Author: Sashko

Колумбиските власти вчера заплениле 10 тони кокаин од две тајни лаборатории на југозападот на земјата кои, според армијата, припаѓале на герилците на ЕЛН. Ова е најголемата заплена на кокаин годинава, изјави министерот за одбрана, Диего Молано. Дрогата е пронајдена во две лаборатории на Ослободителната национална армија (ЕЛН) во село во департманот Нарино, што се граничи со Еквадор, а е запленета во заедничка акција на армијата, полицијата и авијацијата. Десет тони значат повеќе од 300 милиони долари што може да ги заработи ELM, група што ги контролирала тие две лаборатории, рече Молано. Обвинителството наведува дека дрогата била складирана и чекала да…

Read More

Афроамериканец на возраст од 62 години, со одлука на судот во американската сојузна држава Мисури, вчера беше ослободен откако невин бил во затвор 43 години поради судска грешка. Затвореникот Кевин Стрикленд (62) во 1979 година бил осуден на доживотен затвор од поротата (инаку составена од белци) за тројно убиство што тој го порекнувал. Ниту еден материјален доказ не го поврзува (Стрикленд) со делото и тој беше осуден исклучиво врз основа на сведочењето на преживеаниот сведок кој подоцна го повлече своето сведочење, истакна во одлуката судијата Џејмс Велш. Притоа, двајца од четворицата сторители на крвавиот напад потврдија дека тој е невин,…

Read More

Во текот на вчерашниот ден, во рамки на сообраќајните контроли на Министерството за внатрешни работи (МВР) на територијата на град Скопје, се изречени вкупно 111 мерки. Како што соопшти МВР, 15 од казните се однесуваат за возење без возачка дозвола, 10 за возење над дозволената брзина, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири за возење под дејство на алкохол. Изречени се прекршочни казни и за 15 пешаци.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Read More

Намалување од 8,9 отсто на бројот на новозаразени од ковид-19 во минатата седмица во споредба со претходната бележи Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во неделниот извештај за состојбата со коронавирусот во земјава. Од 15 до 21 ноември од ковид-19 заболеле 2.929 лица или 288 помалку од периодот меѓу 8 и 14 ноември. Минатата недела се тестирани 19.791 лица, за 7,3 отсто помалку од претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 11,6 до 16,9 отсто, а просечно 14,8. Најмногу новозаразени има во Скопје. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапени се лицата над 60 години (23,3 отсто).…

Read More

Сè уште трае истрагата за несреќата во која загинаа 45 патници, а седум лица се повредени откако македонски автобус се запали на магистралниот пат „Струма“, на потегот Софија – Благоевград. Според првичните информации од истражните органи во Бугарија, во автобусот вкупно имало 52 лица од кои загинаа 45, а седум се хоспитализирани во болницата „Пирогов“ во Софија. Од загинатите, 12 се деца. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски синоќа на прес-конференција истакна дека истрагата за автобуската несреќа ја водат бугарските истражни органи, како и дека е испратен наш тим од МВР да помогне во истрагата. Министерот за транспорт и врски,…

Read More

Нема промена во ставот на Бугарија за почеток на преговорите со Северна Македонија за влез во Европската Унија (ЕУ), објави БНР, јави дописникот на МИА од Софија. Бугарското вето останува, иако, според дипломатски извор, планираниот остар став на Бугарија, кој требало да биде искажан пред Советот за општи работи, не бил изразен поради трагедијата на автопатот „Струма“. Постојаниот претставник на Бугарија во ЕУ, Румен Александров, најпрвин изразил длабоко сочувство за инцидентот во кој загинаа 45 македонски граѓани и истакнал дека Северна Македонија сè уште не ги исполнува критериумите за одржување на првата меѓувладина конференција. Тој додал дека Бугарија во последните…

Read More

Втор ден на жалост во земјава по вчерашната сообраќајна несреќа на автобус со македонски регистарски таблички во Бугарија во која загинаа 45 патници, а седум се повредени. Владата вчера прогласи тридневна жалост на територија на целата држава за жртвите од трагичната сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“. За време на деновите на жалост, државното знаме на сите институции, како и на дипломатските претставништва на земјава во странство, се истакнати на пола копје, а одложени се сите јавни настани. Ден на жалост за настраданите во автобуската несреќа денеска е прогласен и во Бугарија и во Косово.

Read More

Одлуката за предлог мерките за невакцинирани лица ќе се носи на наредната владина седница, бидејќи вчерашната беше одложена по автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 наши државјани. Со предлог мерките на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести се предвидува сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции, за одење на работно место да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок. Оние кои го прележале вирусот ќе треба да приложат потврда за прележан ковид-19, не постар од…

Read More

Времето во земјава денеска претпладне ќе биде претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен, а попладне слаб ветар од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од еден до седум степени, а максималната ќе достигне од седум до 10 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно. Минималната температура ќе се спушти до три, а максималната ќе достигне 10 степени. Во следните денови ќе се задржи претежно облачно време. Под влијание на влажен бран од петок ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните делови, каде на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег.…

Read More

Во Република Бугарија ќе биде дозволен влез за сите блиски роднини на настраданите лица во тешката сообраќајна несреќа без разлика дали поседуваат документ поврзан за мерките за заштита од пандемијата со ковид-19. Од бугарските погранични органи донесена е одлука за измена на протоколот за влез во Република Бугарија за ковид-19, соопшти Националниот координативен центар за гранично управување.

Read More

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 3.033 нови случаи на ковид-19 од 17.851 тестирано лице. За истиот период се пријавени и 54 починати пациенти, а на респиратори низ српските болници се приклучени 201 лице.

Read More

Хрватска пријави уште 62 смртни случаја на пациенти од ковид-19 за последните 24 часа и нови 4.926 инфекции со вирусот од околу 13.000 тестирани луѓе. Од 30.541 активни инфекции колку што има во земјата, 2.591 лице се наоѓаат во болница од кои 317 се приклучени на респиратор, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита. Досега во Хрватска се регистрирани 576.633 инфекции, а починале 10.438 лица. Нешто над пола (52,55 отсто) од населението, односно 62,74 отсто од возрасните се вакцинирани со најмалку една доза, а целосно се имунизирани 56,16 отсто од возрасните.

Read More