Author: Sashko

Во Собранието сè уште не е доставена оставката на премиерот Зоран Заев, потврдија собраниските служби. Претседателот на СДСМ и премиер на 31 октомври поднесе оставка од двете функции по завршувањето на вториот круг од Локалните избори. Ја преземам одговорноста врз себе за лошите резултати од овие избори, рече Заев и додаде дека останува дел од партијата. Коалициските партнери на премиерот Заев се против неговата оставка и против ново парламентарно мнозинство. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција најави дека до понеделник ќе чекаат премиерот Зоран Заев да ја достави оставката до Собранието. Ако тоа не се случи, најави дека…

Read More

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс изнесе застрашувачко предвидување за светот и она што претстои. Тој нагласи дека светот мора да се подготви не само за нови пандемии, туку и за можни терористички напади со употреба на биолошко оружје. Според него, тие можат да бидат уште поопасни од ширењето на ковид-19. Гејтс во интервју за британската организација „Policy Exchange“ истакна дека милијарди долари треба да се потрошат за истражувања на епидемиолошката безбедност и развој на специфични механизми за борба против инфективните болести и за спротивставување на новите закани кон човештвото. Тој ја повика Светската здравствена организација (СЗО) да формира посебна работна…

Read More

Христијан Мицкоски потврди дека го интересира само власт, по секоја цена, и дека не станува збор за никаква политичка идеја, нема никакви вредности, нема платформа, се вели во соопштението на СДСМ како реакција на денешната прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој повтори дека има парламентно мнозинство и дека ќе се обиде да формира, како што нагласи, влада со полна ефикасност или во спротивно ќе бара организирање на брзи предвремени избори. Народот денеска слушна од Мицкоски дека целта му била да руши Влада со политичка партија која е дел од актуелната влада – БЕСА, дека земјата ќе ја носел напред ама…

Read More

Познатиот пејач Маринко Роквиќ (68) почина денеска во Белград. По тој повид се огласи и неговата фамилија и откри дека пејачот се борел со тешката болест – рак на панкреасот. Со голема тага ја информираме јавноста дека утрово почина нашиот сакан сопруг, брат, татко и дедо Маринко Роквиќ по тешката борба со канцер на панкреасот, се вели во дел од соопштението на фамилијата Роквиќ. Маринко Роквиќ е роден на 27 јануари во 1954 година во Босански Петровац.

Read More

Локалните избори дојдоа како еден вид на референдум за оваа влада и нејзините политики. Очекувањата на народот се изневерени и оваа влада на чело со Зоран Заев, која владее со пазарења и измами, мора да падне, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција на која повтори дека е обебзедено ново парламентарно мнозинство со најмалку 61 пратеник и во кое, покрај најголемата опозициска партија, според него, се и Беса, Алијанса на Албанците, Левица и Алтернатива. Влегуваме храбро и на страна на народот. Затоа и по локалните избори тргнав по создавање на ново парламентарно мнозинство, а заедничкиот блок на ВМРО-ДПМНЕ,…

Read More

На магистралниот пат Скопје – граничен премин Долно Блаце вчера се случила сообраќајна несреќа меѓу две патнички и едно товарно возило, при што едно лице се здобило со тешки телесни повреди. Како што информираат од МВР, станува збор за патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К. (44) од Скопје, патничко  возило „сеат алхамбра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А. (40) од Скопје и товарно возило влекач „волво“, со косовски национални ознаки, со полуприколка, управувано од С.Е. (49) од скопското село Страчинци. Во несреќата И.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум…

Read More

Припадниците на униформираната полиција и други единици во Министерството за внатрешни работи (МВР) добија нови униформи кои денеска беа промовирани во кругот на МВР. Поточно, како што соопштија од МВР, набавени се 10.000 зимски јакни и 8.550 високи специјални чизми чија испорака се очекува на почеток на следната година. Исто така, и 20.000 летни и зимски панталони, 10.000 чевли со дебел ѓон, како и 20.000 летни и зимски капи со испорака во текот на следниот месец. Испорачани се 10.000 кошули со кратки ракави и 10.000 со долги, 8.000 поло маички, 10.000 полувисоки чевли и 8.000 чевли со тенок ѓон и…

Read More

Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) се огласи со ново соопштение во кое се наведува дека РЕК Битола во моментот работи со еден блок, а од наредната недела во функција ќе бидат ставени два и ги демантира шпекулациите што се појавија во јавноста за нестручно и несовесно работење и оперирање како причина за синоќешниот пожар во Комбинатот. Саниран е пожарот кој изби синоќа во РЕК Битола и на местото се врши увид од страна на стручни екипи од АД ЕСМ за утврдување на причините. Пожарот почна на еден од изолаторите на надворешниот трансформатор на Блок 3 и со брза интервенција на…

Read More

Ова е уште еден голем театар на тие што немаат моќ да ги предводат политичките процеси во државава, посочува лидерот на ДПА, Мендух Тачи коментирајќи ја објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека заедно со пратениците од Алијанса за Албанците/Алтернатива, БЕСА и Левица формирал ново парламентарно мнозинство. Ова е уште еден голем театар на тие што реално немаат моќ да ги предводат политичките процеси во државава. Вчерашните актери што ги видовме на фотографијата со Мицкоски само му ги местат коцките на Заев. Можеби несвесно, но му прават платформа за негов камбек. Следната влада ќе биде на чело со Заев,…

Read More

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Северна Македонија на „ББ +“ со негативен изглед. Во извештајот се нотира дека потврдениот рејтинг во услови на пандемија е резултат на спроведувањето добри политики на владеење, развојот на човечкиот капитал, како и кредибилната и кохерентната макроекономска и финансиска политика конзистентна со долго одржуваниот фиксен девизен курс. Агенцијата, како што соопшти Министерството за финансии, предвидува раст на македонската економија од 4,1 отсто во 2021 година и 4,3 отсто во 2022 година, како резултат на поволните економски услови на клучните извозни пазари. Домашната кредитна достапност, континуираниот раст на платите и јавните…

Read More

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ вчера информира дека нејзината антивирусна таблета против ковид-19 ја намалува стапката на хоспитализација и смртност за 89 отсто и бара нејзино итно одобрување. „Фајзер“ ги објави прелиминарните резултати од студијата што беше спроведена на 775 возрасни лица. Пациентите кои го земале лекот „Паксловид“ заедно со друг антивирусен лек имале 89 отсто намалување на комбинираната хоспитализација или стапката на смртност по еден месец. Помалку од еден процент од пациентите кои го земале лекот биле хоспитализирани, а ниту еден од учесниците во студијата не починал. Ретко е да се види лек, кој е 90 отсто ефикасен и кој…

Read More

Најмалку осум лица загинаа, а неколку се повредени на фестивалот „Астроворлд“ во Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, соопштија локалните власти. Противпожарната служба се појави со соопштение неколку часа откако беше пријавено дека на фестивалот има стампедо од луѓе. На лице место се забележани десетици амбулантни возила, здравствени работници и друг персонал, јави локалниот огранок на „Еј-Би-Си“. Противпожарната служба во Хјустон на Твитер соопшти дека нивните екипи се на лице место откако биле информирани за „повеќе повреди на цивили“. Според надлежните од противпожарната служба, врз најмалку две лица била извршена кардиопулмонална реанимација.

Read More