Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Листата за помилувања вратена во затворските управи: Надлежните уверуваат дека ќе нема ниту едно спорно име

0
By Sashko on December 21, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: pbs.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 21, 2021 07:59

Листата за групни новогодишни помилувања ја прават затворите, ја доставуваат до Министерството за правда, а оттаму списокот со имиња на оние кои бараат порано да излезат од затвор се проследува до Комисијата за помилување во Кабинетот на претседателот на државата. Станува збор за редовна постапка што се спроведува пред Нова Година, објасни министерот за правда, Бојан Маричиќ по вчерашното излегување во јавност на листа со 48 осуденици кои биле предложени за делумно или целосно помилување.

Листата со имиња што беше објавена вчера и предизвика серија реакции во јавноста е вратена на разгледување во затворските управи. Надлежните уверуваат дека листата не е конечна и оти на неа нема да се најде ниту едно спорно име.

Листата за групните новогодишни помилување според формални критериуми ја прават затворите. Минатата недела таа технички беше проследена до Кабинетот на претседателот на разгледување. Таа листа не е конечнa и не е на предлог на Министерството за правда, напиша на „Фејсбук“ министерот за правда Бојан Маричиќ.

Додаде дека откако ја видел во петокот почнал процедура за нејзино повлекување, која вчера се формализирала.

Со мој потпис списокот го вратив назад кај затворите на уште едно разгледување, напиша Маричиќ.

И заменик министерот за правда Агим Нухиу претходно на „Фејсбук“ објави дека е повлечен списокот со лица предложени за помилување што треба да биде доставен до претседателот на државата Стево Пендаровски.

Ја информираме пошироката јавност дека Иницијативите за помилување покренати од Управите на затворите се повлечени од страна на Министерството за правда. За каузата на правдата ние секогаш ќе дејствуваме, напиша Нухиу.

Првиот човек на Министерството за правда вчера најави дека спорната листа ќе се прочисти и дека тој не дава никакви помилувања.

Ова се специфични помилувања по повод Нова година и листите за делумно скратување на казната ја прават директорите на затворите и се проследува на разгледување. Мислам дека дел од спорните имиња нема ни да се најдат на листите. Значи, предлог листите се од затворите, а не од Министерството за правда. Тие листи поминуваат низ четири филтри, истакна Маричиќ за „Утрински брифинг“.

Посочи дека оваа постапка не е јавна и не се објавува во јавност.

Неблагодарно е да се објавуваат имиња во рана фаза, затоа што станува збор за луѓе што се осудени и имаат свои надежи. Ние ќе се погрижиме да не се најде ниедно спорно име на списоците, рече Маричиќ.

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски потврдија дека Комисијата за помилување ќе ја закаже седницата кога ќе пристигне финалниот список од Министерстовото за правда со предлозите за групното помилување.

Комисијата за помилување ќе ја закаже седницата кога ќе пристигне финалниот список од Министерстовото за правда со предлозите за групното помилување. Јавноста како и секогаш ќе ја информираме веднаш кога ќе се донесат одлуките, велат од Кабинетот на Пендаровски.

Со реакции за предлог листата за помилување вчера излегоа и неколку политички партии.

По информацијата дека министерот за правда доставил барање до претседателот Стево Пендаровски за помилување на Бобан Илиќ, казнет за убиството на малиот Алмир Алиу на 25 јуни 2016 година, од „Алтернатива“ вчера на прес-конференција побараа претседателот на државата да не го потпише ова помилување и барањето да биде повлечено.

Од Алијансата за Албанците, пак, во знак на револт за иницијативата за помилувања го обоија со црвена боја Министерството за правда. Омер Ајдини од Форумот на млади на Алијансата за Албанците истакна дека бараат итна оставка од министерот за правда, заменик министерот и сите чинители кои ја преземале оваа иницијатива за помилување.

На списокот за помилување од издржување на дел од затворската казна или за целосно помилување како предлог до претседателот на државата Министерството за правда има 48 лица. Меѓу имињата, како што објавија дел од медиумите, се и бизнисменот Сеат Кочан, Александар Василевски-Нинџа, контроверзниот сведок на обвинителството за случувањата на 27 април 2017 година, Бобан Илиќ, осуден за убиството на четиригодишниот Алмир во Куманово…

Бојан Маричиќ затвори листа Македонија Министерство за правда осуденици помилување реакции Управа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.