Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Првата помош беше за деца од земјава во рамки на Југославија: УНИЦЕФ одбележува 75 години од основањето

0
By Sashko on December 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 11, 2021 12:08

На денешен ден пред 75 години беше основан УНИЦЕФ, со цел да одговори на критичните потреби на децата чиј живот беше разурнат од Втората светска војна. Додека се потсетуваме на минатото, предизвиците со кои се соочуваат децата денес бараат од нас да ја преобмислиме иднината за секое дете да има подобро детство, подобра иднина и поправедна шанса, велат од УНИЦЕФ.

Низ децениите, заедно со владините партнери, дарителите, застапниците и поддржувачите, УНИЦЕФ им помагаше на децата ширум светот. Од краткорочна помош во време на криза до долгорочни развојни програми, повторно осмислувавме како да се унапредат правата на децата и нивната благосостојба, се вели во соопштението.

Од УНИЦЕФ посочуваат дека децата денес, покрај кризата со ковид-19 се наоѓаат и во образовна криза, климатски промени, широко распространети социјално-економски предизвици, растечка сиромаштија и нееднаквост.

Сè уште гледаме многу деца кои се изоставени само поради местото на живеење, примањата на нивното семејство, нивната етничка припадност или попреченост. Овие предизвици нè засегаат сите нас, но најстрашно ги погодуваат најранливите деца. Оваа недела, УНИЦЕФ започна нова студија за мултидимензионалната детска сиромаштија во Северна Македонија, истакнувајќи дека лишеноста од образование, ран детски развој, исхрана, безбедност, љубов и грижа се меѓу првите пет фактори што придонесуваат за мултидимензионалната детска сиромаштија, додаваат од УНИЦЕФ.

Во соопштението се наведува дека инвестициите за унапредување на квалитетно и инклузивно образование, проширување на пристапот до предучилишно образование и основни услуги на социјална и детска заштита, поддршка на менталното здравје и воведување нови услуги и програми за поддршка на родителите, за секое дете да расте во грижлива семејна средина, обезбедување фер систем на правда за децата, мора да се гледаат како инвестиции за решавање на детската сиромаштија и изградба на посветла иднина за сите граѓани на земјата.

Сега, повеќе од кога и да е, нѝ треба акција за секое дете да има подобро детство, иднина и праведна шанса. Исто како што повторно се кренавме од урнатините на Втората светска војна, нашата цел денес останува да обезбедиме закрепнување од пандемијата, ставајќи приоритет врз инвестициите за децата, порачаа од УНИЦЕФ.

Првата помош што УНИЦЕФ ја реализираше, се случи во август 1947 година, токму за децата од земјава, во рамки на Југославија. Беа донирани облека, чевли, сапун и други неопходни материјали. Во педесетите години, УНИЦЕФ соработуваше со Владата за подобрување на снабдувањето со млеко. УНИЦЕФ увезе опрема за поддршка на националниот план за конзервирање на млекото, со што, над 800.000 деца и мајки добиваа безбедно, здраво млеко, бесплатно или по многу ниска цена.

Во 1957 година, УНИЦЕФ започна иницијатива за формирање на националниот Завод за здравствена заштита на мајки и деца во Скопје. Во тоа време, стапката на детска смртност изнесуваше дури 138,6 на 1.000 живородени деца. Во 1963 година, УНИЦЕФ ги поддржа напорите за помош по трагичниот земјотрес во Скопје. Од 1993 година, кога отвори канцеларија во земјата откако таа стана независна држава, УНИЦЕФ отсекогаш беше меѓу првите што обезбедуваа поддршка за децата во време на криза и работеше со партнерите за секое дете да ги ужива сите права.

Додека соработуваат со владите, дарителите и другите организации, за да го преосмислат заедничкиот пат во следните 75 години, од УНИЦЕФ порачаа дека децата мора да бидат на прво место за инвестиции и акција.

деца Јубилеј Македонија Организација УНИЦЕФ Формирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
shortcut
ФОКУС
August 4, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

ВЕСТИ August 4, 2026

Украина отвори ново поглавје во развојот на модерното војување со спроведување на првата позната борбена…

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.