Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Со новите епидемиолошки мерки што ќе стапат во сила од понеделник, во Црна Гора се забрануваат новогодишни прослави, венчавки на отворено и затворено, како и работа на ноќните клубови, изјави министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ на денешната прес-конференција. Таа рече дека моментните епидемиолошки мерки не се почитуваат или контролираат и дека класично заклучување не е опција бидејќи фокусот е на вакцинацијата, а Црна Гора има доволно вакцини за да ја имунизира целата земја, Владата усвоила построги мерки за борба против коронавирусот што ќе важи од понеделник до 1 декември. Министерката рече дека со новите мерки се забранува организирање на…
Најмалку 12 лица се повредени во друга експлозија што се случи во џамија во Авганистан, објави „Ерусалим пост“. Експлозијата одекнала во провинцијата Нангахар, а сè уште нема информации за можни жртви и штети. Еден од очевидците изјави дека експлозијата се случила околу 13:30 часот по локално време. Според неговото сведочење, експлозивот бил поставен во џамијата неколку часа пред детонацијата. Две силни експлозии се случија во џамии во Авганистан во минатиот месец. Во шиитската џамија во авганистанскиот град Кандахар загинаа околу 32 лица, додека повеќе од 50 беа тешко повредени при детонацијата. Експлозијата се случила за време на петочната молитва. Снимките…
Воениот суд во Мјанмар го осуди американскиот новинар Дени Фенстер на 11 години затвор, јави „Би-Би-Си“. Тој беше прогласен за виновен за кршење на законот за имиграција, незаконско здружување и поттикнување протести против воената хунта. На почетокот на оваа недела, Фенстер беше дополнително обвинет за поттикнување на немири и тероризам, кои предвидуваат максимална казна доживотен затвор. Сè уште не е донесена пресуда за новите обвиненија. Фенстер (37), кој беше главен уредник на веб-страницата Frontier Myanmar, беше приведен на меѓународниот аеродром во Јангон во мај.
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (МСЦ). Епицентарот бил на длабочина од два километра и на 24 километри југоисточно од градот Синџик.
Белоруската државна авиокомпанија „Белавиа“ денеска објави дека, на барање на официјална Анкара, ќе престане да прима патници од Ирак, од Сирија и од Јемен на своите летови од Турција, во време кога мигрантите од Блискиот Исток се обидуваат да ја минат полско-белоруската граница. Европската Унија (ЕУ) тврди дека Белорусија охрабрува илјадници мигранти да се обидат да ја минат границата со Полска и се заканува со нови санкции за Минск и авиокомпаниите што превезуваат мигранти што би можеле да стапат на сила веќе во понеделник. Алијансата ја обвинува Белорусија дека извршила хибриден напад и дека сојузникот на Кремљ предупредил оти кризата…
Група мигранти упаднаа во Полска преку границата со Белорусија, пренесува „Спутник“. Бегалците ја оштетиле оградата од бодликава жица на преминот „Брузги“, а полската полиција го документирала настанот со видео запис. Со извици на бегалците, тие истрчаа кон металната ограда зад се полските безбедносни сили. Според известувачот на белоруското издание на „Спутник“, околу 150-200 мигранти упаднале во Полска. Досега полските безбедносни сили не презеле никакви чекори за да го запрат приливот на бегалци, туку снимаат што се случува. Западните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации во четвртокот ги осудија белоруските акции за време на ескалацијата на мигрантската криза на…
Балтичките земји-членки на Европската унија предупредија на можна воена ескалација на конфликтот поради мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Европската Унија (ЕУ) од Белорусија. Министрите за одбрана на Балтикот предупредија дека „тесните грла на мигрантите, за кои ЕУ вели дека Минск намерно ги создава, се закануваат на голем дел од источното крило на блокот, па дури и може да предизвикаат воен конфликт“, јави агенцијата Фена. Големи групи луѓе се собираат и се транспортираат до граничната област, каде потоа се принудени илегално да ја преминат границата. Ова ја зголемува можноста за провокации и сериозни инциденти кои лесно може да прераснат…
Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство денеска во прес-центарот на МИА ќе ги презентира наодите и заклучоците добиени од вториот извештај за напредокот на Република Северна Македонија при спроведување на активностите предвидени во Националниот Акциски План (2018-2023) за имплементација на Истанбулската Конвенција. Извештајот, како што информираат од Националната мрежа, го опфаќа периодот од ноември 2020 до мај 2021 година и е продолжение на извештајот објавен во декември 2020 година, кој ги опфати првите две години од спроведувањето на НАП-от.
Најниски температури утрово во земјава се измерени во Берово, минус четири степени, во Битола минус два и минус еден степен во Струмица и во Демир Капија. Како што соопшти УХМР, термометарот покажа нула степени во Скопје кај Петровец, во Тетово, во Штип, во Прилеп, во Крива Паланка, еден степен во Куманово, Гевгелија, Дебар и Маврови Анови, итн. Во текот на ноќта и утрово преовладуваше умерено облачно време, со појава на слаба магла по одделни котлини. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје сончево со мала до…
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и заменик началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин денеска во Министерството за одбрана ќе одржат средба со новинари за целосното воено интегрирање на Северна Македонија во НАТО, процес кој ќе заврши со претстојното потпишување на Заедничката декларација за интеграција на Северна Македонија во Алијансата, следната недела. Процесот на воена интеграција на Северна Македонија во НАТО започна по потпишувањето на Протоколот за пристапување на нашата земја во Алијансата. Процесот на воена интеграција го следеше, координираше и имплементираше работна група составена од експерти, која работеше во седум области и тоа: администрација, опремување и модернизација, структура на сили,…
Изложбата „Скопска градска општина“ на авторката Јасмина Дамјановска ќе биде отворена утре во Музејот на град Скопје по повод 13 Ноември – Ден на ослободување на градот Скопје. Изложбата, како што најавуваат организаторите, е замислена како водич низ меморијата што ја има собрано на едно место Државниот архив – Одделение Скопје за постоење и за дејствување на Скопската Општина, но и за трансформацијата што му се случува на градот Скопје со нејзиното конкретно функционирање. Низ 22 паноа и околу 300 документи и фотографии ќе биде претставен периодот од крајот на 19. век, кога функционирала Скопската Турска Општина, потоа Градското поглаварство…
Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој, како што најави министерот за здравство, Венко Филипче ќе бидат слушнати предлозите и согледувањата по последните анализи на состојбата со ковид-19 во државава. Епидемиолошката состојба во земјава бележи зголемување на новодијагностицирани со ковид-19, почнувајќи во периодот од пред две недели. Анализите покажуваат дека процентот на нови случаи и минатата недела во однос на претходната е зголемен за 25 проценти. Расте и Р0 факторот на преносливост од 1,05 на 1,14, што е јасен индикатор дека сега ќе има промена на релативно стабилната епидемиолошка состојба што ја имавме во претходниот долг временски…