Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓилас за „НИН“: По април ќе имаме поинаква Србија, победата на опозицијата е сосема реална

0
By Sashko on December 9, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 9, 2021 12:25

Претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас изјави дека е сосема реално опозицијата да добие повеќе гласови на парламентарните избори од листата на Српската напредна партија (СНС), да победи во Белград и кандидатот на опозицијата да влезе во вториот круг од претседателските избори, јави дописникот на МИА од Белград.

Тоа го покажуваат сите истражувања што ги правиме повеќе од една година, но и разговорите со луѓето ширум Србија, изјави Ѓилас за новиот број на неделникот НИН.

Како што истакна, „со целата кампања која, секако, остава последици, јас сум апсолутно убеден дека по април ќе имаме поинаква Србија“.

Тој рече дека „секогаш се залагал за единствена листа на сите оние кои на ниту еден начин не соработуваат со Александар Вучиќ“.

На тој принцип се собравме, но има и други такви организации како што се собраните околу зелената агенда. Тие мислат дека треба да одат сами, а јас го почитувам тоа, иако мислам дека е подобро да одиме сите заедно, кажа Ѓилас, потсетувајќи дека групацијата која заедно излегува на избори, вклучително и ССП, испратила покана и до други.

Тој додаде дека „се разговара со угледни и храбри луѓе собрани во Собранието на слободна Србија, сакаме на листата да се најдат и други непартиски личности“, а на прашањето дали ќе биде на изборната листа, тој одговори: „Сакам. Јас сум претседател на најголемата опозициска партија“.

Ѓилас изјави и дека енергијата на протестите не може да се потроши, „таа секогаш некаде останува“.

Саво Манојловиќ започна приказна со својата организација, луѓето излегоа на улица, протестираа, не се плашеа ниту од насилниците, ниту од полицијата. Ниту една политичка организација не треба да се меша во тоа, освен да бидеме присутни како граѓани и на тој начин да придонесеме во борбата за општото добро, посочи Ѓилас.

Според него, луѓето на улица не се само поради Законот за експропријација, туку поради се што се случува, но нема причина ниту една политичка организација да додава какви било барања.

Драган Ѓилас интервју регион Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.