Во текот на вчерашниот ден, во рамки на сообраќајните контроли на Министерството за внатрешни работи (МВР) на територијата на град Скопје, се изречени вкупно 111 мерки.

Како што соопшти МВР, 15 од казните се однесуваат за возење без возачка дозвола, 10 за возење над дозволената брзина, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири за возење под дејство на алкохол. Изречени се прекршочни казни и за 15 пешаци.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.