае на тоа се потешко да можеме да ги разбираме процесите што се случуваат во регионот и имаме чувство дека политиката на ЕУ која ја води кон Западен Балкан станува се понеефикасна.

„Унгарија бара преговорите со Северна Македонија и Албанија веднаш да започнат. ЕУ сега е пред историски предизвици и затоа би ни требало еден позитивен успех и сметаме дека проширувањето би значело успех за ЕУ и затоа Унгарија ќе прави се што е можно побрзо да започне проширувањето кон Западен Балкан“, рече шефот на унгарската дипломатија.

Бугарија Бујар Османи Македонија Петер Сијарто поддршка позиции спор Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.