Author: Sashko

Сите дефекти во преносната мрежа во делот на АД МЕПСО се отстранети, порачуваат од компанијата. Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија во Ресен, Дебар, Охрид, Струга и околните населени места. Како што потврдија од МЕПСО за МИА, причина за прекинот во снабдувањето биле невремето и обилните снежи врнежи. Снабдувањето со електрична енергија во југозападниот дел на земјава е нормализирано, откако претпладнево во 11:35 часот без напон останаа два 110-киловолтни далекувода од Вруток до Шпилје и од Битола до Ресен. Причина за испадот се невремето и обилните снежни врнежи. Наши екипи се на тререн, работат на санирање поситни дефекти кои не…

Read More

Поројните дождови, кои го зафатија италијанскиот остров Сицилија, доведоа до излевање на реки, лизгање на земјиштето и нарушување на работата на аеродромот во Палермо. Поради лошите временски услови, три лета беа пренасочени кон Катанија и Трапани, објавија денеска италијанските медиуми. Спасувачките екипи евакуираа неколку десетици жители од погодените области. Според локалниот оддел за цивилна заштита, мостот на реката Сан Бартоломео синоќа делумно се урнал, но нема жртви. Неколку патишта на островот се блокирани од одрони.

Read More

Австрискиот парламент донесе одлука со која се овозможува евтаназија на тешко болни лица. Според новиот закон, што беше донесен врз основа на препораките на Уставниот суд, останува забрането убиство на лице по негово барање, но можно е да се обезбеди помош при умирање. Со оваа одлука на австриските пратеници, на тешко или неизлечиво болните лица кои се полнолетни и способни да одлучуваат, им се дава можност да побараат помош за ставање крај на нивниот живот. Предуслов за добивање на оваа помош е тој што сака да умре за се да биде целосно информиран од докторот, дека болеста е утврдена. Дополнително,…

Read More

Новата бугарска Влада, чиј премиер ќе биде Кирил Петков, ќе усогласи заеднички став со коалициските партнери, но прецизира дека од добрососедството многу корист ќе имаат и Бугарија и Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Софија. Според Петков, тоа може и треба да се направи врз основа на заедничко почитување и доверба. Тоа треба да се направи преку добра комуникација со коалициските партнери, прецизираше Петков и дополни „со многу работа“. Петков кажа и дека бугарската позиција останува таква каква што е сега, но мора да биде наградена. Не сакаме, рече Петков, да продолжиме само со пароли од двете страни на…

Read More

Охрид, Струга, Ресен и Дебар веќе подолг период во текот на денот се без електрична енергија, поради дефект во високонапонската мрежа, поточно во 110 киловатните далекуводи на МЕПСО – Вриток-Шпиље и Битола-Ресен. На терен се излезени екипи на државниот оператор МЕПСО кои, во отежнати временски услови, работат на санирање на дефектите.

Read More

Поради врнежи од снег, на повеќе места низ државата денеска е воведена забрана за движење на тешки товарни возила. ОД АМСМ информираат дека забрани за движење на тешки моторни возила има на патните правци: Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Маврово – Жировница, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, како и од Струга кон граничниот премин Ќафасан. На патниот правец Тетово – Попова Шапка, забраната важи за тешки товарни возила, камиони и автобуси. За останатите типови на возила, на овие правци задожителна е употреба на зимска опрема. Од 12:25 часот, како што информираат од АМСМ, укината е забраната…

Read More

Марк Медоуз, шеф на кабинетот на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, на конгресната комисија, која го истражува упадот во Капитол Хил на 6  јануари оваа година, ѝ ги предаде доказите за планот на Трамп повторно да ја зграби власта. Лондонски „Гардијан“ пренесува дека оваа надлежна истражна комисија смета дека постои поврзаност меѓу администрацијата на Трамп и организаторите на нападот на Капитол. Фактот дека Медоуз, ден пред нападот на Капитол Хил, поседувал документ во PowerPoint, што детално го опишувал државниот удар, сугерира дека тој бил свесен за напорите на Трамп и неговите сојузници да го запрат прогласувањето на нов претседател. Презентацијата…

Read More

Се полнат складиштата на мазут во ТЕЦ Неготино со количини за стартување на термоцентралата и континуирано производство на електрична енергија во следниот период, се истакнува во соопштението на АД Електрани на Северна Македонија. Мазутот се доставува со секојдневна динамика според пресметките на капацитетот за прием. Заеднички увид во подготовките на термоцентралата извршија генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, генералниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ и членови на управните одбори на двете акционерски друштва. ТЕЦ Неготино, како државна електрана, има статус на ,,ладна резерва” во електро-енергетскиот систем и од страна на вработените се одржува во состојба на готовност, се…

Read More

Пред наплатна станица Демир Капија, на автопатот А1 Неготино – Демир Капија, синоќа во 22:10 часот, полициски службеници од полициска станица Неготино и мобилната единица од Скопје го лишиле од слобода Ф.Р. (20) од Република Србија, кој управувал товарно моторно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, во кое превезувал 41 мигранти од Куба и Индија, од кои пет малолетници, соопшти МВР. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Read More

Како ниту една друга Влада претходно, во последните четири години поведовме иницијативи за заштита на нашите природни убавини и реткости и за одржлив развој на планинскиот туризам, пишува премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил, во пресрет на одбележувањето на Меѓународниот ден на планината. Во годината кога одбележуваме 30 години од нашата независност, направивме уште еден значаен придонес за негување и афирмација на природните богатства на нашата убава Република Северна Македонија. За Национален парк ја прогласивме нашата природна убавина – Шар Планина, планина со најголем број врвови повисоки од 2.000 метри. Со ова го добивме четвртиот национален парк во државата, прв…

Read More

На денешен ден пред 75 години беше основан УНИЦЕФ, со цел да одговори на критичните потреби на децата чиј живот беше разурнат од Втората светска војна. Додека се потсетуваме на минатото, предизвиците со кои се соочуваат децата денес бараат од нас да ја преобмислиме иднината за секое дете да има подобро детство, подобра иднина и поправедна шанса, велат од УНИЦЕФ. Низ децениите, заедно со владините партнери, дарителите, застапниците и поддржувачите, УНИЦЕФ им помагаше на децата ширум светот. Од краткорочна помош во време на криза до долгорочни развојни програми, повторно осмислувавме како да се унапредат правата на децата и нивната благосостојба,…

Read More

Русија мора да одлучи дали ќе биде со Европа или против неа, а засега таа го избира конфликтот, истакна полскиот премиер Матеуш Моравјецки во интервју за италијанскиот весник „Ла Република“. Русија мора да избере дали сака да биде со Европа или против неа. Владимир Путин денеска го избира конфликтот. И ова ѝ штети не само на Европа, туку и на неговата земја, рече Моравјецки. Тој истакна дека „Европа не сака конфликт со Русија. Но, Европа не може да толерира притисок и уцени врз основа на енергија. Затоа мора да бидеме обединети пред провокациите на Путин. Времето за отстапки истече. Мора…

Read More