Author: Sashko

Денеска од 9 до 14:30 часот без струја ќе бидат жителите од улиците „Воин Драшкоци“ и „Браќа Галеви“ од Општина Ѓорче Петров. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, прекинот е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Read More

Тирана денеска и утре ќе биде домаќин на нова средба на иницијативата „Отворен Балкан“ на која, според најавите, ќе учествуваат албанскиот премиер Еди Рама, македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ. На средба, меѓу другото, се очекува да бидат потпишани неколку трилатерални и билатерални договори. Тројцата државници пред средбата објавија отворено писмо со покана до соседните земји да се придружат на „Отворен Балкан“. Крајно време е сите луѓе и народи во регионот да се обединат за подобра заедничка иднина, која нуди стабилност, мир и подобар животен стандард за сите, се порачува во писмото на Рама, Заев и Вучиќ…

Read More

Осудениот за тероризам за крвавиот четврток во Собранието во 2017 година, Александар Василевски-Нинџа и бизнисменот Сеад Кочан се најзвучните имиња на листата со 48 затвореници за кои министерот за правда, Бојан Маричиќ ќе побара делумно или целосно помилување од македонскиот претседател Стево Пендаровски. Листата ја објави Алсат ТВ во чија вест се наведува дека за 45 од предложените лица се бара делумно помилување, а за тројца од нив целосно. На неа, според медиумот, се наоѓа и лицето Бобан Илиќ кој го усмрти четиригодишниот Алмир во Куманово.

Read More

Папата Франциск го осуди насилството врз жените, истакнувајќи оти мажите кои вршат такво насилство се занимаваат со нешто што е „речиси сатанско“. За време на разговорите со три жени и еден маж за италијанската мрежа ТГ5, Папата истакна дека е „многу голем“ бројот на жени кои биле тепани и злоставувани во нивните домови. Тоа е, речиси, сатански бидејќи се искористува персона која не може да се брани, која може само да се обиде да го запре ударот. Тоа е понижувачко. Тоа е многу понижувачки, наведе папата, одговарајќи на прашање на жена жртва на семејно насилство. Поглаварот на Римокатоличката црква од почетокот…

Read More

Неколку деца во Германија случајно биле имунизирани против ковид-19 со вакцина што сè уште не е одобрена за нивна возрасна група, јави германската новинска агенција ДПА. Во Центарот за вакцинација во округот Олпе, во покраината Северна Рајна-Вестфалија, на неколку деца им била аплицирана вакцината на „Модерна“. Досега, само вакцината на „Фајзер“/„Бајонтек“ е одобрена за деца. Родителите на засегнатите деца веднаш беа известени за случајот, соопштија локалните власти. Кај децата не се забележани никакви проблеми во моментот на напуштање на центарот за вакцинација. По барање на родителите, случајот е пријавен во полиција. Од Центарот за вакцинација ја прифаќаат грешката како можност…

Read More

Конституирањето на новата бугарска Влада и попрагматичниот пристап, кој го најави новиот премиер Кирил Петков, со фокус на сегашноста и иднината влеваат надеж кај високите официјални претставници на земјава, но и кај дипломатите дека Северна Македонија и Бугарија наскоро би можеле да постигнат решение за спорот. И високите македонски претставници и дипломатите, исто така, се надеваат дека тоа ќе се случи многу побрзо од шесте месеци кои ги најави Петков, а се оценуваат како предолг временски период. Петков, пак не отстапува од шесте месеци кои бугарската Влада си ги задала како рок, но вчера изјави дека има желба во втората…

Read More

Во рамки на одбележувањето на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“. по повод 100-годишнината од раѓањето, во свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе се одржи свечен собир. Свечениот собир е планиран во два дела. Во првиот, како што најави МАНУ, ќе се обратат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, секретарот на ОЛЛН – МАНУ и раководител на проектот „Критичко издание на целокупните дела на Блаже Конески“ Катица Ќулавкова. Со омаж за Конески ќе се претстават Зузана Тополињска и Влада Урошевиќ. Во вториот дел…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто кој ќе престојува во еднодневна работна посета на нашата земја. Како што информираат од Министерството за надворешни работи, во фокус на разговорите ќе бидат севкупните билатерални и економско-трговски односи, како и актуелните политички случувања со акцент на последните заклучоци донесени на декемврискиот Совет за општи работи на Европската унија. 

Read More

Собранието на Северна Македонија денеска треба да ја одржи 57. седница на која меѓу точките на дневен ред се и измените на Законот за работни односи во второ читање со кои се предвидува недела да биде прогласена за неработен ден. Предложеното законско решение е ставено како втора точка, а според образложението, одредбите од законот треба да почнат да важат од 1 јануари. Пратениците ќе расправаат и за други законски решенија меѓу кои и за измените на Законот за основно образование, за законите за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од пандемијата врз производството и откупот на земјоделските производи и…

Read More

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од денеска до 31 декември повторно може да се аплицира за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк. Можат да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, но не успеале да се пријават и/или да го остварат ова право во првиот и вториот рок. Оваа можност ќе биде достапна секој месец и тоа од 20-ти до 30-ти, односно 31-ви во месецот, стои во соопштението од МОН. Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со прикачување на само два…

Read More

Велика Британија денеска, трет ден по ред, пријави рекорден број на новозаразени со коронавирусот, овојпат 93.045 регистрирани случаи за изминатите 24 часа, покажуваат најновите податоци од здравствените власти. Соочена со, како што го нарече премиерот Борис Џонсон, „цунами“ на варијантата омикрон, поради што стравува од преоптоварување на здравствениот систем, Британија е меѓу најтешко погодените од пандемијата во светот, со вкупно 147.048 смртни случаи. Англија повторно воведе задолжително носење на маски на повеќето јавни места (освен пабови и ресторани), препорача работа од далечина и воведе ковид сертификат за поголеми собири. Шкотска и Велс се одлучија за построги мерки.

Read More

Главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев им додели дипломи, благодарници и плакети на обвинителите, истражителите и судските лекари за нивната висока професионалност и беспрекорно извршување на службената должност во 2021 година. Како што јави дописникот на МИА од Софија, меѓу наградените е и тим истражители од бугарската национална истражна служба, обвинители и судски лекари кои работеа на истрагата за тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ со автобусот на „Беса транс“, во која загинаа 45 македонски граѓани. Наградени беа и истражители кои учествуваа во меѓународна операција за откривање на мрежа за детска порнографија која генерирала повеќе од 9,5 милиони долари приход…

Read More