Воениот суд во Мјанмар го осуди американскиот новинар Дени Фенстер на 11 години затвор, јави „Би-Би-Си“. Тој беше прогласен за виновен за кршење на законот за имиграција, незаконско здружување и поттикнување протести против воената хунта.

На почетокот на оваа недела, Фенстер беше дополнително обвинет за поттикнување на немири и тероризам, кои предвидуваат максимална казна доживотен затвор.

Сè уште не е донесена пресуда за новите обвиненија. Фенстер (37), кој беше главен уредник на веб-страницата Frontier Myanmar, беше приведен на меѓународниот аеродром во Јангон во мај.