Хрватска пријави уште 62 смртни случаја на пациенти од ковид-19 за последните 24 часа и нови 4.926 инфекции со вирусот од околу 13.000 тестирани луѓе.

Од 30.541 активни инфекции колку што има во земјата, 2.591 лице се наоѓаат во болница од кои 317 се приклучени на респиратор, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Досега во Хрватска се регистрирани 576.633 инфекции, а починале 10.438 лица. Нешто над пола (52,55 отсто) од населението, односно 62,74 отсто од возрасните се вакцинирани со најмалку една доза, а целосно се имунизирани 56,16 отсто од возрасните.