Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Застојот во работата на Заедничката експертска македонско-бугарска историска комисија датира од октомври 2019 година, со донесувањето на „Рамковната позиција“ на Бугарија за старт на преговорите со Северна Македонија, вели копретседателот од македонскиот тим, Драги Ѓоргиев. Ѓоргиев во изјава за ТВ Телма, по одржувањето на 16. средба на Комисијата за историски прашања која заврши попладнево без успех, подвлече и дека работата на Комисијата е апсолутно надвор од секакви политички влијанија. Застојот во работата на Комисијата настана во октомври 2019 година кога веќе почнаа да се усвојуваат разни декларации и рамковни позиции во Собранието, пред сè, на Република Бугарија и кога Бугарија…
Претседателот на бугарскиот тим од Заедничката историска комисија меѓу Бугарија и Северна Македонија, Ангел Димитров, денеска на брифинг во бугарското Министерство за надворешни работи изјави дека дводневната средба на Комисијата завршила без резултати. Тој, како што јави дописникот на МИА од Софија, информира дека членовите на Комисијата на средбата успеале да го усогласат записникот од 12. состанок што се одржа на почетокот на 2021 година, во што, според него, има симболика. На денешната, како што оцени Димитров, „неплодна средба“ историчарите зборувале за цар Самуил, посочувајќи дека сè уште „се заглавени во 10. и 11. век“. Димитров додаде дека стравува оти работата…
Остануваат разликите во пристапот и разбирањето на улогата на историјата и историското образование во современите општества и градењето на добри односи ослободени од политизирање на историјата меѓу македонските и бугарските историчари, се наведува во соопштението по завршување на дводневната 16. редовна средба на Заедничката мултидсциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања што се одржа во онлајн формат. Како што наведуваат од Министерството за надворешни работи (МНР), во текот на двата дена членовите на Комисијата повторно дискутирале по забелешките за учебниците по историја, при што биле соочени концептот на мултиперспективност, наспроти исклучивиот пристап. Пристапот кој се заснова на позитивните европски…
Парламентот на Ерменија денеска усвои закон кој им овозможува на работодавачите да отпуштаат работници кои одбиваат да дадат доказ за вакцинација против ковид-19 или негативен резултат од тест. Новото правило следува по наредбата на Министерството за здравство од август со која од ерменските граѓани се бара да достават доказ за вакцинација или негативен ПЦР тест на секои две недели на своите работодавачи или ќе бидат казнети. Доколку работникот не достави потврда за вакцинација или негативен тест за ковид-19, работодавачот има право да го отстрани од работа, да му ја суспендира платата и да го отпушти доколку отсуствува 10 работни дена…
Франција планира да инвестира осум милијарди евра во заеднички европски инвестициски проекти во секторите на полупроводници, батерии, водород и здравство, изјави денеска министерот за финансии Бруно ле Мер. Европската Комисија (ЕК) ги олесни инаку строгите регулативи за државна помош за проекти од заеднички европски интерес во кои се вклучени повеќе земји-членки и ја поддржуваат европската стратегија во областа на енергетиката и дигиталната транзиција. Франција ќе инвестира вкупно осум милијарди евра во заеднички европски проекти кои ќе нѝ овозможат да се натпреваруваме со најдобрите технолошки стандарди ширум светот, особено со Кина и со САД, рече Ле Мер на прес-конференција. Презентирајќи ги…
Италијанската фудбалска федерација објави дека градот Палермо е избран за домаќин на полуфиналниот дуел од мундијалскиот бараж против македонската фудбалска репрезентација во договор со селекторот Роберто Манчини. Македонските фудбалери на 24 март ќе му гостуваат на европскиот првак на стадионот „Барбера“ со капацитет од 36.000 гледачи. „Одлуката да се игра во Палермо ја донесовме заедно со селекторот Роберто Манчини, а со тоа сакаме да избегнеме непотребно да се сврти вниманието поврзано со успехот постигнат на ЕП 2020. Сакаме да свртиме нов лист, а успехот на ЕП 2020 не смее да биде товар за екипата. Мораме да се насочиме кон иднината…
