Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предупредување од Балтикот: Можен е воен конфликт на границата со Белорусија

0
By Sashko on November 12, 2021 СВЕТ
Фото: bnn-news.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 12, 2021 09:08

Балтичките земји-членки на Европската унија предупредија на можна воена ескалација на конфликтот поради мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Европската Унија (ЕУ) од Белорусија.

Министрите за одбрана на Балтикот предупредија дека „тесните грла на мигрантите, за кои ЕУ вели дека Минск намерно ги создава, се закануваат на голем дел од источното крило на блокот, па дури и може да предизвикаат воен конфликт“, јави агенцијата Фена.

Големи групи луѓе се собираат и се транспортираат до граничната област, каде потоа се принудени илегално да ја преминат границата. Ова ја зголемува можноста за провокации и сериозни инциденти кои лесно може да прераснат во воен конфликт, напишаа во заедничка изјава Кале Лаанет од Естонија, Артис Пабрикс од Летонија и Арвидас Анусаускас од Литванија.

Тие ја осудија „намерната ескалација на сегашниот хибриден напад од белорускиот режим“. Нагласувајќи ја билатералната поддршка на нивните земји за Полска, министрите, исто така, ја повикаа ЕУ „да ја зголеми својата поддршка за подобрување на безбедноста на нејзините надворешни граници“.

Стотици мигранти, меѓу кои и многу деца, живеат на отворено на многу ниски температури долж западната граница на Белорусија со ЕУ. Некои имаат шатори, други се засолнуваат само во блиската шума.

Мигрантите, главно од Блискиот Исток, сега се наоѓаат во ќорсокак меѓу авторитарниот режим на белорускиот лидер Александар Лукашенко, кој беше обвинет дека им помогнал да стигнат до граничната област, и полските власти, кои одбиваат да ги пуштат на територијата на ЕУ.

балтички земји Белорусија воен конфликт граница Мигранти предупредување Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.