Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Кина упати остри критики кон земјите што се приклучија на дипломатскиот бојкот на Зимски олимписки игри во Пекинг во февруари и истакна дека многумина политичари, секако, не би биле поканети, јави агенцијата ДПА. САД во понеделникот објавија дека ниту еден функционер нема да патува на Игрите во знак на протест поради наводите за прекршувања на човековите права од страна на Кина. Австралија, Велика Британија и Канада се приклучија на дипломатскиот бојкот, што не значи дека спортистите нема да учествуваат на ЗОИ. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин денеска во Пекинг изјави дека четирите земји „ќе платат цена…
Претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас изјави дека е сосема реално опозицијата да добие повеќе гласови на парламентарните избори од листата на Српската напредна партија (СНС), да победи во Белград и кандидатот на опозицијата да влезе во вториот круг од претседателските избори, јави дописникот на МИА од Белград. Тоа го покажуваат сите истражувања што ги правиме повеќе од една година, но и разговорите со луѓето ширум Србија, изјави Ѓилас за новиот број на неделникот НИН. Како што истакна, „со целата кампања која, секако, остава последици, јас сум апсолутно убеден дека по април ќе имаме поинаква Србија“.…
Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба денеска изјави дека многу руски војници ќе загинат доколку Русија изврши инвазија на неговата земја. САД и нивните сојузници можат економски да ја нападнат Русија. Ние ќе се бориме на земја. Жал ми е што го кажувам ова, но ќе има многу убиени руски војници. Се надеваме дека претседателот Путин не сака тоа да се случи, рече Кулеба за време на неговата официјална посета на Велика Британија. Шефот на украинската дипломатија изјави дека работи со сојузниците, како САД и Велика Британија, за начините како да се одбрани од Кремљ, но јасно стави до знаење…
Преговарачите на државите членки и Европскиот парламент денеска постигнаа договор за новата Уредба за роаминг, што го продолжува сегашниот систем за користење на мобилни телефони во странство без дополнителни давачки до 2032 година. Сегашната уредба важи до 30 јуни 2022 година, а новата го продолжува системот без наплата на роамингот за следните десет години. Договорот сега треба и формално да биде ратификуван од Советот и Парламентот. Уредбата за таканаречениот „роаминг како од дома“ се применува од 15 јуни 2017 година, а во него цените за роаминг се одредуваат врз основа на националните цени. Тоа значи дека секој клиент во роаминг…
Италијанскиот регулатор за конкуренција на пазарот денеска ја информира јавноста дека го казнил американскиот онлајн малопродажен гигант „Амазон“ со 1,13 милијарди евра поради злоупотреба на доминантната позиција на пазарот. „Амазон“ ѝ наштети на конкуренцијата во логистичките услуги во интернет трговијата, соопшти италијанскиот регулатор. „Амазон“ има доминантна позиција на италијанскиот пазар на посреднички услуги и тоа го искористи за меѓу трговците на платформата Amazon.it да ја фаворизира својата логистичка услуга „Fulfillment by Amazon“ (FBA), на штета на логистичките услуги на конкуренцијата, посочија тие. Компанијата поради тоа е казнета со 1,13 милијарди евра, а регулаторот најави дека ќе и пропише и корективни…
Основачот на Мајкрософт, Бил Гејт го нарече „загрижувачки“ новиот омикрон сој на коронавирусот, но додаде дека „акутната“ фаза на пандемијата ќе заврши во 2022 година. Можеби е глупаво повторно да се предвидуваат работите, но мислам дека акутната фаза на пандемијата ќе заврши во одреден момент во 2022 година. Се надевам дека во иднина за вирусот ќе размислувате само еднаш годишно и тоа наесен додека примате заедничка вакцина против грип и коронавирус, напиша Гејтс на својот блог, пренесе „Раша Тудеј“. Фармацевтските компании и во историјата имале големи проблеми со продажбата на своите вакцини против грип, поради нивната релативно ниска стапка на…
