Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Франција ќе инвестира осум милијарди евра во заеднички европски проекти

0
By Sashko on December 10, 2021 СВЕТ
Фото: archyde.com/reuters
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 10, 2021 17:28

Франција планира да инвестира осум милијарди евра во заеднички европски инвестициски проекти во секторите на полупроводници, батерии, водород и здравство, изјави денеска министерот за финансии Бруно ле Мер. Европската Комисија (ЕК) ги олесни инаку строгите регулативи за државна помош за проекти од заеднички европски интерес во кои се вклучени повеќе земји-членки и ја поддржуваат европската стратегија во областа на енергетиката и дигиталната транзиција.

Франција ќе инвестира вкупно осум милијарди евра во заеднички европски проекти кои ќе нѝ овозможат да се натпреваруваме со најдобрите технолошки стандарди ширум светот, особено со Кина и со САД, рече Ле Мер на прес-конференција.

Презентирајќи ги приоритетите на шестмесечното француско претседавање со ЕУ, Ле Мер рече дека Франција издвоила 1,5 милијарди евра за постоечките важни проекти од заеднички европски интерес во производството на батерии за автомобили.

Парите ќе овозможат отворање на 2.000 работни места во фабрика за батерии во Франција. Париз најави и 1,7 милијарди евра за производство на полупроводници, чиј недостиг ги погодува компаниите ширум светот, особено производителите на автомобили во периодот на закрепнување на побарувачката по кризата со коронавирусот.

Инвестицијата ќе му помогне на француско-италијанскиот производител на полупроводници STMicroelectonics да го зголеми неделното производство од 6.800 на 8.000 чипови во фабриката во Крол во југоисточна Франција.

За заеднички водородни проекти ќе бидат обезбедени три милијарди евра, преку 15 европски проекти од кои ќе имаат корист француските компании, вклучително и хемиската групација „Аркему“, производителот на автомобили Рено, производителот на автоделови „Фауресија“, „Пластик Омниум“, компанијата за водород „Мекфи“ и индустриската гасна група „Ер Ликвид“.

Во здравствениот сектор, Париз ќе насочи 1,5 милијарди евра за развој на биотерапија и ќе го зголеми производствениот капацитет за да се избегне зависност од неевропски добавувачи.

„Дополнително се издвоени 300 милиони евра за складирање на податоци во француски или европски облак на мрежи, во корист на француските групи ОВХ, АТОС и Оранж, нагласи министерот Ле Мер.

Бруно ле Мер инвестиции проекти Свет Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.