Двата гола што во четвртокот ги постигна за Наполи за пласман во нокаут фазата беа доволна препорака за УЕФА да го прогласи македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас за играч на послендото коло од групната фаза во Лига Европа (ЛЕ). Елмас беше двоен стрелец во триумфот на Наполи на домашен терен над Лестер од 3:2 со кој италијанскиот тим заврши како второпласиран во групата Ц и се пласира во шеснаесетфиналето во второто по ранг европско клупско натпреварување. Елмас ја заврши групната фаза во ЛЕ со вкупно четири постигнати голови, откако претходно постигна по еден гол во двата дуела на наполитанците против…
Министерот за здравство Венко Филипче посочи дека, веднаш по изборот на новата Влада, ќе се врати на својата основна професија на Клиниката за неврохирургија. Ова беше едно големо искуство, но доста е од политика. Веднаш по завршување на владината реконструкција, се враќам на мојата основна професија како неврохрируг во Клиничкиот Центар, рече денеска Филипче во изјава за ТВ 24. Прашан дали размислува за амбасадроско место или друг анкажман во политиката, тој посочи дека такво нешто не е опција. „Засега не размислувам во таа насока. Сметам дека најмногу можам да придонесам во здравство преку мојата професија“, одговори министерот Филипче.
Северна Македонија и регионот се дел од стариот континент и, иако сé уште не сме дел од Европската Унија (ЕУ), борбата за обединета, прогресивна Европа е наша заедничка борба, при што во Германија гледаме како на столб, како сила што влече кон добро и како на исклучително важен партнер – и политички и економски, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на средба со новата германска државна министерка за Европа, Ана Лирман. Вицепремиерот Димитров, кој беше прв странски гостин на Лирман по нејзиното стапување на должноста, на средбата детално ги претстави достигнувањата и предизвиците на Северна Македонија на патот…
Двајцата новинари, кои ја понесоа Нобеловата награда за мир за 2021 година, по денепната церемонија во Норвешка изјавија дека на светот му е потребно независно известување за да се спротивстави на моќта на авторитарните влади. Марија Реса од Филипини и нејзиниот колега Дмитриј Муратов од Русија ги одржаа своите нобелови предавања во Градското собрание во Осло. Нобеловиот комитет на Норвешка им ја додели награда за мир за оваа година за нивната борба за слобода на изразување во земјите каде што новинарите се соочуваат со постојани напади, малтретирања и убиства. Да, ‘ржиме и гриземе. Да, имаме остри заби и силен стисок.…
На почетокот на оваа година, ЕУ и Бразил промовираа нов кабел со оптички влакна за побрз и побезбеден пренос на терабајти на податоци меѓу нашите два континента. Ова им помага на научниците во Европа и во Латинска Америка да работат заедно на прашања од климатско моделирање до ублажување на катастрофи. Кабелот започнува во ЕУ, каде што Општата регулатива за заштита на податоците на ЕУ (ОРЗП) стана златен стандард за заштита на податоците, а завршува во Бразил, кој неодамна воведе сличен закон. Кабелот поврзува два континента, градејќи економија на податоци што ја почитува приватноста на своите граѓани. Вака Европа пристапува кон…
Слободата на медиумите, меѓу другото, беше цел на напади низ светот во 2021 година, се наведува во новиот извештај на Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ), објавен денеска. ИФЈ наведува дека во текот на 2021 година, вкупно 365 новинари се нашле зад решетки, во споредба со 235 претходната година. Светот треба да се разбуди поради зголеменото кршење на правата на новинарите и медиумските слободи глобално, изјави генералниот секретар на ИФЈ, Ентони Беленгер. Извештајот е објавен во пресрет на одбележувањето на Денот на човековите права. Во затвор се наоѓаат 102 новинари во Кина, 34 во Турција, 29 во Белорусија и Еритреја, 27…