Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Во четири години поведовме иницијативи за заштита на природните убавини и развој на планинискиот туризам

0
By Sashko on December 11, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: facebook.com/zaevzoran
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 11, 2021 12:19
Како ниту една друга Влада претходно, во последните четири години поведовме иницијативи за заштита на нашите природни убавини и реткости и за одржлив развој на планинскиот туризам, пишува премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил, во пресрет на одбележувањето на Меѓународниот ден на планината.
Во годината кога одбележуваме 30 години од нашата независност, направивме уште еден значаен придонес за негување и афирмација на природните богатства на нашата убава Република Северна Македонија. За Национален парк ја прогласивме нашата природна убавина – Шар Планина, планина со најголем број врвови повисоки од 2.000 метри. Со ова го добивме четвртиот национален парк во државата, прв од прогласувањето на независноста и прв по 60 години, пишува Заев.
Со Националниот парк Шар Планина, тој истакна дека вкупната површина на заштитени подрачја на национално ниво изнесува 13,2 проценти од севкупната територија на Северна Македонија и додава дека е површина и процент на кој можат да позавидат многу европски држави.

Тоа е резултат на континуираните политики на оваа Влада за заштита на природата, со цел зачувување на уникатните природни вредности, заштита на специфичниот биодиверзитет и пределска разновидност, но и за отворање на нови можности за одржлив развој на локалната економија. Во таа низа се и прогласувањето на дел од Осоговските Планини и Водно за заштитени предели, а наскоро, како континуитет на нашите политики за заштита на природата и животната средина, под посебен режим на заштита ќе биде ставен и дел од Малешевските Планини, најави премиерот.

Заев истакна дека со прогласување на Осоговските Планини за заштитено подрачје, започнат е системски пристап за зачувување на природните ресурси, како и за социјално и економско унапредување и развој на Осоговскиот Регион.

Тој додава дека проектот „Планински велосипедски рај“, патната инфраструктура кон Пониква и реконструкцијата на ски-лифтовите го унапреди туристичкиот потенцијал во тој регион и создадени се услови за развој на авантуристичкиот туризам.

„Планините и шумите и сиот биодиверзитет во нив, се наше природно богатство кое треба да го чуваме и за идните генерации. Наша обврска е да ги заштитиме и да ги чуваме како клучна алка во борбата со последиците од климатските промени, како една од најсериозните закани со кои се соочува светот денес“, порача премиерот.

Зоран Заев иницијативи Македонија Меѓународен Ден на планината Планински туризам Природа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.