Охрид, Струга, Ресен и Дебар веќе подолг период во текот на денот се без електрична енергија, поради дефект во високонапонската мрежа, поточно во 110 киловатните далекуводи на МЕПСО – Вриток-Шпиље и Битола-Ресен.

На терен се излезени екипи на државниот оператор МЕПСО кои, во отежнати временски услови, работат на санирање на дефектите.