Агенцијата на Обединетите нации (ОН) за деца (УНИЦЕФ) состојбата со ковид-19 ја опиша како најтешка криза во 75-годишната историја на таа организација. Во денеска објавениот извештај, УНИЦЕФ наведе дека ковид-19 го загрозил повеќедеценискиот напредок во однос на клучните прашања кои ги загрозуваат детствата на децата во светот, како што се сиромаштија, пристап до образование, неухранетост и душевна благосостојба. Извршната директорка Хенриета Форе рече дека негативното влијание од ковид-19 продолжува да се продлабочува, зголемувајќи ја сиромаштијата, нееднаквоста и загрозувајќи ги детските права. Како што се зголемува бројот на гладни деца, деца кои не одат на училиште, кои се малтретирани, живеат во сиромаштија…
Кина го одобри лекот за третман на заболени од ковид-19, соопшти денеска Кинеската агенција за лекови. За разлика од превентивната вакцина, третманот со лекот е наменет за избегнување на компликации кај инфицираните. Кинеската агенција за лекови јави дека дава „итно одобрение“ за кинескиот третман против ковид-19. Лекот се заснова на моноклонални антитела кои се врзуваат за шилестиот протеин на коронавирусот, намалувајќи ја неговата способност да навлезе во клетките. Клиничките испитувања покажуваат дека лекот го намалува ризикот од хоспитализација и смрт на пациенти кои може да развијат потешка форма на ковид-19. Во Кина, која дозволува употреба само на домашни вакцини, вакцинирани…
За време на синоќешната расправа за буџетот на Министерството за внатрешни работи на Турција, дојде до тепачка меѓу пратениците на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП). Пратеникот на ЦХП му се обрати на министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу и го праша за Сезгин Баран Коркмаз, бизнисмен кој моментно е во затвор во Австрија и се соочува со бројни обвиненија во Турција и во САД, вклучително и за перење пари, за поткуп и за измама. Шефот на пратеничката група на ЦХП, Еркан Ајдин, го праша Сојлу: Зошто се качивте во авионот на Сезгин…
Само 14 отсто од Европејците сакаат да се вратат во канцеларија по пандемијата и да работат од 9 до 17 часот, а повеќе од пола велат дека се попродуктивни додека работат од дома, се наведува во анкетата што е објавена денеска. Но, и „хибридната работа“, што е микс од работа од дома и од канцеларија, исто така, има свои недостатоци, а повеќе од една четвртина од испитаниците веруваат дека работат постојано или работат до доцна во ноќта, според истражувањето нарачано од „Самсунг Електроникс“ и „Фјучр Лаборатори“. Истражувањето опфатило 14.000 лица ширум Европа и покажа дека 83 отсто од вработените бараат…
Панел-дискусија „Истанбулската конвенција и новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените – што ќе се промени во пристапот“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во соработка со Британската амбасада. Со панел-дискусијата ќе биде означен почетокот на проектот „Спречување и заштита од родово базирано насилство во Северна Македонија“, финансиран од Британската амбасада во Скопје, што го спроведува УНФПА. Целта е да се поддржи Владата на Северна Македонија на ниво на целата држава да ги опфати и да почне со имплементација на интегрирани политики за родово…
Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на пленарната сесија на Самитот за демократија во организација на првиот човек на САД, Џо Бајден. На дводневниот самит ќе учествуваат шефови на држави и влади, владини претставници, претставници на меѓународни и граѓански организации, како и од приватниот сектор. Цели на Самитот се поттикнување на заложбите и иницијативите за јакнење на демократијата и одбрана од авторитаризам, борба против корупцијата и промовирање на почитувањето на човековите права, како и претставување на предизвиците со кои се соочува демократијата на глобално ниво и во земјите-учеснички, вклучително и во САД. Обраќањето на претседателот Пендаровски може да…